Connect with us

Business Woman

Д-р Штериева: Одржливоста на бизнисот е неодржлива без ЕСГ известување

Објавено

на

ЕСГ известувањето како средство и обврска за долгорочна одржливост на бизнисот беше една од главните теми на Женскиот економски форум – Балкан 2024, кој Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, финансиски го поддржа.

А, д-р Маја Стевкова-Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, беше учесник на овој панел, на кој се дискутираше за потребата од интегрирање на одржливоста во бизнисот преку ЕСГ извештаите.

Со истакнување на можностите што ги нуди ЕСГ известувањето, кое сѐ уште е новитет за македонскиот бизнис, д-р Штериева потсети дека ЕСГ е комплексно прашање и затоа бара сестран придонес за да се остави зелен импакт во сите предвидени области.

„Обезбедувањето зелени финансии и можности за бизнисот веројатно е еден од најголемите предизвици за банките и за македонската економија. Банките веќе се обединија во конзорциум кој ќе бара соодветни решенија. Но, државата треба да го реши проблемот со користење јаглен во производството на електрична енергија, која потоа ја користат компаниите“, порача д-р Штериева.

Таа го истакна придонесот на Комерцијална банка за поддршка на бизнисите со зелени кредитни линии од програма на ЕБОР и на Развојната банка на Македонија, а најави и збогатување на портфолиото со нови кредитни линии.  

Според д-р Штериева, ЕСГ известување значи пристап до можности за финансирање на бизнисот, за што компаниите мора да бидат свесни доколку сакаат да обезбедат кредити.

Таа го посочи значењето и на социјалниот момент во ЕСГ известувањето, каде особено треба да се работи на родовата рамноправност со цел економско зајакнување и унапредување на позицијата на жените во општеството.

Комерцијална банка со својата поддршка на овој настан и водена од мотото дека Полесно е заедно да се следат промените, даден значаен придонес за актуелизирање на едно од најважните прашања за бизнисот, од кое зависи не само иднината на економијата, туку и на планетата Земја.

Business Woman

Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје?

Објавено

на

Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, акционерите доставија предлог-Одлука за именување на член на Надзорниот одбор, за седницата на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје закажана на ден 29.11.2024 година.

Со доставениот предлог, акционерите за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ја предлагаат Хедвика Усеник, со живеалиште во Љубљана, Република Словенија.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Хедвика Усеник на позицијата член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ќе дојде на местото на Блаж Бродњак кој поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Мандатот на Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

Продолжи со читање

Business Woman

Весна Трајковска од Комерцијална банка АД Скопје избрана за Претседател на АЦИ Македонија

Објавено

на

За нов претседател на Здружението АЦИ Македонија е избрана Весна Трајковска, раководител на Одделението за FX тргување и пазар на пари во Комерцијална банка.

Благодарејќи на долгогодишното искуство во областа на тргувањето со девизни средства и нејзиниот придонес за развој и промовирање на еден од клучните финансиски пазарни сегменти во земјава, Трајковска е избрана за прв човек на АЦИ Македонија од страна на нејзините колеги од сите банки во земјава.

Од Комерцијална банка ѝ го честитаа изборот на колешката Весна и воедно и посакаа да остане посветена на својата активна улога, особено поради динамичните глобални финансиски пазари, како и да придонесе за натамошен развој на Здружението.

Продолжи со читање

Business Woman

Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска: Македонските менаџерки составен дел од успешни бизнис приказни

Објавено

на

На свеченото доделување на наградите по 28-ми пат на манифестацијата „Најуспешни жени менаџери за 2024″, организирана од агенцијата „Марили” за најуспешни менаџери беа прогласени жени менаџери од Македонија,  Србија и Хрватска.

Г-ѓа Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска член на Управен одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија и сопственик на компанија Камел 98 основана од 1981 година како семејна команија од прехранбената индустрија, со три производни објекти и палета со повеќе од 300 производи, е една од добитниците на награда на најуспешните жени менаџери од земјава и регионот во избор на „Марили”.

”Жените во бизнисот се свесни за предизвиците со кои се соочуваат, особено додека се обидуваат да се искачат на корпоративната скала до извршни позици, улогата на жени успешни претприемачи е сè позначајна за економијата и нивните иновативните идеи се одличен извор за надминување на економската криза. Тие се отворени за нови идеи и нови заложба да се успее во бизнис светот. Секако, претприемачката иницијатива со себе носи одредени одрекувања, фокусот, секогаш е крајната цел е да овозможите непрекинлив тек на процесите во компаниите, да ја задржите конкурентноста на пазарот и да одговорите максимално професионално на потребите на соработниците и клиентите. Она кон кое постојано ја насочувам мојата енергија се растот и развојот на компанијата и одржувањето на бизнисот во чекор со светските трендови. Како сопственик, но пред сè, како професионалец, се трудам сето мое досегашно искуство да го пренесам на тимот со кој секојдневно работам и заедно тимски да постигнуваме успешни резулати. На светот, на нашата земја, на регионот му се потребни силни, успешни, жени лидери во сите дејности. Како претставнички на бизнис секторот и во време на специфични услови за водење на бизнис докажаме заедно дека со стабилни стратегии и мерки успеавме да ги пребродиме предизвиците со кои тековно се соочуваме, поддршката од семејството е битен фактор за успешен кариера, флексибилноста во семејството е важна за постигнување баланс меѓу професионалниот и личниот живот”, истакна Жанета Бадароска Ѓорѓиевска и се заблагодари во своето обраќање и на поддршката од сопругот успешен долгогодишен бизнисмен сопственик на ”Специјал Продукт”.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени” преку Марили Бизнис клубот, спојува жени менаџери, а идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век, за бидат пример и поттик за генерациите кои доаѓаат по нив“, наведува генералниот менаџер Лидија Трипуновска од „Марили“.

Многу од денешните нови производи потекнуваат токму од малите претпријатија, и тие откриле повеќе од една половина од главните иновации во последните 30 години, тоа е дополнителен поттик за младите претприемачи да имаат храброст и иницијатива да основаат своја компанија.

Продолжи со читање

Популарно