Connect with us

Останато

Женски економски форум – Балкан 2024

Објавено

на

Во Скопје денеска и утре ќе се одржува Eкономскиот форум на жени лидерки – Балкан 2024.

Преку панелни дискусии и дебати, докажани лидерки и лидери од Португалија, Индија, Египет, Турција, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе разменат идеи и ќе споделат најдобри практики за справување со заедничките предизвици.

Најавено е учество на 270 лидери, претприемачи, активисти, истражувачи и академици, а целта на Форумот е да ја унапреди позицијата на жените во современото општество, особено во делот на економското јакнење, намалување на родовите нееднаквости и поттикнување женско лидерство.

 Форумот има ротирачка база и седиштето се менува на секои две години во различна земја од Западен Балкан.

Го организира Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 МилионНа денешното отворање е предвидено да се обрати претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а воведни обраќања ќе имаат и Ленка Угриновска, претседателка на ЕЛИТ и претседавачка со Г100 за Северна Македонија, Македонка Димитрова, претседателка на Организацискиот одбор на ВЕФ Балкан 2024 и претседателка на Институтот за одржливост ЕКОС, како и Линда Переира, глобална претседавачка на Г100 Крилото за комуникација, застапување и посредување од Португалија.

 Потоа, според програмата, следува говор на тема „Зајакнување на жените во бизнисите за долготрајни позитивни промени“ по кој се предвидени три панели: „Интегрирање на одржливост во бизнисите преку ESG известување“, „Исчекор напред со жените во СТЕМ професии“ и „Креирање на деловен пејзаж за кариерен успех на жените“.

За утре се најавени поздравни говори на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, на гувернерката на Централната банка на Црна Гора и глобална претседавачка за финансиско вклучување и крило за подготвеност на одбори, Ирена П.

Радовиќ, како и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

 Ќе се одржат и панелите: „Платежна рамоправност и обликување на иднината на жените во бизнисот“, „Жените како катализатори на одржлив развој и зелена транзиција“ и „Пристап до финансии и моќ на вмрежување“.

Форумот ќе заврши со состанокот Г100 – Балкан 2024: Интернационализација на бизнисите.

Останато

Објава на Нобеловата награда за економија 2024: Најпрестижната награда во областа на економските науки

Објавено

на

Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија (официјално позната како “Наградата за економски науки во спомен на Алфред Нобел”), што  традиционално се прогласува последна, според програмата на организаторите за 2024 година.

Таа награда е единствената што не била вклучена во тестаментот на шведскиот индустријалец и филантроп Алфред Нобел. Востановена е во негово сеќавање речиси 70 години по другите престижни награди во негово име дури во 1969 година од страна на Шведската централна банка.

Како и останатите Нобелови награди, наградата за економија или поточно наградата за економски науки се доделува од Кралската шведска академија на науките и е најпрестижна награда во областа на економските науки. Секој победник се избира врз основа на нивните извонредни придонеси во теоријата, истражувањата или применетите економски практики.

Продолжи со читање

Останато

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, а се очекува да бидат достапни до Нова година

Објавено

на

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите.

Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.  

„Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година.

Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

„Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година“, рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани.

Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

„Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат“, истакна Димитриеска-Кочовска.

Продолжи со читање

Останато

Девизните резерви на крајот на септември изнесувале 4,4 милијарди евра

Објавено

на

Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,2%) и монетарното злато (11,9%).

Продолжи со читање

Популарно