Останато
Балканскиот форум за е-трговија ги собира во Софија водечките претставници на онлајн бизниси од регионот

Балкански самит за е-трговија ќе се одржи денеска и утре во „Sofia Tech Park“ на кој ќе учествуваат водечки претставници на онлајн бизнисот од регионот, известуваат организаторите од Академијата за е-трговија, јави БТА.
На форумот ќе бидат претставени најновите трендови и иновации во областа на е-трговијата, а главната цел е да се промовира развојот на е-трговијата во балканскиот регион и да се создадат можности за раст и проширување на бизнисот на онлајн трговците.
Форумот ќе се фокусира на три главни теми – новите трендови во областа како што се Live Shopping, платформите на глобалниот пазар како eBay, маркетинг стратегии за прекугранична трговија, алатки за подобрување на продажбата, прекугранични логистички решенија, како и клучни трендови за секој пазар од Балканот.
Планирано е и да има голем експо простор со над 30 излагачи, каде ќе бидат претставени компании специјализирани за логистика, платежни инструменти, софтвер за оптимизација на комуникација и продажба, дигитални агенции, платформи за креирање продавници, платформи за пазар.
Меѓу говорниците на форумот се претставници на eBay, Httpool (официјален продажен партнер на Facebook/Meta на Балканот), Mediapost HitMail, euShipments, меѓународни маркетинг експерти од CEE Digital Alliance.
Меѓу партнерите на форумот се Бугарската стартап асоцијација (БЕСКО), Бугарската стопанска комора, Бугарско-романската стопанска и индустриска комора, Унијата за бизнис иницијатива, здруженијата за е-трговија на Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина.
Останато
Заедно за нови успеси на машката кошаркарска репрезентација – Комерцијална банка Генерален спонзор на МКФ

Комерцијална банка стана Генерален спонзор на Македонската Кошаркарска Федерација и обезбеди значајна поддршка за нови успеси на сениорската машка кошаркарска репрезентација.
Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите.
На официјалната средба помеѓу Хари Костов, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Томе Главчев, Претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, партнерството беше официјализирано со заедничка посветеност и ентузијазам.

„Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат. Веќе седум децении Комерцијална банка како општествено одговорна компанија континуирано вложува во развој на заедницата со цел заедно да постигнеме уште поголем напредок и успеси на кои сите ќе се радуваме“, изјави Костов во име на Комерцијална банка.
Претседателот Главчев изрази благодарност за поддршката.
„На мое големо задоволство, како и на целата Кошаркарска Федерација, се потпиша договор за Генерално спонзорство помеѓу Македонската Кошаркарска Федерација и Комерцијална банка. За поздравување е настанот од повеќе аспекти, но морам да забележам дека по подолго време на челната спонзорска позиција застанува една македонска компанија. Би сакал да им се заблагодарам на првите луѓе од Комерцијална банка и на директорот Костов за поддршката и разбирањето кое го искажуваат со овој чин. Ние како Федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и, секако, во иднина да имаме основа за продолжување доколку има интерес“, истакна Главчев.

Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка останува посветена на создавање вистински вредности и охрабрување на младите генерации спортисти.
Со гордост обезбедуваме уште една значајна поддршка за македонскиот спорт, токму во годината кога со уште поголема гордост го одбележуваме големиот јубилеј: 70 години Комерцијална банка. Овој јубилеј го славиме со дела што оставаат трага – со инвестиции во иднината, во младите, во спортот и во вредностите што нè водат седум децении наназад, и ќе нè водат и понатаму.
Останато
Готовината повеќе не е крал во земјата на полноќното сонце

Дали знаевте дека готовината сè помалку се користи во Шведска, која е една од најдигитализираните земји во светот?
Шведска одамна е позната како пионер во безготовинските плаќања. Ако планирате да ја посетите ова лето, важно е да знаете дека многу продавници, ресторани и кафулиња веќе не прифаќаат готовина.
Заборавете на кешот и секогаш имајте го телефонот наполнет, или барем платежна картичка при рака.
Според податоците за 2024 година, само една од десет трансакции во Шведска е направена со готовина. Најчесто се користат платежните картички, а веднаш зад нив се мобилните апликации за плаќање.
Швеѓаните се навикнати да ги користат своите телефони буквално за сè, од банкарство и дигитална идентификација, до јавен превоз и поднесување на даночни пријави.
Нов закон што ќе стапи на сила во јуни 2025 година има за цел да го направи банкарството и платните услуги подостапни за сите.
Останато
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје

ПроКредит Банка АД Скопје ја информира јавноста за промени во составот на Надзорниот одбор на Банката, согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, кои треба да бидат објавени на веб-страницата на Македонската берза.
Народната банка на Република Северна Македонија издаде решение за претходна согласност за реименување на г-ѓа Јованка Јолеска Поповска за член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје, за нов мандат во времетраење од четири години.
Со оваа промена, Надзорниот одбор на Банката продолжува да функционира во следниот состав:
Јованка Јолеска Поповска, член
Дрис Нор, член
Кристиан Едгардо Дагроса, член и претседател
Каспар Линус Бауман, независен член
Елена Наумовска, независен член
Ериола Биболи, член
ПроКредит Банка останува посветена на принципите на добро корпоративно управување и транспарентност во своето работење.
- Банкипред 3 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Продуктипред 5 дена
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
- Банкипред 2 дена
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
- Останатопред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
- Фондовипред 1 недела
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
- Продуктипред 2 месеци
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Продуктипред 1 месец
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Колумнипред 1 недела
Одржливиот развој не е слово на хартија, туку одлуки и активности кои банкарскиот сектор треба да ги направи