Connect with us

Берза

Цените на нафтата повторно растат по стабилизирачките сигнали од Вашингтон

Објавено

на

Цените на нафтата на светските берзи повторно бележат раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го разреши претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Оваа порака се толкува како поддршка на независноста и легитимитетот на американската централна банка, што позитивно се одрази врз довербата на инвеститорите и пазарната стабилност.

Како резултат на тоа, цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,80%, достигнувајќи 67,95 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по 64,20 долари, што е зголемување од 0,83%.

Сигналите за континуитет во монетарната политика и намалување на политичкиот ризик повторно ги охрабрија трговците на нафта, кои внимателно ги следат сите геополитички и економски фактори што влијаат врз цените на енергентите.

Берза

New York SEC го акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанијасо Македонски капитал со седиште на Вол Стрит

Објавено

на

Со отворањето на “Prime Capital powered by Adora” наВолстрит во Њујорк, македонскиот бизнис доби своја прваинституција во самото срце на светските финансии. Ова е првата инвестициска консултантска компанија сомакедонско потекло и капитал што ја има стекнатопрестижната акредитација од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — водечкото регулаторно тело за хартииод вредност во САД. Со тоа, Prime Capital се приклучува конврвот на глобалните финансиски играчи.

Базирана на Волстрит, компанијата работи со лиценца којаовозможува соработка со клиенти ширум целиот свет. Веќегради активно портфолио и партнерства со инвеститори одБлискиот Исток, Азија и Европа. Во тек е и завршната фазаод подготовките за купување и ребрендирање на постоечкиинвестициски фонд во Северна Македонија, со што ќе сеовозможи директен и професионален пристап замакедонските инвеститори кон глобалните можности.

“Prime Capital powered by Adora” претставува ново поглавјево приказната на Adora Business Group — една однајуспешните и најдинамични бизнис групации во земјата. Со над една милијарда евра инвестирани во банкарството, енергетиката, недвижностите и финансиските пазари, Adora веќе одамна се позиционираше како синоним наинституционалниот и економскиот развој.

Портфолиото на Адора вклучува над 500.000 м² недвижности, позиција како најголем акционер воКомерцијална Банка Скопје, како и сопственост врзцелосното регулирано производство на топлинска енергијаза градот Скопје. Дополнително, групацијата има докажаноприсуство и на домашните и на меѓународните пазари нахартии од вредност, како и сопственички удели во другирегионално значајни компании.

Во Prime Capital се спојуваат две силни и комплементарнивизии кои стојат зад нејзиниот успех и глобална амбиција.
Компанијата е ко-основана од Душко Чифлиганец и ИванИвановски — двајца докажани лидери од различни сфери, кои заедно ја обликуваат нејзината стратешка и технолошканасока.

Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Adora Business Group, е етаблиран инвеститор и визионер соповеќе од една деценија искуство во трансформација набизниси и градење долгорочна вредност. Под негововодство, Adora од градежен лидер прерасна воинтернационална групација со стратешки инвестиции вобанкарството, недвижностите, енергетиката и глобалнитефинансиски пазари. 

Иван Ивановски, пак, е докажан технолошки инвеститор и претприемач, кој носи глобално искуство и напреднаекспертиза во високорастечки инвестиции, финтек и вештачка интелигенција. Тој е основач на Venikom, компанија која соработувала со глобални брендови какоHeineken, AXN, Nike, T-Mobile, Samsung и други, и добитник на престижната Apple Design Award. Прекунеговата едукативна платформа MasterClass.mk, Ивановскидосега има обучено над 2.000 студенти, унапредувајќи јафинансиската писменост во регионот. Дополнително, неговата општествена одговорност е докажана прекуиницијативата Support Kochani, која помогна на стотицисемејства во неговиот роден град.

Prime Capital е независна инвестициска консултантскакомпанија со јасно дефиниран фокус на стратешки капитал, технолошка експертиза и управување со ризик. Портфолиото опфаќа инвестиции во области како вештачкаинтелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливитехнологии — сектори што ја обликуваат иднината.

Како што истакнуваат од компанијата, Prime Capital нее само нов играч на пазарот, туку визионерскаплатформа изградена врз искуство, иновација и мисија— да обезбеди стабилен и сигурен раст на капиталот, совисоко ниво на доверба и безбедност за инвеститорите.

Според информациите на официјалната веб-страница накомпанијата, Prime Capital применува детално осмисленастратегија за распределување на капиталот, обезбедувајќиодржлив и стабилен раст. Средствата се алоцираатстратешки на избрани пазарни нивоа, со што се оптимизирауправувањето со ризикот и се зголемува профитабилноста.

Со оваа визија, “Prime Capital powered by Adora” не е самоуште една консултантска компанија. Таа е платформа што гиспојува глобалните пристапи и практики со локалниотпотенцијал, создавајќи уникатни и профитабилни можностиза инвеститорите од Северна Македонија и пошироко.

Повеќе информации: https://theprime.capital

Продолжи со читање

Банки

СИГНАЛ ЗА ДОВЕРБА – Член на Надзорен одбор купи акции од Комерцијална банка во вредност од речиси пола милион евра!

Објавено

на

Овој период се покажува како сè поатрактивен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, што дополнително се потврдува со најновите активности на самите членови на нејзиното раководство.

Имено, според соопштението објавено на Македонска берза, г-н Горан Антевски, генерален менаџер на „Раде Кончар – ТЕП“ и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, се стекнал со 1.000 обични акции на Банката.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Според пресметките на Банкарство.мк, а врз основа на податоците од Македонска берза, просечната цена по акција на ден 06.05.2025 година изнесувала 29.398,73 денари, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата се проценува на речиси 30 милиони денари, односно приближно 478.000 евра.

Ова не е првпат Антевски да го зголеми својот удел во Комерцијална банка, бидејќи во изминатиот период тој неколку пати купуваше акции, вклучително и неодамнешна трансакција на дополнителни 100 обични акции.

Купувањето на акции од страна на членови на менаџментот е јасен сигнал за силна внатрешна доверба во идниот развој и стабилноста на институцијата. Тоа истовремено упатува порака и до јавноста и до инвеститорите дека Комерцијална банка е позиционирана како солиден и профитабилен избор за вложување.

Комерцијална банка АД Скопје, како една од водечките банки во земјата и понатаму е меѓу најликвидните и највреднуваните хартии од вредност на домашниот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Анализи

Пари во џебот, не само на екран: Швајцарците се против укинувањето на готовината!

Објавено

на

Во последните години, дигиталните пари бележат експоненцијален раст на глобално ниво, процес кој беше дополнително забрзан за време на пандемијата на коронавирусот. Швајцарија, како високо дигитализирана економија, не е исклучок од овој тренд.

Мобилната апликација за плаќање „Twint“, развиена од швајцарските финансиски институции, стана клучен двигател на промената во навиките на потрошувачите. Во 2023 година, преку „Twint“ се реализирале над 773 милиони трансакции, што претставува раст од 31% во споредба со претходната година. За илустрација, во 2017 година, кога апликацијата штотуку беше лансирана, биле регистрирани само 4 милиони трансакции, податок кој говори за нејзиниот импресивен раст и прифаќање.

Сепак, и покрај овој дигитален напредок, истражувањата покажуваат дека Швајцарците сè уште покажуваат силна наклонетост кон готовината. Студија спроведена од Универзитетот за применети науки во Цирих (ZHAW) и Универзитетот во Сент Гален открива дека и во 2023 година, физичките пари биле позастапени во споредба со дигиталните за одредени типови на трансакции, тренд кој се променил дури неодамна.

Швајцарската јавност стравува од сценарио слично на она во нордиските земји, особено Шведска, каде што готовината практично исчезна од секојдневната употреба. Во тој контекст, движењето „Швајцарска слобода“, кое се појави како реакција на мерките во време на пандемијата, официјално поднесе иницијатива до властите со барање за уставна гаранција за опстанокот на готовината. Целта е да се обезбеди дека швајцарскиот франк ќе остане достапен во физичка форма, без оглед на технолошкиот напредок.

Овие грижи не се неосновани. Анкета спроведена од Швајцарската национална банка (SNB) открива дека дури 95% од жителите на Швајцарија сакаат готовината да остане достапна. Причината? Флексибилноста и слободата што ја нуди готовината, нешто што многу граѓани не се подготвени да го жртвуваат во корист на дигиталната удобност.

Во споредба со другите европски земји, Швајцарија има значително пофлексибилен режим за користење и транспорт на готовина. Во земји како Франција и Италија, постои лимит од 1.000 евра за готовински плаќања, а во Грција тој лимит изнесува 500 евра. Иако Австрија, Кипар и Луксембург сè уште немаат такви ограничувања, Европската Унија планира да воведе лимит од 10.000 евра за готовински трансакции почнувајќи од 2027 година, како дел од засилената борба против перење пари и финансирање на тероризам.

Швајцарија, иако не е членка на ЕУ, го задржува својот суверенитет во однос на ова прашање. Единствениот услов е обврска за идентификација при готовински плаќања над 100.000 швајцарски франци, додека за носење готовина преку граница потребна е документација само ако тоа го побара царинската служба, и тоа за износи над 10.000 франци.

Заклучок:

Иако Швајцарија технолошки напредува и го прифаќа дигиталното плаќање, нејзините граѓани и институции и понатаму ја вреднуваат слободата и сигурноста што ја нуди готовината. Дискусијата за иднината на физичките пари останува жива – а во Швајцарија, барем засега, франкот во хартиена форма е тука да остане.

Продолжи со читање

Популарно