Connect with us

Продукти

АПЛИЦИРАЈ, АКТИВИРАЈ И ДОБИЈ БОНУС со Visa Gold кредитните картички на Халкбанк!

Објавено

на

Од 15.03.2023 сите клиенти кои ќе аплицираат за Visa Gold кредитна платежна картичка за физичко лице издадена од Халкбанк АД Скопје имаат можност да добијат 500 бонус поени на картичката.

Бонус ќе добијат првите 500 клиенти кои ќе ја активираат картичкaта со направена минимум 1 трансакција на ПОС /АТМ. Поените се доделуваат на крај на секој месец.

Бонус поените можат да се искористат при идни плаќања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

1 Бонус Поен = 1 Денар

Повеќе инфо:

https://halkbank.mk/bonus-poeni.nspx

Банки

Кампања за млади од Шпаркасе Банка – Те честиме за твојата прва плата со БОНУС од 6.000 денари

Објавено

на

Шпаркасе Банка продолжува да нуди иновативни решенија за младите! Со новата кампања „Те честиме за прва плата“, сите млади на возраст од 18 до 25 години што ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка, ќе добијат еднократен бонус од 6.000 денари на својата Vibe On сметка.

Квалификувани за учество во кампањата се сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои ќе ги исполнат следните услови:

  • Ќе отворат сметка во Шпаркасе Банка и ќе активираат Vibe On пакет за млади со Visa дебитна картичка;
  • Ќе примат две последователни плати на Vibe On сметката, а бонусот од 6.000 денари ќе им биде исплатен на нивната сметка по примањето на втората плата.

„Продуктот „Те честиме за прва плата“ е создаден со цел да обезбеди поддршка за младите што го започнуваат својот професионален пат, нудејќи им финансиска помош и пристап до уникатните придобивки на Vibe On пакетот. Со платформата Vibe On, Шпаркасе Банка е посветена на обезбедување најдобри банкарски решенија за младите, сметајќи ги за свои најголеми партнери. Преку иновации и посветеност, Шпаркасе Банка работи заедно со младите во креирањето стабилни финансиски основи, кои ќе им овозможат успех во иднината и ќе ја зајакнат нивната финансиска благосостојба“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Кампањата „Те честиме за прва плата“ трае сè до 30.6.2025 година или до искористување на средствата предвидени за исплата.

Отворете ја вашата Vibe On сметка денес и префрлете ја платата во Шпаркасе Банка за да уживате во многубројните поволности. Побрзајте и искористете го периодот на кампањата за да бидете дел од банка што верува во младите и во нивниот потенцијал.

За повеќе информации, посетете ја најблиската подружница на Шпаркасе Банка или веб- страницата www.sparkasse.mk.

Продолжи со читање

Продукти

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Објавено

на

Со цел да им обезбеди на клиентите уште поатрактивни услови за реализација на нивните станбени планови, Халкбанк АД Скопје воведе дополнителна промоција на својот станбен кредит кој е со фиксна каматна стапка почнувајќи од само 3,0% за првите 5 години, односно 3,4% за првите 10 години, и променлива за останатиот период на отплата.

Со почеток од 20 ноември, па се до 31 декември 2024 година, станбениот кредит на Халкбанк ќе се издава БЕЗ нотарски трошоци, БЕЗ надомест за полисата за осигурување за првата година и БЕЗ трошок за проценка на недвижниот имот. А фиксниот надоместок за обработка на апликацијата изнесува 3.000 денари.

Максимален износ на средства кои можат да се добијат е до 300.000 евра, со максимален рок на отплата до 30 години, а постои можност и за добивање грејс период во отплатата од 12 месеци. Кредитот може да се користи за купување на стан, купување на куќа, како и за рефинансирање на изложености во други банки по основ на станбен кредит.

Искористете ја атрактивната понуда која трае до крајот на годинава и нека Халкбанк стане вашиот партнер на патот кон обезбедување сопствен дом.

За повеќе информации за условите и аплицирањето за станбениот кредит, посетете ја веб страната на банката или најблиската филијала.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ БАНКА СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ – прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Објавено

на

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот. Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно информирање и безбедно купување.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

PayByLink е особено погоден за малите e-трговци кои сакаат да се присутни во online продажбата, но не се во можност да развијат сопствена web продавница и истата да ја интегрираат со банка. Практично, со оваа услуга, банката му овозможува на трговецот „виртуелен“ начин за прифаќање на платежни трансакции засновани на картичка, за кој не е потребно техничко знаење за користење, а самиот процес на креирање на линкот е брз и едноставен.

Кога трговецот креира линк за плаќање, обезбедува информации за производот или услугата за која се плаќа, количината и цената, и тој веќе ја има подготвено нарачката за клиентот. Клиентот го отвора линкот, ја проверува содржината на нарачката и, доколку е се во ред, ги внесува деталите за својата картичка и го комплетира плаќањето.

PayByLink е сигурен сервис и на исто безбедносно ниво заштитен како и класичниот виртуелен ПОС терминал.

За да ја користат услугата, трговците треба да имаат сметка во НЛБ Банка, да потпишат договор со Банката, врз основа на кој им се овозможува пристап до порталот за користење на оваa услуга и креирање линкови, кои понатаму можат да ги споделуваат со своите купувачи преку соодветните канали за комуникација.

До 25 мај, 2025 година, клиентите можат да ја искористат промоцијата на НЛБ Банка, да активираат PayByLink, пришто ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на услугата од датумот на активација на истата.

Повеќе информации за услугата и начинот на активирање, клиентите можат да добијат на www.nlb.mk, во експозитурите на Банката или преку Контакт центарот на 02/15600.

Продолжи со читање

Популарно