Анализи
ИутеКредит е најдоверливо и најефтино финансиско друштво на пазарот според истражувањeто на порталот Фактор
ИутеКредит Македонија е финансиско друштво со најголема доверба и најтранспарентна политика на прикажување на сите трошоци поврзани со кредитирањето, според најновото истражување на порталот Фактор.
Во период од 10 ноември до 15 декември 2022 година, како дел од практичната анализа на Фактор вклучени се неколку финансиски друштва меѓу кое и ИутеКредит. Сумата која е подигната кај сите е иста, 30 000 денари на 6 месечни рати. Анализата се фокусира на вкупните трошоци кои ги вклучува кредитот, вкупната сума за враќање како и трошоците за предвремена отплата.
Дополнително, истражувањето се осврнува и на целиот процес на апликација и одобрување на кредитот.
По сите овие параметри, ИутеКредит Македонија предничи во однос на конкуренцијата – најниска камата и најниски вкупни трошоци. Бeз дополнителни трошоци и услуги за кои клиентот нема можност да одлучува како што е случај кај некои од останатите финансиски друштва. Вкупните трошоци по кредитот се најниски во ИутеКредит, а исто така, и трошокот за предвремено враќање на кредитот е најмал во согласно правото за откажување на кредитот во рок од 14 дена.
Од технички аспект, во однос на самиот процес на апликација, евидентно е дека иако тој се одвива онлајн или преку мобилна апликација, нивото на заштита е високо.
Анализи
Започна гласањето за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Започна гласањето за изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, каде што ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија.(повеќе…)
Анализи
Најголеми добитници се должниците, најголеми губитници државниот буџет, банките, финансиските друштва и другите позајмувачи – тоа е цената на простените долгови
Должниците повторно, по кој знае кој пат во оваа држава, ќе бидат најголемите добитници од законските измени за застареност на долговите после 10 години, а најголеми губитници ќе бидат државниот буџет, индивидуалните доверители што позајмиле пари и финансиските друштва, коментираат правници и познавачи на финансиските состојби во земјава. Според нив, долговите кон банките најверојатно ќе излезат како најголем апсолутен износ, но тоа нема да има големо влијание врз банките затоа што тие веќе ги имаат резервирано овие побарувања и затоа сега нема да бидат оштетени нивните биланси.(повеќе…)
Анализи
Граѓаните земале 25,5 милиони евра кредити од банките за еден месец, компаниите во ноември „апстинирале“ од кредити
Банките во земјава во ноември лани одобриле вкупни кредити во износ од околу 1,3 милијарди денари (20,8 милиони евра), при што најголем дел завршиле кај домаќинствата, односно компаниите останале без поголема кредитна поддршка. Дури има и намалување на вкупната изложеност на банките кај корпоративниот сектор за 252 милиони денари (околу 4 милиони евра) поради намалениот обем на кредити во странска валута.(повеќе…)
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | АНТОНИО АРГИР: Групацијата НЛБ прерасна во регионален пионер во областа на напредните дигитални плаќања
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 4 недели
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Домашни банкипред 2 месеци
Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Банкипред 2 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка