Connect with us

Банки

Нацевска на симпозиум на високо ниво: Приближувањето на европските мултинационални компании кон регионот – можност за поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Објавено

на

Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мери во Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем – импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви” којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. Зголемените геополитички тензии креираат ризици од фрагментација на глобалната економија и претставуваат сериозна закана за сите досегашни придобивки од високата меѓусебна поврзаност и зависност на глобалниот економски систем, што може да доведе до сериозни импликации и загуби во светската економија. Геополитичките настани во последните неколку години ја поттикнуваат фрагментацијата и во инфраструктурата за извршување на меѓународните плаќања, што дополнително може да влијае на трговските и капиталните меѓузависности на земјите и регионите и со тоа повратно да ја засили економската фрагментација.

Во својата дискусија, вицегувернерката Нацевска посочи дека неповолните ефекти од гео-економската фрагментација особено би се почувствувале кај малите и отворени економии, како нашата, чијшто потенцијал за раст во голема мера е условен од вклученоста во меѓународните текови на стоки, услуги и капитал. Таа истакна дека македонската и економиите на земјите од Западен Балкан веќе се соочуваат со послаба динамика на раст и конвергенција кон земјите од ЕУ, како последица на забавената глобализација по појавата на светската финансиска криза. Оттаму, за да се задржи и поттикне растот во услови на зголемени ризици од де-глобализацијата се потребни навремени и добро осмислени мерки со кои би се искористиле придобивките од промените кај мултинационалните компании предизвикани од гео-економските поместувања и би овозможиле вклучување на домашните производствени капацитети во глобалните синџири на снабдување. Во овој контекст, за нашата земја е значајно искористувањето на можностите од процесот на преместување на производството на европските мултинационални компании од сегашните подалечни на поблиски и помалку ризични локации (т.н. nearshoring), што ќе овозможи и поголема интеграција со земјите од ЕУ. Според анализите на ММФ, поголемата интеграција на земјите од регионот на Западен Балкан во глобалните синџири на снабдување може да го подигне нивото на БДП од 3% до 10%.

Подвлекувајќи го значењето на платежната инфраструктура за трговската и финансиската интеграција, вицегувернерката Нацевска истакна дека земјите од Западен Балкан интензивно работат на создавање предуслови за меѓусебна интеграција на домашните платежни системи и нивна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ. Во таа насока, земјите од регионот  активно се подготвуваат  за пристапување кон Единствената европска платежна област (англ. SEPA-Single Euro Payment Area). Со прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА се очекува да се подобри ефикасноста, да се намалат трошоците и да се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од границите на домашната економија.

no baners

Банки

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата.

На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет преку бројни развојни проекти, со посебен акцент на модернизацијата на платните системи. Современите и ефикасни платни решенија придонесуваат за поголема сигурност, побрз проток на финансиски средства и олеснување на деловното работење, што е значајно за подобрување на инвестициската клима.

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

Во разговорот, гувернерот Славески се осврна и на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), оценувајќи дека станува збор за историски чекор за македонската економија. Тој посочи дека со пристапувањето кон СЕПА, на македонските граѓани и компании им се овозможи да вршат побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, и тоа уште пред полноправното членство на земјава во Европската Унија.

Гувернерот нагласи дека со воспоставувањето клон на ТИПС, развиен со поддршка на Европската централна банка, се официјализира почетокот на современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзиното регионално поврзување со земјите од Западен Балкан и со европскиот платежен простор. Со овој систем ќе се овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, при што најголемиот дел од трансакциите ќе се обработуваат за неколку секунди. Новите решенија ќе овозможат едноставно иницирање плаќања, што ќе придонесе за побрзи, посигурни и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите, како и за поефикасно работење на трговците.

Соговорниците ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и размената на искуства во областите од заемен интерес, заради поддршка на економската стабилност и реформските процеси во земјава.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.

Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.

Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.

Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.

Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.

Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.

Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange