Connect with us

Интервјуа

Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Објавено

на

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.

Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите.

На тема управување со побарувања и неговото значење за економијата, работењето со фокус на „ги менуваме финансиите кон подобро“, иницијативата „Finance Talks by EOS“, студиите кои ги спроведе EOS Групацијата и предизвиците во периодот кој следи разговараме со д-р Катерина Бошевска, Генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија.

Банкарство: Изминатата 2022 година ја испративме како уште една многу динамична година, исполнета со предизвици и проблеми за бизнисот. Прогнозите за домашната и за глобалната економија во 2023 година се далеку од оптимистички, така што компаниите сигурно ги калкулираат состојбите. Како се носи EOS Matrix Macedonia со овие турбулентни времиња, со какви резултати ја завршувате фискалната 2022/23 година и кои се вашите очекувања?

Д-р Катерина Бошевска: Како и во изминатите неколку години, така и во 2022 година која донесе голем број на потешкотии за општата економска состојба кај нас и во светот, Групацијата ЕОЅ успешно се справува со предизвиците и успеавме повторно да оствариме одлични резултати. Со фокусиран менаџмент, стратешко позиционирање и благодарение на нашата способност за брзо донесување на одлуки се’ повеќе ја зацрвстуваме нашата улога на пазарот како водечки професионален партнер за управување со побарувањата.

EOS Матрих ДООЕЛ Скопје успешно ја комплетираше 2022/23 година со благо намалување на приходите од 0,76 % и покрај сите предизвици со кои компанијата се соочи на групациско ниво и на локално ниво. Заработката пред оданочување е поставена на охрабрувачко ниво во целина во износ од 386 илјади евра. Инвестицискиот обем е зголемен во однос на претходната година, инвестиравме 1,4 милион евра. Можам да заклучам дека во фискалната 2022/23 EOS Matrix остана стабилен. 

Гледајќи низ призмата на компанијата мајка и состојбата на ЕОЅ компаниите на ниво на Групацијата, годишниот Извештај на EOS за фискалната 21/22 покажа дека ЕОЅ бележи стабилен развој и во овие турбулентни времиња. Во исчекување на резултатите за фискалната 2022/23 година кои ќе бидат објавени во втората половина од месец јули оваа година, вреди да се осврнеме на постигнатите резултати кои ни втурија ветер в грб. Во финансиската 2021/22 година, приходите на EOS Consolidated останаа на високо ниво, со што се потврди силната оперативна изведба во изминатите неколку години. Изминатата финансиска година ЕОС Групацијата покрај тоа што одбележа одлични бројки, постигна значителни успеси коишто ја издвоија 2022 година од останатите. Овде ќе ги споменам етаблирањето на нова компанија во Португалија, истовремено нашата компанија сестра ЕОЅ во Шпанија го обезбеди своето прво портфолио на обезбедени побарувања во вредност од 60 милиони евра и ЕОЅ во Франција ја склучи најголемата зделка за годината со предвидена вредност од 66.2 милиони евра. Дополнително, изминатата фискална година ЕОЅ уште подобро се позиционираше себеси како составен дел од Otto Групацијата. 

Банкарство: Дали во услови на изразена финансиска криза се отвори повеќе работа за EOS Matrix? Колку компаниите и граѓаните ја користат можноста што им ја нудите за изнаоѓање заеднички решенија за проблемите со задоцнето плаќање, односно за ослободување од долговите?

Д-р Катерина Бошевска: Нашите услуги за наплата и откуп на побарувања се вредна поддршка за компаниите и за економскиот систем, бидејќи тие ја враќаат ликвидноста, но и помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот со тоа што ги ослободуваме од нивните задолжувања. Кон тоа сведочи и изборот на нашите клиенти кои ни го доверуваат процесот на управување со побарувањата како и одличната соработка и прифаќање на граѓаните со нашите офицери за наплата во процесот на изнаоѓање решение за подмирување на нивните задолжувања. 

Банките и компаниите треба да продолжат да настојуваат да работат со надворешен партнер и да го пренесуваат управувањето со побарувањата и нивните процеси на наплата. Податоците покажуваат дека и продажбата на побарувањата исто така може да биде добро решение.

Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, нашите услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена кај нас. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Нашата мрежа на компании и партнери во 180 земји околу светот и експертизата на нашите колеги ни овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. Професионалните услуги за меѓународна наплата ги нудиме на пазарот од 2011 година и до сега во 153 поединечни инстанци им обезбедуваме парични текови на македонските компании. Особено ме радува тоа што компаниите се’ повеќе ги согледуваат придобивките од соработка со искусен партнер како што е ЕОЅ Матрих и ги користат нашите услуги повеќекратно и континуирано. Бројот на нови компании коишто одбираат да се потпрат на нашите професионални услуги за меѓународна наплата на побарувањата (cross-border услуги) продолжува да расте. 

Банкарство: Иако 2022 година, без дилема, е прогласена за кризна година, EOS Matrix сепак започна неколку нови иницијативи и проекти кои имаат за цел подобрување на состојбите и, пред сѐ, имплементирање на европските законски решенија и практики во македонскиот финансиски сектор. Го претставивте и новиот изглед на брендот со фокус да „ги менувате финансиите кон подобро“. На што се должи овој проактивен однос со којшто очигледно цврсто чекорите и во 2023 година?

Д-р Катерина Бошевска: Да се биде водечки финансиски инвеститор на пазарот за нас исто така значи дека ние имаме одговорност да ги поставиме стандардите за професионални деловни практики и да ги применуваме највисоките стандарди. Нашето тврдење: „Ги менуваме финансиите кон подобро“ се темели на нашата заложба да им го обезбедиме најдобриот пристап, најдобриот модел за управување со побарувањата на нашите клиенти, а воедно да понудиме win-win решение каде ќе ги подобриме финансиите и на корисниците кои доцнат со наплата. Со други зборови, на поединците – потрошувачите кои се задолжуваат да им помогнеме да се ослободат од долговите, а компаниите и институциите да ги подмират своите ненаплатени побарувања кои ги оптоваруваат нивните биланси.  

Фокусирано продолживме да работиме на нашите цели. Со пристигнувањето на новиот бренд на ЕОЅ одлучивме да започнеме иницијативи и имплементираме процеси кои не’ направат подигитални, подинамични и поефективни во нашата работа. Воедно, преку овие активности секојдневно ги подобруваме нашите услуги и инидивидуалниот пристап кон изнаоѓање решенија за нашите клиенти, партнери и корисници кои ќе ги променат нивните финансии кон подобро, на долг рок. 

Банкарство: Минатата година ја започнавте и иницијативата „Finance Talks by EOS“. Се чини дека го погодивте моментот затоа што се чувствува една потреба од финансиска експертиза и помош за надминување на проблемите со ликвидноста и одржливоста на бизнисот, споделување искуства и идеи за надминување на актуелните предизвици и за отворање нови перспективи во услови на динамични промени на глобално ниво. Како можете да помогнете со една ваква иницијатива и дали сте задоволни од интересот и одзивот кај бизнисот, експертската јавност и носителите на закони за разговорите за финансиите?

Д-р Катерина Бошевска: Минатата година ја претставивме нашата платформа за размена на искуства и знаење “Finance Talks” во рамки на која создаваме простор за дискусија и размена на увиди на важни, актуелни теми во светот на финансиите. 

Очигледно е дека на македонскиот пазар му е потребно обединување на искуството и отворен простор за размена на успешни приказни и вредни алатки. Единствено на тој начин чинителите на пазарот ќе можат информирано и заеднички да придонесуваат кон економското закрепнување и успешно да се справат со предизвиците. Преку настаните и активностите кои ги организираме под името Finance Talks се ги носиме и преточуваме европските практики во домашниот пазар, да ги искористиме сознанијата и експертизата коишто ги поседува финансискиот свет во земјата. 

Сето ова, самата иницијатива Finance Talks постои благодарение на нашата експертиза како компанија којашто веќе 20 години делува на пазарот и директно и активно се залага за промени кон подобро. Преку нашата дејност не само што се обидуваме да изградиме свет без долгови, туку и да придонесеме кон ефективно градење на стабилен и здрав финансиски пазар. 

