Connect with us
no baners

Продукти

Неверојатен денарски депозит со 4,5% каматна стапка по повод јубилејни 75 години на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка а.д. Битола оваа година прославува 75 години постоење. Оваа домашна банка, со својот широк спектар на банкарски производи 75 години е сигурен партнер на домаќинствата и поддршка на бизнисите во земјата.

Досегашното искуство на сите оние кои својата доверба ја довериле во оваа банка говори за фактот дека Стопанска банка а.д. Битола ја цени лојалноста на своите клиенти и наоѓа начини за да ја награди истата. По повод одбележувањето на овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола за сите свои постоечки, но и за потенцијалните клиенти нуди неверојатна каматна стапка на денарски депозитен производ која е фиксна и на годишно ниво изнесува 4,5% за рок на орочување 45 месеци. Со оваа промотивна понуда Стопанска банка а.д. Битола има за цел да го стимулира штедењето и да го промовира истото како одлична финансиска пракса која во овој случај е со огромен бенефит за сите кои ќе одлучат да ги вложат своите пари во банката.

Минималниот задолжителен влог на овој производ кој е исклучително атрактивен е 6.000МКД, а каматата 4,5% која е фиксна, се исплаќа на годишно ниво – 12 месеци од датумот на влогот, или 12 месеци од претходно исплатената камата.

Овој промотивен производ на Стопанска банка а.д. Битола по повод одбележување на јубилејот 75 години постоење е единствена можност за сите оние кои сакаат да направат сигурен финансиски чекор во стабилна, домашна банка која покрај тоа што негува традиција, води грижа и за вредностите на своите клиенти и општеството.

Повеќе информации за промотивниот денарски депозит

Продукти

Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Објавено

на

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.

Кредит од дома – без шалтер и без документација

За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен прекуVASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.

Достапност во секое време, од било каде

Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седумдена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.

Фиксна камата, без провизии, јасни услови

Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата. 

Фокусот е на клиентот

Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.

Продолжи со читање

Продукти

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

Објавено

на

По повод петгодишнината од своето основање во Македонија, Флекс Кредит ја започна наградната игра „Признавам – не можам без тебе“, со цел да им се заблагодари на своите клиенти за довербата и лојалноста што ја покажале во изминатите години.

Сите клиенти кои во периодот од 09.06.2025 до 19.08.2025 година ќе склучат договор за некој од кредитните продукти на Флекс Кредит, автоматски ќе учествуваат во извлекувањето на вредносни ваучери од 55.000 денари.

Вкупно ќе бидат доделени пет награди, распределени во три фази:

✓ На 25.06.2025 година ќе бидат извлечени два добитника на вредносни ваучери

✓ На 23.07.2025 година ќе бидат доделени уште два ваучера

✓ На 19.08.2025 година ќе биде извлечен добитникот на последниот ваучер.

Со оваа кампања, Флекс Кредит испраќа симболична порака на благодарност кон своите клиенти, кои во изминатите пет години го препознале брендот како сигурен и доверлив финансиски партнер.

Овој јубилеј претставува потврда за успешната соработка со клиентите, а наградната игра е дополнителен поттик за градење на уште посилни релации и идни успеси.

Повеќе информации за правилата, условите за учество и извлекувањата се достапни на официјалната веб-страница на Флекс Кредит: https://www.flexcredit.mk/promocii/nagradna-igra-priznavam-ne-mozham-bez-tebe-5-godini-fleks-kredit

Продолжи со читање

Продукти

Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка

Објавено

на

Летото е совршено време за да си овозможиш повеќе – повеќе поволности, поголеми бонуси и повеќе финансиска слобода!

Комерцијална банка ти нуди одлични промоции со Visa кредитните картички – избери ја твојата омилена и искористи ги придобивките до 30.06.2025.

Со Visa Classic Standard или Visa Classic Revolving плаќај и добиј cashback од 600 денари за промет од најмалку 3.000 денари.

А, со Visa Gold кредитна картичка добиваш удвоен бонус од 0,6 % за секој направен промет во трговија и се стекнуваш со удели на твое име во КБ Инвест – Балансиран.

Ако немаш Visa Classic или Visa Gold кредитна картичка од Комерцијална банка,  избери го твојот фаворит и искористи ја можноста до 30.06. да аплицираш без надомест.

Дознај повеќе на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно