Connect with us

Лични финансии

Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Објавено

на

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци.

Сајбер нападите се всушност многу чести и нивна најчеста мета се податоците – личните, особено банкарските, кои на „напаѓачите“ можат да им дадат пристап до парични средства и до богата корист.

Електронското банкарство значително ни ја олесни работата при посредување на трансакциите и плаќањата. Со само неколку кликови, сега успеваме да направиме што и да посакаме од каде и да сме, само со вклучување на интернет преку компјутерот или мобилниот телефон. Но, за да бидеме целосно безбедни треба да знаеме и како да се заштитиме. НЛБ Банка ве советува како со следење на само неколку едноставни чекори, можете да бидете сигурни дека вашите податоци се безбедни и дека никој нема пристап до вашата банкарска сметка.

Одберете сигурна и сложена лозинка

Овој совет веројатно го имате прочитано во секоја статија за безбедност на податоците на интернет. А тоа е така бидејќи лозинката е најмоќниот ѕид кој стои помеѓу вас и потенцијалните хакерски напади и закани. Секогаш имајте на ум дека вашата лозинка треба да биде составена од најмалку 8 карактери, да содржи мали и големи букви, а за екстра сигурност добро е да додатете и посебни симболи (!, ?, @, &). Откако ќе ја креирате лозинката, не кажувајте ја никому!

Внимавајте на измами и лажни меилови

Чест начин на измама на интернет се таканаречените „фишинг“ измами, во кои од корисникот се бара да посети одредена веб-страна, да остави лични податоци или да се регистрира со цел да исполни некое барање. Тие често доаѓаат во форма на меил, порака или нотификација и директно му се обраќаат на корисникот. Потребно е да научите да ги препознаете за да се заштитите. Следниот пат кога ќе добиете сомнителен меил или порака кои од вас бараат да оставите лични податоци или да посетите страна која ви е непозната, пријавете го тоа кај некој од вашите технички повешти пријатели или побарајте професионална поддршка.

Користете сигурни веб страници за онлајн плаќање

Кога плаќате преку интернет важно е да ја проверите веб-локацијата и да користите, единствено, проверени и безбедни веб страници. Ако веб страната го има симболот за заклучување и URL кое започнува со „https“, а дополнително има и политика на приватност, контакт центар  и „безбедносен печат“ тоа значи дека страницата е безбедна и дека информациите за плаќање се пренесуваат на сигурен начин.

Банки

Денови на финансиска писменост: Како да ги заштитиш личните финансиски податоци од онлајн измами?

Објавено

на

Темата за заштита на личните финансиски податоци е секогаш актуелна во „Финансиската училница“ на Комерцијална банка, која има нова лекција по повод Деновите на финансиска писменост – Како да ги заштитиш личните финансиски податоци од онлајн измами?

Заштитата на личните финансиски податоци е клучна за избегнување измами и други форми на финансиска злоупотреба на Интернет платформите. Сигурно често вршите онлајн трансакции, а тоа значи дека треба да бидете внимателни кога бирате каде и како ќе го извршите онлајн плаќањето.

За да не бидат злоупотребени вашите лични финансиски податоци, се грижи Комерцијална банка, но треба да се грижите и вие.

Продолжи со читање

Лични финансии

Народната банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување

Објавено

на

Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на личните финансии е од суштинско значење.

Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

„Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет – купувајте паметно, останете заштитени!“, препорачуваат од Народната банка.

Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по драстично намалени цени.

Продолжи со читање

Лични финансии

Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост

Објавено

на

Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.

Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.

Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

Конкретно, Народната банка организира Јавен повик до јавноста за земање учество на повеќе едукативни активности. На првиот ден, Народната банка ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани лица коишто  ќе можат да се информираат за правата на потрошувачите на финансиските услуги. Вториот ден ќе бидат организирани три он-лајн предавања на три теми: „Во светот на финансиите – Финансиска едукација за средношколци“, „Заштитни елементи на македонските пари“ и „Платежна сметка со основни функции“. Во текот на третиот ден ќе биде организиран студентски час во просториите на Народната банка наменет за студентите од факултетите во земјата на следните три теми: „Монетарната политика на Народната банка“, „Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната банка“ од страна на претставници на Народната банка и „Младите и финансиската едукација“ во соработка со Здружението Алпбах.

Во текот на годинава, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид спроведувањето на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

Продолжи со читање

Популарно