Редовната наплата на побарувањата е од огромно значење за самата економија. Влошениот тренд во последните неколку години со себе донесе големи последици за сите чинители на пазарот. Според нашите анализи дури 51% од компаниите во Европа се соочуваат со назадување на профитот, 42% известуваат за намалување на ликвидноста, а секоја петта компанија стравува за својот опстанок. Од друга страна пак, стапките на успех во процесот на управување со побарувањата на ЕОЅ Матрих, покажуваат дека со стручна помош, компаниите можат да ги ублажат последиците од лошите практики на плаќање. Со изминатите настани многу бргу воочивме дека потребата за иницијатива како што е „Finance Talks“ е навистина голема на пазарот. Добивме огромна поддршка од финансиските институции и друштва, од професионалците во областа, од медиумите, компаниите, како и од самата јавност. 

Банкарство: ЕОS како групација спроведува интересни и корисни истражувања како на пример истражувањето „Европски платежни навики 2022“, и студијата на EOS „Граѓаните на Европа соочени со финансиски потешкотии?“ која ја презентиравте оваа прилет. Каде е Северна Македонија во однос на европските состојби?

Д-р Катерина Бошевска: Клучните факти и бројки на истражувањето Европски Платежни Навики покажуваат дека ситуацијата во Европа се влошува и овој тренд не се очекува да запре. Севкупно, навиките за плаќање во поглед на трансакциите меѓу деловните субјекти и потрошувачите и меѓу деловните субјекти во Европа значително се влошија во последните неколку години. Во моментов, секоја петта фактура во Западна Европа и секоја четврта фактура во Источна Европа или се плаќа доцна или воопшто не се плаќа. Главните последици од овие доцнења и заостанати плаќања се тоа што компаниите мораат да се справуваат со сопствените проблеми со ликвидноста (42 проценти) и намалувањето на добивката (51 проценти). За да компензираат, околу една третина од компаниите мораа да ги намалат инвестициите и да ги зголемат цените. Додека во 2019 година, 22 проценти од испитаниците во истражувањето сè уште претпоставуваа дека навиките за плаќање ќе се подобрат, 24 проценти од сегашните испитаници сметаат дека навиките ќе станат уште полоши. Локален осврт на компаниите во земјата обезбедивме на последниот настан во рамки на платформата за која зборувавме предмалку – „Разговори за финансиите“ („Finance Talks“) каде ЕОЅ Матрих претстави анализа според која  има влошување на ликвидноста од 2020 кон 2022 година. Очекувањата се дека ќе има дополнително влошување на ликвидноста и ќе се зголемат деновите за исплата на обврските спрема кредити што ги имаат компаниите. 

Последно актуелно истражување на Групацијата ЕОС беше на тема „Дали граѓаните на Европа имаат финансиски проблеми?“ и тоа има за цел да ја претстави финансиската состојба на потрошувачите ширум Европа и да покаже што компаниите и банките  треба да знаат за оптоварувањето на потрошувачите. Во истото беа анкетирани 7.700 потрошувачи во 13 европски земји. Некои од фактите кои би сакала да ги споделам овде се дека околу една петтина од луѓето се задолжиле во изминатите шест месеци, при што инфлацијата и трошоците за енергија се главните причини за новите задолжувања. Мнозинството граѓани на Европа се загрижени за својата финансиска иднина и како резултат на зголемените стапки на инфлација како и енергетската криза тие се сега далеку посвесни за цените во моментот на пазарење. Она што особено не’ прави горди на ова последно истражување е дека и нашата земја се најде во групата на 13 европски земји каде се спроведе истото. За повеќе детали и факти ве упатувам на нашите страници затоа што има многу што да се каже и многу паралели, а овде просторот не ни дозволува да опфатиме деталните резултати од истражувањето.

Секако, сите увиди од нашите истражувања ни помагаат подобро да ги предвидиме состојбите на пазарот и да понудиме иновативни решенија кои најдобро одговараат на моменталните потреби на пазарот. 

