Connect with us

Банки

Федералните резерви на САД повторно ги зголемија каматните стапки

Објавено

на

Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 0,25 процентни поени, наведувајќи ја сè уште зголемената инфлација како образложение за она што сега е највисоката стапка на политиката на американската централна банка во последните 22 години.

Зголемувањето на каматните стапки, ја постави реперната каматна стапка преку ноќ во опсегот од 5,25%-5,50%, а придружната изјава ја остави вратата отворена за уште едно зголемување.

„Комитетот (Федералниот отворен пазар) ќе продолжи да ги проценува дополнителните информации и нивните импликации врз монетарната политика“, изјавија Федералните резерви на САД чија изјава е малку променета од онаа од јуни.

Тогаш, ФЕД соопштија дека ќе ги следат дојдовните податоци и ќе го проучат влијанието на зголемувањето на стапката врз економијата „во одредувањето на степенот на дополнително зацврстување на политиката што може да биде соодветно“ за да ја достигне целта за инфлација од 2%.

Иако податоците за инфлацијата од состанокот на Банката на федерални резерви во јуни се послаби од очекуваното, креаторите на политиката не се подготвени да го променат својот став додека не дојде до поголем напредок во намалувањето на ценовните притисоци.

Банки

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

Објавено

на

Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври 2022 година на 2,2% во август 2024 година. Во Извештајот се нагласува и потребата од дополнителни законски измени за зајакнување  на одредбите за независноста на централната банка.

„Основната цел на централната банка е да постигне и одржува ценовна стабилност. За да ги ограничи инфлацијата и инфлациските очекувања и притоа ја поттикне денаризацијата, централната банка ја зголеми основната камата, а реагираше и преку повлекување на ликвидност и преку задолжителната резeрва“, се наведува во Извештајот и се посочува дека централната банка престанала со затегнувањето на монетарната политика, штом се олабавиле инфлациските притисоци.

Европската комисија посочува дека банкарскиот сектор покажа дека е отпорен, додека макропрудентната рамка беше зајакната. Адекватноста на капиталот е значително повисока од регулаторните барања. Ликвидноста е висока, додека уделот на нефункционалните во вкупните кредити е на историски најниско ниво. Макропрудентната рамка е понатаму зајакната, со тоа што Народната банка продолжи да ја зголемува стапката на контрацикличниот капитал и воведе макропрудентни мерки за надминување на ризиците кај пазарот на недвижности.

Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, исто така е истакнато во рамките на Извештајот, при што е посочено дека централната банка продолжила да ги унапредува механизмите за следење на ризици и усогласување на супервизорската рамка со барањата на ЕУ. Акцент во извештајот се става на донесениот Закон за решавање на банки за кој во тек е изработката на подзаконските акти.

Во извештајот се посочува и носењето на Законот на плаќања и платни системи во контекст на усогласувањето со европските директиви, како и поднесувањето на апликацијата за членството на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Исто така се истакнува дека централната банка отворила посебна организациска единица за заштита на потрошувачите и разгледување на нивните поплаки.

Продолжи со читање

Банки

Александар Стојчевски е најдобриот банкарски службеник од Централна кооперативна банка за 2024 година

Објавено

на

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, Централна кооперативна банка АД Скопје избра најдобар банкарски службеник, кој се истакна во своето работење и покажа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2024 година.

Александар Стојчевски од Централна кооперативна банка ја доби наградата за најдобар банкарски службеник во 2024 година.

Честитаме на Александар Стојчевски – соработник за клиeнтска услуга во Експозитура Пробиштип и му посакуваме успех во понатамошното работење!” – велат од Банката.

Продолжи со читање

Банки

Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година

Објавено

на

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Бојан Штерјовски, раководител на одделот за работа со население, за најдобар банкарски службеник.

Неговата исклучителна професионалност, стратешко размислување и посветеност кон работата беа препознаени од страна на ТТК Банка. Честитки колега за ова заслужено признание! Веруваме дека истото ќе биде поттик за уште поголеми идни остварувања ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.

Продолжи со читање

Популарно