Connect with us
no baners

Осигурување

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Објавено

на

Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување.

Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј иницијатор беше Агенцијата за супервизија на осигурување.

По тој повод денеска директори и членови на управните одбори на десет осигурителни компании ги доделија договорите за стипендии на овие студенти запишани во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ. По двајца студенти со просечна оценка еднаква или повисока од 9 ќе стипендираат „Кроација осигурување – неживот“ и „Кроација осигурување“. По еден студент, со просек еднаков или повисок од 9, ќе стипендираат друштвата: „Еуролинк“, „Триглав осигурување“, „Сава осигурување“, „Граве“, „Триглав осигурување живот“, „Еуроинс осигурување“, Граве неживот“ и „Халк осигурување“.

На свеченоста организирана по тој повод на Економскиот факултет денеска пред присутните се обратија проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет, проф.д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО, а во име на осигурителните дрштва се обрати Ѓорѓе Војновиќ, претседател на еснафското здружение на осигурители при Стопанската комора и директор на „Триглав осигурување“. Пред присутните се обрати и Александар Николовски, претседател на факултетското студентско собрание.

Во својот поздравен говор деканот Трпески се заблагодари на АСО како иницијатор и на компаниите кои стипендираат нивни студенти и истакна:

„Ова е успешен почеток на една плодна соработка која ќе значи приближување на осигурителната индустрија и високообразовниот процес. Стипендиите значат многу за студентскиот стандард, но уште поголемо е значењето на шансата што студентите ја добиваат во отворената соработка со осигурителната индустрија”.

Студентите од осигурителните компании ќе добијат стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност, можност за практична обука во компанијата, а опција е и вработување.

Претседателот на АСО, Шајноски во своето обраќање на студентите им порача: „Овде не сте само за стипендијата. Тоа е моментално материјално добро. Пред вас ќе се отворат вратите на финансиски здрави и конкурентни осигурителни компании во кои ќе можете практично да научите што е осигурување, како функционира, како се процесираат штетите, како се креираат нови осигурителни производи. Можете многу да научите од овие успешни менаџери и менаџерки и од тимовите со кои тие раководат. Да почувствувате како се заработува денарот на отворен пазар, како да да се натпреварувате во конкурентни услови за да станете подобри и поуспешни”.

На првата генерација стипендисти на осигурителните компании Војновиќ им кажа:

„Мотивирање и поддршка на младите во сите сфери на образовниот систем, а особено во високото образование, е исклучително важно за понатамошниот развој на динамично општество. Едукацијата треба да придонесе кон креирање лидери, кои ќе умеат да се справат со предизвиците, со леснотија ќе се приспособуваат на брзите промени и ќе креираат услови за позитивен развој. Затоа, ние во осигурителната индустрија, продолжуваме да вложуваме напори да ги поддржуваме и да инвестираме во младите лидери, со цел, да ја подигнеме јавната свест и да ја подобриме перцепцијата за придобивките од осигурувањето.”

Пред присутните се обрати и студентот Николовски кој во име на студентите се заблагодари на укажаната шанса и додаде: „Стипендирањето на студентите претставува дополнителен мотив за унапредување на знаењата, чуство на препознатливост и момент кој може полесно да го одреди кариерниот пат на студентот. Оваа соработка е пример за стимулирање на успехот во образовниот процес и подобрување на кариерните можности во финансискиот сектор”.

Осигурување

Хрватската осигурителна компанија Кроација Осигурување меѓу европските компании со најголем раст на акциите во 2026 година

Објавено

на

Акциите на Кроација Осигурување годинава бележат раст од 62 проценти, со што најголемата хрватска осигурителна компанија се најде меѓу европските фирми со најдобри берзански перформанси во 2026 година, покажува анализа на Euronews.

Компанијата, чија пазарна капитализација се проценува на околу една милијарда евра, е издвоена како лидер во финансискиот сектор, а интересот на инвеститорите се поврзува со влезот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната.

Најголем раст на европските берзи годинава има шведската компанија „Сиверс Семикондакторс“, чии акции скокнале за дури 947 проценти. Компанијата произведува фотонски и полупроводнички компоненти што се користат во дата-центри за вештачка интелигенција и 5Г мрежи.

Веднаш зад неа е францускиот „Сојтек“, со раст од 639 проценти, благодарение на производството на иновативни материјали за полупроводници.

Во енергетскиот сектор, меѓу најуспешните се британските компании („Церес Пауер“) и („ИТМ Пауер“), кои работат на технологии за водород и горивни ќелии. Акциите на Церес Пауер пораснале за 237 проценти, додека ИТМ Пауер бележи раст од 173 проценти.

Во здравствениот сектор се издвојува францускиот („Нанобиотикс“), чии акции пораснале за 89 проценти по напредокот во тестирањето нова терапија за лекување рак.

Раст од 64 проценти има и „Јутелсат“, поттикнат од зголемениот интерес на Европа за алтернативи на сателитскиот интернет Старлинк на Илон Маск.

Според анализата, корист од кризата на Блискиот Исток имал и луксембуршкиот бродски оператор „Д’Амико Интернешнл Шипинг“, чии акции пораснале за 84 проценти поради нарушувањата во глобалниот транспорт.

Кроација Осигурување работи и на повеќе пазари во регионот, меѓу кои Словенија, Србија и Северна Македонија.

Продолжи со читање

Осигурување

BLACK FRIDAY во Кроација Осигурување: 70% попуст на годишно патничко осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување започна BLACK FRIDAY акција за патничко осигурување, која ќе трае до 31 мај 2026 година.

Во рамки на акцијата, корисниците можат да добијат 70 отсто попуст на годишно патничко осигурување со откупени 120 дена.

Од компанијата информираат дека осигурувањето овозможува сигурност при патување, брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита за различни патни ситуации и непредвидени настани.

„Не дозволувај непредвидени ситуации да ги нарушат твоите авантури. Искористи ја оваа специјална BLACK FRIDAY акција и патувај релаксирано“, порачуваат од компанијата.

Акцијата е достапна преку онлајн регистрација на официјалната веб-страница на компанијата.

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување со „Safe City“ акција за каско осигурување

Објавено

на

Компанијата Кроација Осигурување започна промотивна „Safe City“ акција насочена кон каско осигурувањето, со фокус на поттикнување одговорно возење и зголемена безбедност на патиштата.

Од компанијата порачуваат дека одговорното однесување зад волан значи помал стрес, поголема сигурност и дополнителни придобивки за возачите. Во рамки на понудата, преку пакетот „Blue Kasko“, клиентите добиваат заштита за своето возило, а оние што возат одговорно може да остварат и дополнителни поволности.

Акцијата има за цел да ги информира возачите за достапните можности и да им помогне да изберат решение што најдобро одговара на нивниот стил на возење.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange