Connect with us

Депозити

ТТК Банка АД скопје ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица

Објавено

на

Со важност од 21.2.2024 година, ТТК Банка АД Скопје ги зголеми фиксните каматни стапки на денарските и девизните депозити во евра за физички лица.

Каматните стапки на денарските депозити за физичките лица се зголемени од 0,50 до 1,00 процентни поени додека пак каматните стапки на девизните депозити во евра се зголемени од 0,50 до 0,80 процентни поени. Новите каматни стапки важат за новоорочени депозити и при реорочување на постојните.

Физичките лица, покрај поволноста за штедење со фиксни каматни стапки во рамките на стандардното штедење, имаат можност да добијат повисоки фиксни каматни стапки со скалестите депозити за поголеми износи на  депозити.

ТТК Банка АД Скопје нуди можност за електронско орочување депозити преку интернет или мобилна апликација. Користејќи ја оваа услуга корисниците имаат можност брзо, едноставно и без трошоци да орочат парични депозити и истите може да се отвори преку платформата за интернет банкарство TTK E-bank или преку мобилната апликација TTK M-bank.

Повеќе информации за услoвите на депозитите во денари и девизи, како и за останатите производи, се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката како и преку мобилната апликација TTK M-bank.

Популарно