Вработување
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Штип.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 29.202,00 денари
Огласот важи до: 13.10.2023 година
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
- Понуда на депозитни производи
- Промоција и продажба на банкарски производи
- Брз трансфер на пари
- Менувачко работење
- Учество во промотивни кампањи
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
- Со или без работно искуство
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност
- Прецизност во извршување на работните задачи
- Ориентираност кон потребите на клиентите
- Адаптибилност во динамична работна средина
- Комуникациски вештини за работа во тим
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страната на банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx, преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Штип”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:
Банкарски комерцијалист –благајник
Експозитура Штип
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 20.10.2024 година на: [email protected] со назнака за Банкарски комерцијалист за Штип.
Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Раководител на експозитура Скопје
Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Заменик директор во Дирекција Трежри
Скопје
Квалификации:
- Високо стручно образование – Економски факултет;
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
- Да поседува ACI Dealing Certificate;
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office;
- Одлични способности за тимска работа;
- Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
- Познавање на законските прописи кои ја регулираат дејноста.
Твоите професионални активности:
- Ја помага работата на Директорот на дирекцијата при раководење, организирање, координирање и контролирање на работата во Дирекцијата;
- Го воспоставува, координира и следи извршувањето на задачите во рамките на секторите на Дирекција Трежри;
- Обезбедување средства од финансиски институции, анализа и следење на истите;
- Следење на состојбите на денарската и девизните сметки на Банката и соодветна алокација на истите;
- Следење на отворените девизни позиции по валути и склучување на девизни трансакции со цел исполнување на интерните и законските лимити;
- Следење на меѓувалутните односи и информациите на домашниот и меѓународниот девизен пазар и пазарот на пари;
- Тргување на девизен пазар, пазарот на пари и пазарот на капитал согласно доделените задачи, а во рамки на интерните и законските лимити и процедури;
- Работа со инвестициско злато;
- Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Дирекцијата;
- Учествува во работата на органи на Банката согласно Статутот и другите интерни акти на Банката;
- Ги следи дневните движења на ликвидноста, исполнувањето на интерните и законските лимити поврзани со ликвидноста и дава предлози за остварување на поставените цели;
- Учествува во работни групи за креирање и изработка на нови решенија во работењето на Банката;
- Го следи движењето на активата и пасивата на Банката, на редовна основа го известува Директорот за тоа и дава предлози за нивно усогласување;
- Врши следење на постапувањето по дадените препораки од ревизиите и периодично го известува Директорот и надлежните органи на Банката.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
УНИБанка нуди динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Бенефиции:
- Конкурентна плата и бенефиции;
- Политика на наградување преку системот на бонуси;
- Обуки за личен и професионален развој;
- Колективно осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување;
- Спортски активности и настани за дружење.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.10.2024 година.
- Банкипред 2 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 2 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 4 дена
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Банкипред 2 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 6 дена
АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина