Connect with us

Продукти

Вашиот дом нека штеди енергија и пари со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка и ЕБОР

Објавено

на

Вашиот дом може да штеди енергија и пари. Направете го вашиот дом енергетски ефикасен со Кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, кој е дел од GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој.

Кредитот за енергетска ефикасност ви овозможува инвестиции во енергетски ефикасни решенија, со кои ги смалувате трошоците за енергија и ја чувате животната средина. И, што е најважно доаѓа со:

  • Грант до 20 % од кредитот,
  • Каматна стапка од 7,152 % годишно,
  • Максимален износ до 50.000 евра,
  • Рок на отплата до 20 години.

Обезбедете си двојна заштеда со енергетска ефикасност на вашиот дом преку кредитот на Комерцијална банка, кој нуди многу можности за „зелено“ инвестирање.

Кредитот за енергетска ефикасност може да се користи за термоизолација на фасадата, замена на старите врати и прозорци, како и за набавка на печки/котли на биомаса, котли на гас, соларни колектори за топла вода, фотоволтаични системи, топлински пумпи, високоефикасно и нискотемпературно осветлување, балансирана механичка вентилација, акумулациски бојлери за топла вода.

Сите информации за кредитот може да ги добиете на следниот линк.

Продукти

Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели

Објавено

на

Сонувате за незаборавно патување? Се замислувате како го истражувате раскошот на Јапонија, динамиката на Кореја или мистиката на Индија. Ви се чини дека тие дестинации се далечни и недостижни?

Сакате да го проширите своето знаење и да се доедуцирате и да стекнете нови вештини и знаења кои ќе ве издвојат? Без разлика дали станува збор за обука во странство, учење нов јазик или надградување на професионалните способности – овие можности се чекор поблиску до вашите цели и соништа.

А можеби сакате да го трансформирате својот дом? Замислете го омиленото катче – удобно и стилски уредено, со уникатни парчиња кои ќе му дадат посебен „шмек” на вашиот простор.

Сите овие идеи, желби и планови можат да станат дел од вашето секојдневие со понудата за потрошувачки кредит од Халкбанк. Со овој кредит достапен е износ до 1.500.000 денари (25.000 евра), кој може да се отплаќа до 95 месеци и истиот е со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата. Ова значи дека месечниот трошок е предвидлив и стабилен, а Вие можете да се фокусирате на вашите потреби и планови без дополнителни трошоци.

Со понудените услови, Халкбанк нуди поддршка за примателите на плата преку банката, како и за сите кои ќе се одлучат да ја префрлат платата во банката, ослободени од дополнителни трошоци за обработка на кредитот и провизија за предвремена отплата. Оваа можност е наменета за задоволување на најразлични потреби, со финансиска поддршка што е долгорочно предвидлива и приспособена на секојдневните барања.

Сега е можноста да ги направите првите чекори кон реализација на сопствените идеи – префрлете ги вашите замисли во реалност со потрошувачкиот кредит на Халкбанк.

Продолжи со читање

Продукти

Единствено со НЛБ haPPy кредитните картички – двоен поврат на средства во ноември 

Објавено

на

Да се поседува НЛБ haPPy картичка овој месец е вистинска привилегија. Сите нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките во промотивниот период до крајот на ноември, ќе имаат можност за секоја направена трансакција, да добијат двојно поголем поврат на средства – од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 24%, во зависност од продажното место. 

Во рамки на промоцијата, корисниците на НЛБ haPPy кредитните картички за секоја направена трансакција на било кое продажно место, ќе добијат двојно повеќе поврат на средства од редовниот. Информации за редовниот поврат на средства се достапни на веб страницата: www.happycard.mk 

НЛБ haPPy кредитната картичка е единствена картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства (cashback) за секоја направена трансакција на продажно место во земјата и странство. Тaа е вистинска картичка за среќа, која може да се користи секојдневно за пазарувања и подигнување на готовина. Минималниот месечен износ за отплата изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена. 

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун Македонија.

Повеќе детали за НЛБ haPPy кредитната картичка и промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на НЛБ Банка. 

Овој текст е изработен од НЛБ Банка АД Скопје. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4.000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври

Објавено

на

Штедењето од најрана возраст игра клучна улога во градењето финансиска стабилност и одговорно управување со личните финансии. Во октомври, месецот на штедењето, Шпаркасе Банка, заедно со Медо Штедо, го насочи своето внимание кон едукација и подигнување на свесноста кај младите за важноста на оваа практика.

Шпаркасе Банка со гордост објавува дека едуцираше повеќе од 4.000 деца од градинки и училишта низ цела Македонија, вклучувајќи ги во едукативни активности што беа дел од Шпаркасе карванот – серија интерактивни посети, каде што децата учеа за основите на штедењето и за одговорното управување со парите на забавен и лесно разбирлив начин.

Како дел од својата посветеност на финансиската едукација, Шпаркасе Банка ги приспособи своите производи за да ги мотивира децата да почнат со штедење и да ја градат својата финансиска независност. Една од овие понуди е Детски депозит Плус – производ што ги поттикнува најмладите да развијат навика за штедење уште од рана возраст.

Штедењето започнува со минимален влог од 3.000 денари или 50 евра, со можност за дополнителни уплати. Детски депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето, а клиентите можеа да изберат опција што најмногу одговара на нивните потреби.

  • За штедење во денари, клиентите добиваат:
  • 4,0% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 4,1% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
  • За штедење во евра:
  • 3,3% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 3,4% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

Шпаркасе Банка верува дека едукацијата за штедењето е основен чекор кон градење сигурна финансиска иднина. Банката е свесна дека родителите имаат клучна улога во овој процес и со своите понуди и услуги е тука да ги поддржи на секој чекор од нивното финансиско патување.

ВерувајВоИднината

Продолжи со читање

Популарно