Connect with us

Банки

Комерцијална банка ја продолжува поддршката за Економскиот факултет за создавање на успешни млади луѓе

Објавено

на

Продолжува соработката на Комерцијална банка со Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје затоа што заедничка цел е создавање на успешни и амбициозни млади луѓе.

“Денеска ни беше особено задоволство да се дружиме со студентите на Економскиот факултет и да им посакаме успешен почеток на новата академска година, добри оценки и исполнување на нивните очекувања и амбиции.

Со корисен и интересен материјал се погриживме да го поттикнеме интересот на студентите за кариерен развој и да ги мотивираме за стекнување што повеќе знаење и вештини. А, за постигнување на овие цели Комерцијална банка им нуди и Пакет за млади, со бесплатни банкарски услуги за невработени и со атрактивни и поволни услови за вработени млади луѓе што сакаат успешно да стигнат до својата цел.”, велат од Комерцијална банка.

Комерцијална банка го препознава образовниот процес како еден од најзначајните сегменти во општеството и затоа несебично придонесува и помага за подобрување на квалитетот во образованието. Квалитетно образование и стекнувањето корисни и практични вештини се целта на долгогодишната финансиска поддршка од Комерцијална банка за Економскиот факултет.

Банки

НЛБ Банка донираше 200 компјутери за основните училишта во земјава

Објавено

на

На почетокот на второто полугодие, НЛБ Банка донираше 200 компјутери на основни училишта ширум Македонија, како дел од иницијативата за поддршка на дигитализацијата на образованието. Со оваа донација, Банката има за цел да го олесни пристапот на учениците до современите технологии, кои се неопходни за нивниот образовен и личен развој.

Компјутерите ќе им помогнат на учениците да се подготват за иднината, нудејќи им алатки кои ќе го збогатат нивниот процес на учење“, истакнуваат од НЛБ Банка.

Една од клучните вредности на овој проект е промоцијата на одржливоста и повторната употреба на опремата. Компјутерите, кои претходно ѝ служеа на Банката, се надградени и дополнети со нови монитори, тастатури и глувчиња. Со тоа, не само што се продолжува животниот век на уредите, туку и се намалува електронскиот отпад, што е значаен придонес кон заштитата на животната средина.

Со оваа иницијатива покажуваме дека со внимателно планирање и инвестиции во образованието можеме да постигнеме многу – и за децата и за животната средина“, додаваат од Банката.

Донацијата претставува дел од пошироките активности на НЛБ Банка за поддршка на образованата инфраструктура и поттикнување на дигиталната инклузија. Со вложување во вакви проекти, Банката демонстрира посветеност кон подобрување на општеството и создавање подобри услови за идните генерации.

Веруваме дека образованието и технологијата се клучни двигатели на позитивни промени. Наша цел е да ја поддржиме дигиталната трансформација и да ги инспирираме учениците да ги искористат можностите кои ги нуди современиот свет“, истакнаа од НЛБ Банка.

НЛБ Банка останува посветена на иницијативи кои промовираат одржливи решенија и позитивно влијание врз заедницата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е добитник на две награди од Global Banking & Finance Awards за 2024 година, кои ја потврдуваат нејзината посветеност на иновативноста, квалитетот и општествената одговорност.

Признанието „Најдобра банка за население во Македонија 2024“ е потврда за водечката позиција на Халкбанк во обезбедувањето современи и високо квалитетни услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите и кореспондираат со најновите банкарски трендови, овозможувајќи им брз, сигурен и лесен пристап до финансиски производи и услуги што го олеснува нивното секојдневие.

Во исто време, наградата „Најдобра банка за општествена одговорност во Македонија 2024“ ја истакнува улогата на Халкбанк како лидер во промовирањето корпоративна општествена одговорност преку поддршка на заедницата, иницијативи за одржлив развој и позитивно влијание врз општеството.

Халкбанк АД Скопје продолжува со својата мисија да биде доверлив партнер на клиентите и општеството, градејќи силни темели за одржлив раст и развој.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка 15 години е партнер на Црвениот крст за помош на децата и младите со попреченост

Објавено

на

Комерцијална банка со гордост го одбележува 15-годишното партнерство со Црвениот крст на Република Македонија – соработка која претставува симбол на заедничка посветеност за поддршка на најранливите категории во општеството.

Како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки семејства”, Комерцијална банка обезбедува финансиска поддршка за поквалитетен животот на над 300 деца и млади во земјава.

„Нашата поддршка е дел од нашата посветеност за создавање инклузивно општество, каде секое дете има можност за подобра иднина. Преку овој проект придонесуваме за: поттикнување на социјалната интеграција на децата и младите со попреченост, поддршка за обезбедување стабилна средина за развој на децата со попреченост, и подобрување на психо-социјалната благосостојба на децата и на нивните семејства.

Со ваквите иницијативи промовираме вредности во општеството, како емпатија, грижа и солидарност. Нашата соработка со Црвениот крст ги рефлектира нашата стратегија за општествена одговорност, која ја негуваме веќе 70 години, и нашата желба да бидеме активен партнер во градењето подобра иднина за сите”, велат од Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Популарно