Останато
Македонската ИТ-компанија „Аспект“ одбележа три децении софтверска иновација и трансформација на три континенти
„Аспект“, една од водечките компании за развој на софтверски решенија за банки и финансиски институциина домашниот и странски ИКТ-пазар, изминатиот период го прослави својот 30–ти јубилеј. Јубилејот што беше одбележан со настан, на кој истовремено беше промовиран и новиот визуелен идентитет на компанијата, беше повод за собирање голем број клиенти и претставници од ИКТ бизнис-сегментот кај нас, како и многубројни гости – клиенти и соработници од различни делови на светот.
Гостите на настанот имаа можност да присуствуваат на единствено хајтек брендирање, добра музика и специјално дизајнирано мени со коктели и храна, но и да посведочат на богатата историја на компанијата.

„Овие три децении на постојан раст, кои го позиционираа’Аспект‘ како светски реномирана компанија што функционира на три континенти, им ги должиме набеспрекорната поддршка од нашите бизнис-партнери и,несомнено, на безрезервната деноноќна пожртвуваностна нашите вработени. Сигурни сме дека следните децении од нашето успешно работење што ќе бидат во иста, а можеби и во поголема мера, ќе се должат на нашите колеги, кои практично ни се семејство, како и на нашите сегашни и идни соработници“, изјави Горан Шлакески, менаџинг–партнер на „Аспект“.
„Јубилејот на нашата компанија е можеби најважниот момент од нашето работење, рамо до рамо со моментот што го одбележа почетокот на постоењето на ’Аспект‘ во светот на ИКТ-услугите. Патот до овој јубилеј беше исполнет со различни моменти: – и многу победи, но и многу предизвици. Но, токму тие искуства, како и посветеноста на нашите колеги се она што ја направи оваа компанија да работи во ритам на победничка компанија. На сите наши вработени, на нашите партнери и на нашите клиенти им благодариме за сета сила и сета поддршка што ни ги дадоа во изминатите години“,дополни Александар Ивановски, менаџинг–партнер на „Аспект“.

Борче Димовски, менаџинг–партнер на „Аспект“, пак,изјави: „Ја основавме компанијата со скромна визија: да креираме квалитетни продукти и услуги. Се соочивме со многу предизвици, но, од друга страна, искусивме многу успеси и, навистина, многу отворени можности. Во ’Аспект‘ веруваме дека постојаното учење нови нешта нèправи подобри. Во текот на сите овие години се менувавме, ги слушавме потребите на клиентите, ги следевме трендовите и, навистина, го испишавме ова големо поглавје, со постојана трансформација и континуиран раст.“
Новиот визуелен идентитет што беше промовиран на јубилејниот настан ја потврдува успешната приказна на „Аспект“. Новиот имиџ ја пренесува визијата на компанијата – да биде лидер и партнер на своите клиенти, креирајќи единствени вредности и поместувајќи ги границите кон уште попросперитетна иднина.
Во рамките на новиот компаниски визуелен идентитет, промовиран е и новиот слоган на компанијата. „Иновација, трансформација, раст“ е слоганот што уште еднаш ја потврдува мисијата на „Аспект“: да им биде поддршка на своите клиенти во остварувањето на нивните стратешки цели, обезбедувајќи иновативни, флексибилни и интегрирани софтверски решенија.
Останато
Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада
Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.
На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.
Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.
Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.
Бизнис
„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки
Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.
Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.
Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.
Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.
Останато
Лидерите на Г-7 се собираат во Франција: Украина, Иран и вештачката интелигенција во центарот на разговорите
Во францускиот град Евијан-ле-Бен денеска започнува тридневниот Самит на Групата седум најразвиени економии (Г-7), на кој светските лидери ќе разговараат за низа безбедносни, економски и технолошки предизвици.
На состанокот учествуваат претставниците на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а меѓу главните теми се војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, глобалните економски текови и развојот на вештачката интелигенција.
Една од клучните цели на европските сојузници е да се одржи заедничкиот пристап кон поддршката за Украина. Се очекува лидерите да разменат ставови за понатамошната воена и финансиска помош за Киев, како и за можните дипломатски иницијативи поврзани со конфликтот со Русија.
На самитот е најавено учество и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе има средби со дел од лидерите на земјите членки.
Во фокусот ќе биде и неодамнешниот договор меѓу САД и Иран, кој според најавите треба да придонесе за намалување на тензиите во регионот. Лидерите ќе разговараат за неговите потенцијални последици врз безбедноста и енергетските пазари, како и за значењето на повторното отворање на Ормускиот Теснец за глобалната трговија.
Покрај политичките и безбедносните прашања, учесниците ќе дебатираат и за економските нерамнотежи во светот и за потребата од поголема координација во регулирањето и развојот на технологиите базирани на вештачка интелигенција.
На разговорите ќе се приклучат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, со цел да придонесат кон дискусиите за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