Банкарство: Кои се најголемите предизвици со кои се соочи финансискиот сектор во земјава во изминатиот период, па и ќе се соочи во следниот период? Кои се, во тој контекст, и предизвиците и плановите на компанијата EOS Matrix Macedonia? 

Д-р Катерина Бошевска: Во овој момент инфлацијата претставува најголемата грижа за иднината. За жал, борбата со инфлацијата не е воопшто при крај иако можеби навидум така изгледа. Мерките за соочување со зголемените цени за енергијата кои значеа контролирање на потрошувачката за овој ресурс не се баш најсоодветни кога станува збор за одговор на инфлација создадена од кусоци на понуда на многу други потрошувачки добра освен енергија. Се чини дека е потребна нова монетарна политика која ќе ја ограничи потрошувачката. Во финансискиот сектор, вистинската загриженост е што ќе се случи кога инфлацијата ќе предизвика забавување на економскиот раст, што и природно следи по инфлација, време кога сите нејзини ефекти ќе станат очигледни. Од оваа перспектива, можни се три последици: забавување на растот на обемот, повеќе трошоци и поголема застареност на пласираните побарување. 

Банките како главни чинители на финансискиот сектор исто како и компаниите ќе се соочат со зголемени трошоци и нивното влијание на профитот ќе зависи од степенот до кој тие тоа ќе можат да го пренесат кон своите клиенти. Затоа се очекува дека услугите на банките ќе поскапат, каматните стапки ќе продолжат да растат и во една таква околност банките нема да бидат особено мотивирани да ја привлечат вишокот парична маса преку депозити, а населението ќе се ориентира кон зголемен обем на готовински трансакции, што на некој начин и се потврди во нашето истражување Европски платежни навики. Ваквата ситуација може да доведе до зголемена сива економија и на тој начин дерогирање на една фискална политика која пак е пресудна за стабилно и мирно функционирање на економскиот систем. Од тука, главниот предизвик според мене би бил да се исконтролира потрошувачката и тоа преку насочување на понудата и зачувување на протокот на парична маса низ поставениот фискален систем.

На ниво на компанијата ЕОS, главниот предизвик ни се околностите, условите во кои функционираме. Нашата компанија спроведува специфична дејност која е потребна на високоразвиените економии каде сите се претежно специјализирани во својата работа и не се фокусираат на споредни активности и операции, што за жал не е така кај нас. 

Во нашата економија се уште сметаме дека со популистички мерки ќе се држи задоволено населението без при тоа да водиме сметка за штетноста на таквите политики или дали тие ќе предизвикаат однесување на населението кое може да доведе до хаос и безредие. Од тој контекст сметам дека ни е потребно приоритетно усогласување на нашата финансиска регулатива со законската рамка на ЕУ и доследно нејзино применување. Впрочем, тоа и нам како европска компанија ни е потребно за да понудиме решенија, и нови продукти кои посеопфатно ќе придонесат кон решавање на кредитниот ризик на финансиските чинители. 

Интервјуа

Костовски во FinSight: Лекциите од сиромаштијата што ме направија бизнисмен

Објавено

на

Во FinSight разговараме со бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, кој отворено зборува за своето детство, животниот пат и вредностите што, како што вели, не се мерат со пари.

На прашањето од Мерсовска дали неговиот успех е наследен или изграден, Костовски одговара дека потекнува од скромно семејство во поранешна Југославија.

„Какво богатство? Јас сум од скромно семејство. Татко ми беше административен работник во воена болница, а мајка ми беше домаќинка“, вели Костовски.

Тој се присетува дека детството било исполнето со скромност и моменти кога семејството немало многу.

„По некој пат немаше ни да јадеме она што треба. Честопати татко ми ќе донесеше сируп од работа, мајка ми ќе го намачкаше на леб и ние ќе излезевме надвор да играме и да јадеме за да ни биде малку послатко“, раскажува Костовски.

И покрај тешките услови, тој вели дека детството било убаво и исполнето.

„Животот беше тежок, но не се жалам – убав живот беше. Меѓутоа, сум бил сиромав, а денес сум богат“, додава тој.

Сепак, според Костовски, вистинското богатство не е материјално.

