Банки
Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа уште една успешна ХалкВелоГрин трка

Уште една успешна ХалкВелоГрин хронометар велосипедска трка се одржа на 8 септември во Маврово. Над 200 вљубници во велосипедизмот празничниот неработен ден го искористија да се дружат, забавуваат и натпреваруваат, а најбрзите од нив, во различни категории, освоија и вредни награди. Организатор на трката што се одржа четврта година по ред и веќе стана традиционална е Халканк АД Скопје, и истата е дел од еко – платформата ХалкЕко на банката чија што цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.
Самата трка годинава, покрај натпреварувачкиот дух, доби повеќе и забавен и рекреативен карактер, ставајќи го акцентот на велосипедот како средство за рекреација, спорт и движење за секој.
Оваа година во категоријата ВОЗРАСНИ во женска конкуренција најбрза беше Андријана Анастасоска, второто место го освои Александра Танасоска, а третото Лидија Мано Илиев. Во истата категорија во машка конкуренцја прв на целта пристигна Димитар Јовановски, а зад него Кирил Марковски и Маријан Тасевски. Во оваа категорија, инаку, годинава беа формирани и подкатегории според возраста и тоа мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години.
Во категорија ДЕЦА, кај оние на возраст од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките, а кај најмладите велосипедисти, деца од 6 до 12 години кои возеа траса долга 12 километри, (до Никифорово и назад), првите три места ги освоиј Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска од женските и Марко Михајлов, Марко Шаврески и Марко Чекеровски од машките деца.
Бидејќи годинава имаше можност и за тимско пријавување, за најбрзи тимови беа проглесени тим Нивеа, тим ЈЦА и тим Халкбанк.
Најдобрите велосипедисти во сите категории освоија и вредни парични награди кои што ги обезбеди Халкбанк и тоа 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ВОЗРАСНИ, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата ДЕЦА, од 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ВОЗРАСНИ ќе бидат исплатени на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.
Трката ХалкВелоГрин е само дел од многубројните настани и активности кои Халкбанк како еко ориентирана компанија ги организира или ги поддржува преку својата платформата ХалкЕко која што ја претставува „зелената агенда“ на банката. Во средиште на платформата е истоимената апликација преку која, со вредни награди, банката ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат или да користат велосипед или тротинет како превозни средства.
Како и секоја година и годинава, собраните средства од котизациите за учество во трката Халкбанк повторно ќе ги искористи за општествено корисни цели.
Банки
Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност.
Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство.

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените.
Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Банки
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
Банки
Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки.
Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.
- Банкипред 1 недела
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Анализипред 2 месеци
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Банкипред 2 месеци
ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје со нова експозитура во Diamond Mall – банкарските услуги поблиску до клиентите
- Банкипред 2 месеци
Европските инвестициски банки со најдобри трговски резултати во последната деценија
- Бизниспред 2 месеци
Mint Bonus прославува една година успех на програмата за лојалност на клиенти
- Останатопред 2 месеци
Колку пари контролира Ватикан? Финансиската моќ на новиот папа Лав XIV (Роберт Превост)