Connect with us

Домашни банки

Завршна изложба и хуманитарна аукција на уметнички фотографии за заштита на птиците во Македонија

Објавено

на

ПроКредит банка, во соработка со фотографот Велиан Јагев, ве поканува на „ИЗЛОЖБА И АУКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, која ќе се одржи на 27 јуни (вторник) од 19 часот до 21 часот, во просториите на Централна Управа на ПроКредит банка.

Со хуманитарната аукција на изложените фотографии се заокружува патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија. Изложбата посети шест градови низ целата држава, почнувајќи од 2 јуни до 18 јуни, привлекувајќи големо внимание и интерес на посетителите.

ПроКредит банка со гордост го поддржува овој проект чија цел е подигнување на свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и за биодиверзитетот. Како пример за одговорност, ПроКредит Банка веќе 20 години поставува стандарди за одржливост и одговорност и преку своите активности континуирано придонесува кон зачувување на животната средина.

Подетални информации за изложбата можат да се прочитаат на „НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигање на свеста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка (pcb.mk)

Домашни банки

Најуспешната конференција „Чувари на мудроста“ за професионален развој и мотивација на младите луѓе, годинава во ново, освежено издание

Објавено

на

Во тек се подготовките за втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на „Халкбанк“ АД Скопје. На конференцијата, како и минатата година, ќе говорат успешни и реализирани луѓе, различни профили на стопанственици, уметници, професори, автори. И оваа година ќе се дискутира на интересни теми значајни за професионалната надградба и кариерниот развој на младите, со цел да се мотивираат и да се инспирираат на својот професионален пат.

„Преку искуството на панелистите од различни области, идејата е да се пренесат и да се раскажат многу интересни приказни за кои веруваме дека ќе ги инспирираат и ќе ги мотивираат младите на нивниот професионален пат. Сметаме дека поддршката и мотивацијата на младите кадри е клучна за нивниот успешен развој и за зацврстување на нивните професионалните вештини“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ од 2023 година беше наградена како најдобра конференција во категоријата Најдобар самит, конгрес или конференција. Оваа година организаторите се мотивирани да ја реализираат во малку поинаков формат, со многу повеќе интересни гости, докажани и значајни во нивните области.

Целната публика се, пред сè, млади луѓе, младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи, културни работници, претставници на стартап компании итн.

Целта на конференцијата е да одговори на низа прашања на кои наидуваат младите во градењето на професионалната кариера. Да придонесе за поквалитетен развој во областите во кои дејствуваат. А мудроста, искуството, ентузијазмот и успехот кои ги дефинираат панелистите ќе отворат низа прашања и одговори, важни за сечиј развој.

Конференцијата е дел од поголемата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што започна во 2022 година, со намера да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации. Во рамките на кампањата се спроведоа повеќе активности, настани и работилници во чиј центар беа пензионерите и повозрасните лица.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ и за конференцијата „Чувари на мудроста“ се достапни на https://cuvarinamudrosta.mk/

Влезот за сите студенти ќе биде бесплатен, со приложување студентска легитимација, но заради ограничениот број на присутни, задолжително ќе биде пријавувањето преку следната онлајн форма: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

Датум: 11 јуни 2024 ( вторник )

Времетраење: 10:00 – 15:00

Локација: Младински културен центар

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе се дружи со студентите на Job Fair на техничко-технолошкиот кампус во Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка и БЕСТ Скопје се подготвени за почетокот на Саемот за вработување Job Fair, кој од 15 до 19 април ќе се одржи на техничко-технолошкиот кампус во Скопје.

Како Генерален спонзор на Бордот на Европски студенти по технологија, Комерцијална банка ќе го поддржи и овој значаен и интересен настан и ќе биде присутна со свој штанд на Технолошко-металуршкиот факултет, каде на студентите ќе им обезбеди корисни информации за сите можности што ги имаат за успешен почеток на нивната кариера.  

Студентите на штандот на Банката ќе може да се информираат за пракса или вработување, за ИТ тимот и дигитализацијата како воспоставен стандард во работењето и во понудата на Комерцијална банка, како и за бесплатниот пакет за млади кој им ги нуди банкарските производи и услуги што му се потребни на секој млад човек за безбедни и безгрижни лични финансии.

Успешниот старт на кариерата се базира на знаење и вештини, како и на располагање со корисни и потребни информации. Токму затоа Комерцијална банка и нејзините вработени на Job Fair ќе им овозможат на студентите да добијат сѐ што им треба за нивниот иден кариерен развој.

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 10 април

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 10 април (среда) заради празнување на Рамазан Бајрам.

Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Популарно