Бизнис
Иуте ја проширува понудата на платежни услуги со лиценцирање на институција за електронски пари на Европскиот пазар.
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка.Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа.
На овој начин, Бугарија се приклучува на албанската Иуте подружница, која ја доби лиценцата за електронски пари во 2022 година, додека во Молдавија групација Иуте нуди платежни услуги преку Energbank.
Со оваа лиценца корисниците ќе имаат можност да отворат платежни сметки за добивање на приливи по основ на плата, трансфер на пари во реално време, плаќање сметки за комунални услуги или отплата на рати по кредити.
“Лиценцата за институција за електронски пари е клучен чекор во стратегијата на групацијата да стане меѓународен давател на платежни услуги, на начин што нѝ овозможува да го прошириме делокругот на делување ширум сите пазари на ЕУ, нудејќи брзи, беспрекорни и клиентски ориентирани решенија за плаќање. Ова овозможува и на другите Иуте подружници и нивните клиенти пристап до инстант плаќања во евра, без разлика дали нивните земји имаат инфраструктура за инстант плаќања“, изјави Тармо Силд, Извршен директор на Групацијата.

Групацијата Иуте е финтек компанија основана во 2008 година во Естонија, специјализирана во делот на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурителни производи. Иуте услужува клиенти во Албанија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија, притоа финансирајќи ги своите кредитни портфолија со капитал, депозити и обезбедени обврзници на регулираниот пазар на Франкфуртската и Балтичката берза.
Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија, дигиталнонајмоќната земја во Европа, од својата мајка компанија гицрпи сите технолошки дигитални новини, имплементирајќиги и на домашниот пазар и корисници.
Во изминативе 15 години, Иуте еволуираше стабилно, од компанија за кредитирање во банкарска групација во повеќе бизнис сегменти, продолжувајќи цврсто и сигурно да ги следи зацртаните цели.
Потврда за истото беше и неодамна добиениот прв Фич рејтинг, како огромен успех и доказ за кредибилитетот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои, според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista), покажале континуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатата декада.
Бизнис
iuteMarket со попуст од 27% за обновен iPhone 15 Pro
iute Macedonia објави нова понуда во рамки на iuteMarket за обновен Apple iPhone 15 Pro со 128 GB меморија во црна боја, кој е достапен со попуст од 27 проценти.
Како што информираат од компанијата, со купувањето корисниците добиваат и подарок безжичен полнач и држач за телефон, како и бесплатна достава.

Понудата е достапна преку апликацијата Myiute, во делот iuteMarket.
Бизнис
iuteMarket со понуда за ученици и оние кои работат од дома: Биро и столица со 33 отсто попуст
iute Macedonia нуди промотивна понуда преку iuteMarket, наменета за сите кои сакаат да создадат практично и удобно место за учење или работа.
Во рамки на понудата, STUDY MATE бирото и столицата се достапни со 33 отсто попуст, а купувачите добиваат и масичка за лаптоп на подарок.
Од компанијата посочуваат дека производите може лесно да се купат преку iuteMarket во апликацијата Myiute.

Понудата е насочена кон ученици, студенти, но и сите кои работат од дома и сакаат да го организираат својот работен простор со функционален мебел и дополнителна опрема.
Бизнис
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 1 септември малопродажните цени во просек се намалуваат за 2,06 проценти во однос на претходната одлука од 24 август.
Од 00:01 часот на 1 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 95 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 44,410 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар за литар. Дизелот, пак, поевтинува за 6,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за 3,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 1,166 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека утврдените износи се максимални цени, а трговците можат нафтените деривати и горивата за транспорт да ги продаваат и по пониски цени.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





