Банки
Google Pay овозможен за корисниците на платежни картички од Стопанска банка АД – Скопје

Google Pay стана достапен за корисниците на платежни картички VISA и MasterCard издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Со тоа, клиентите на Банката се во друштво на корисници од 60 други земји од светот кои имаат можност да плаќаат во ресторани, продавници, но и онлајн преку апликацијата Google Wallet.
Google Pay е достапен за сите корисници на уреди со Android во Република Северна Македонија кои имаат Android оперативен систем, поддржуваат технологија NFC и (барем повремено) имаат стабилна интернет конекција на тој уред. Имено, не е неопходно уредот да е секогаш поврзан на интернет при плаќање, туку може да се плаќа и без интернет пристап, а системот ќе го ажурира салдото по поврзувањето на интернет. Посебно внимание се посветува за безбедноста на картичките и сметките на корисниците така што, броевите на картичките не се зачувуваат на самиот уред, туку на серверот, па се намалува ризикот некој да ги украде броевите на картичката со кражба на мобилниот уред. Google Wallet користи токенизација, односно при подготовка на трансакција создава виртуелен број на сметка така што дури и трговецот не може да го дознае бројот на сметката.
Како и кај другите бесконтактни трансакции, така и при плаќање со Google Pay не е потребно да внесувате PIN за секое плаќање. Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно ќе биде да го допрете екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.
Google ја избра Стопанска банка АД – Скопје за свој партнер во воведувањето на Google Pay. За да го користите овој начин на плаќање, треба да ја преземете апликацијата Google Wallet од Google Play и по инсталацијата да ги додадете вашите дебитни или кредитни картички Visa или MasterCard од Стопанска банка АД – Скопје. Потоа, кога купувате, само разбудете/активирајте го вашиот паметен телефон и допрете го до терминалот за бесконтактно плаќање. За трансакции над 2.000 денари, како дополнителна безбедносна мерка, потребно е да го отклучите мобилниот уред.
Услугата Google Pay е интегрирана во сите производи на Google и го олеснува купувањето на филмови, книги и плаќања во апликации од трети страни. Исто така, услугата ви овозможува да зачувате ваучери, картички за лојалност, за транспорт и картички за подарок и да ги користите при плаќање. Дополнително, Банката ги овозможи и плаќањата преку други видови мобилни уреди како Garmin часовници, Fit Bit и часовници со Wear OS.
„Задоволни сме што Стопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им ја обезбедува услугата Google Pay за користење со своите платежни картички. Услугата е достапна за сите клиенти на Банката, корисници на паметни телефони со оперативен систем Android, како и корисници на дебитна или кредитна картичка од MasterCard или од Visa преку апликацијата Google Wallet. Благодарение на партнерството со Google, Стопанска банка АД – Скопје ја потврдува својата лидерска позиција кај населението и во следниот период ќе ги презентира новите функционалности на граѓаните низ републиката” – изјави Стефан Пепоски, директор на Сектор за картични производи и директно банкарство.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
Банки
ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.
Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф.
“Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци.
Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.
Банки
Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со рекордна дивиденда – ќе подели 65 милиони евра на своите акционери!
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти