Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Имаш лидерски способности и менаџерски вештини, сакаш предизвици и тимска работа и се идентификуваш со визијата и мисијата на Комерцијална банка АД Скопје.
Комерцијална банка која е финансиска институција со долгогодишна традиција и која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, нуди можност за остварување на твоите професионални цели и амбиции со вработување во Банката.
Аплицирај за:
Работна позиција: Директор на Филијала Куманово
Тип на вработување: На определено време од 24 месеци.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 80.600,00 денари.
Огласот важи до 21.06.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Остварување на стратешките цели на Банката,
- Развивање и унапредување на корпоративните вредности на Банката,
- Спроведување периодични планови, одлуки, насоки и упатства на органите на управување,
- Организирање на работата во Филијалата и во експозитурите во надлежност, како и непосредна контрола над работењето и преземање активности за континуирано унапредување на организацијата и на условите за работа,
- Управување со вработените во Филијалата и во експозитурите во надлежност (делегирање и координирање работни задачи, работна дисциплина, стручно усовршување, едукација, тренинг, мотивација, евалуација на перформансите и сл.),
- Развивање и унапредување на работната средина која овозможува професионален развој на вработените, максимална лична инволвираност и посветеност при извршување на работните задачи, колегијалност и тимски ангажман во постигнувањето на деловните цели на Филијалата.
Потребни квалификации и способности:
- Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
- Работно искуство од најмалку 6 години,
- Пожелно, но не е задолжително искуство од работење во банка во Р Македонија,
- Познавање на прописите од областа на банкарството и/или финансиите,
- Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
- Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
- Менаџерски и лидерски способности,
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти и резултати, способност за тимска работа и професионално однесување,
- Познавање англиски јазик и работа со компјутери.
Придобивки за тебе:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
- Доброволно приватно здравствено осигурување.
Ова е одлична можност за тебе ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.
Пополни ја следната апликација или достави CV на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за избор на Директор на Филијала Куманово”.
Телефон за контакт: (02) 3168-461
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен/а си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Кариера
Оглас за вработување на Самостоен референт во Капитал Банка

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на 1 лице за позицијата Самостоен референт
- Локација Дирекција
- Деловна единица Одделение за сметковоство и известување
- Ги изработува извештаите за работењето на Банката годишно, тромесечно, месечно;
- Изготвува анализи за различни аспекти од работењето на Банката
- Изготвува разни извештаи и индикатори за потребите на Управниот одбор на Банката
- Учествува во изготвувањето на посебните и збирните извештаи на ниво на Банка, како и за потребите на ревизиите на ревизорските куќи и ревизиите на НБРМ
- Ги следи и применува сите прописи и упатства од овој делокруг на работењето
- Изготвува извештаи за финансиско известување кон НБРМ, како и консолидираните извештаи за акционерите на Банката
- Изготвува извештаи за Комисија од Хартии од вредност
- Подготвува и испраќа дневни, декадни, месечни, и годишни извештаи (екстерни и интерни)
- Учествува во изготвување на годишна сметка и нејзино доставување до соодветните институции (Централен регистар на РМ електронски)
- Учествува во изготвување и ажурирање на Политики и процедури за финансиско известување
- Ги изготвува и ажурира сметководствените политики согласно измените и дополните на сметководствените стандарди
- Ги врши сите работи во односите со УЈП, Државен завод за статистика, ПИОМ и ФЗО
- Изработка и анализа на КНБИФО и бруто салдо биланс на ниво на Банка
- Пресметува и книжи амортизација
- Води евиденција на преземените средства по основа на наплата на побарувања, евиденција на златници
- Соработува со државните институции и ги контролира извештаите за нив
- Анализира месечни состојби на билансот на Банката
- Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО (влезни фактури), побарувања од купувачите (излезни фактури), пресметки и плаќања по даноци
- Го води материјалното книговодство – евиденцијата на основни средства, ситен инвентар, (инвентарна книга)
- Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените материјални средства врз основа на побарувања
- Врши контрола и усогласување на сметки од другите организациони единици врзани за пресметка на даноците
- Ги врши врши сите работи окулу пресметките и исплатите на платите
Квалификации
- Работно искуство: Минимум 5 години
- Образование: предност Економски фалкутет
- Активно познавање на Англиски Јазик
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Силна етика
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Напредно користење на MS Office.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected]
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.
Кариера
Оглас за вработување Офис менаџер на Управен одбор во Капитал Банка

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на позицијата Офис менаџер на Управен одбор.
Опис на позицијата
Во потрага сме по организирана, професионална и дискретна личност за позицијата Офис менаџер на Бордот на извршни директори (Управен одбор), која ќе обезбеди целосна административна и логистичка поддршка на Управниот одбор, со акцент на ефикасна организација, доверливост и комуникација.
Клучни одговорности
- Организирање и координација на состаноци на Управниот одбор (агенда, записници, логистичка поддршка)
- Управување со календари и комуникација со членовите на Управниот одбор
- Писмена и усна комуникација со извршниот менаџмент и надворешни заинтересирани страни
- Архивирање и управување со доверливи документи и одлуки
- Организација на службени патувања и протоколарни активности
- Следење и евидентирање на спроведување на заклучоци и задачи од состаноци
Барани квалификации
- Високо образование од економски или правен смер
- Минимум 3 години релевантно работно искуство на слична позиција
- Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
- Познавање на деловен англиски јазик – усмено и писмено (задолжително)
- Организираност, дискреција, внимание на детали и способност за самостојна работа
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.
Кариера
Јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија

Врз основа на член 48 став 2, а во врска со член 49 став 3, член 50 и член 50-а од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21, 74/24 и 16/25), Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија
I.Критериуми за избор
1.Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
– да бидат лица државјани на Република Северна Македонија и да имаат соодветна репутација;
– да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
– да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;
– да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и
– да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.
II.Услови за избор
2.Кандидатите за вицегувернери покрај горенаведените критериуми, треба да ги исполнуваат и следниве услови:
2.1.да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:
– ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
– ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
– ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
– БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
– АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
3.За исполнување на горенаведените критериуми и услови, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија потребно е да достават:
-кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
-потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
-диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице – нотар);
-потврда за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата) издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице – нотар) и
-меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години.
Сите потврди, дипломата или уверението за завршено високо образование меѓународно признатиот сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).
4.Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
5.Изборот на кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
6.Ненавремените и некомплетни пријави и документација нема да бидат разгледувани.
7.Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.
- Банкипред 3 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Продуктипред 3 дена
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
- Банкипред 24 часа
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
- Останатопред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
- Фондовипред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
- Продуктипред 2 месеци
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Продуктипред 1 месец
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Колумнипред 1 недела
Одржливиот развој не е слово на хартија, туку одлуки и активности кои банкарскиот сектор треба да ги направи