„Ќе ми го земат богатството, но богатството што го носам во себе никој не може да ми го земе“, вели тој.

Во разговорот испраќа и порака за односите меѓу луѓето.

„Почитувај го човекот и сакај го ако во него најдеш сопатник и соговорник со кој можете да создадете нешто заедничко. А од човек кој ти мисли лошо – тргни се“, порачува Костовски.

Тој додава дека токму со таквите предизвици често се соочувал и во Македонија.

„За жал, во Македонија не успеав да избегам од тоа“, заклучува Костовски во разговорот за FinSight.

Продолжи со читање

Интервјуа

Костовски во FinSight: „Стечајот на Еуростандард можеше да се спречи, но некој имаше други интереси“

Објавено

на

Пет и пол години по згаснувањето на Еуростандард банка, случајот сѐ уште нема правна завршница. На 12 август 2020 година, поради неисполнување на минималните стандарди и несолвентност, Народната банка ѝ ја одзеде лиценцата на банката. Денес, постапката и натаму „тапка во место“, а одговорите на клучните прашања сѐ уште се очекуваат.

Во ексклузивно интервју за FinSight, сопственикот на банката, Трифун Костовски, тврди дека стечајот можел да биде спречен, но дека „некој имал други интереси“.

Костовски открива дека досега бил повикан во Обвинителството само двапати, и очекува што поскора разрешница – дури и ако тоа значи поднесување кривична пријава против него. Во меѓувреме, со замрзнат имот, вели дека изгубил околу 100 милиони евра.

Костовски дава одговори и за:

Дали причината за ликвидацијата е лош менаџмент или регулаторен притисок?

Дали обвинувањата за незаконско и високоризично кредитирање, систем на меѓусебни позајмици и злоупотреба на службена должност се основани?

Дали чувствува лична одговорност како сопственик?

Што се случува со истрагите против членови на Управниот и Надзорниот одбор?

Дали граѓаните и компаниите се целосно обесштетени?

Ова се дел од темите на кои Костовски одговара отворено и директно.

Од нула до милиони и повторно назад кон политиката?

Бизнисмен кој вели дека богатството го создал сам, Костовски зад себе има компании како Технометал, Порцеланка и меѓународни деловни ангажмани во Виена и Варшава. Беше и градоначалник на Скопје од 2005 до 2009 година.

И покрај финансиските загуби и замрзнатиот имот, порачува дека не се откажува од Македонија – земјата каде што, како што вели, почнал од нула и изградил успешна кариера. Најавува и можно враќање во политиката.

Дали ќе атакува на градоначалничка функција или на друга позиција?

Од која партија би барал поддршка?

И дали политиката му донела поголемо разочарување од бизнисот?

Одговорите – во новото издание на FinSight.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

Гацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата

Објавено

на

Разговараме со Павле Гацов, даночен експерт, за реалната цена на сивата економија и ефектот од неиздавањето фискални сметки врз јавните финансии.

Според него, најчесто јавноста ја сведува штетата на 18% ДДВ, но вистинската загуба е далеку поголема.

„Неиздавањето фискални сметки не значи само губење на 18% ДДВ. Тоа е само првиот слој на проблемот“, посочува Гацов.

Доколку истиот износ влезе во формалната економија, на него дополнително би се платил персонален данок на доход од 10%, данок на добивка од 10%, како и социјални придонеси од околу 28%.

„Кога ќе ги собереме сите овие ставки на неоданоченост, државата губи повеќе од 60% на секоја неиздадена фискална сметка“, објаснува тој.

Ова, според него, е клучен податок кој често се игнорира во јавната дебата.

„Овој податок треба да се знае секогаш кога некој зборува лефтерно за неиздавање сметки. Зад тоа стои лавина од неплатени јавни давачки“, вели Гацов.

Проблемот не застанува само на фискалниот аспект. Средствата кои остануваат надвор од системот, додава тој, често се користат за исплата на плати „во плико“, но и за поттикнување на пошироки форми на корупција, од мито до злоупотреби во јавните набавки.

Прашањето што останува е: колку навистина ја чини државата секоја неиздадена фискална сметка и кој на крајот ја плаќа таа цена?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange