Connect with us
no baners

Банки

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка – оствари добивка од 39,6 милиони евра со главен фокус за силна поддршка на населението и стопанството

Објавено

на

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка обезбеди силна кредитна поддршка на населението и бизнисот, зголемувајќи го притоа пласманот на кредитите кон небанкарскиот сектор и обезбедувајќи раст од 6.2% во овој сегмент споредено со истиот период минатата година, и давајќи значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата.

Истовремено, Банката бележи и раст на довербата на депонентите што резултираше со зголемување на вкупните депозити за 2.9% споредено со истиот период лани.

Нето добивката на НЛБ Банка, заклучно со крајот на септември изнесува 2.435.542 илјади МКД што се должи на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемениот број на корисници на платните сервиси. Воедно, успешното работење на Банката е резултат и на внимателно управување со ризикот, оперативна ефикасност, како и постојана посветеност за подобрување на корисничко искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.

Во наведениот период, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои признанијата од картичниот партнер Visa за исклучителни деловни перформанси и извонредни Visa спонзорски активации, благодарница од организацијата на Црвениот крст за покажаната хуманост и солидарност за настраданото население во земјотресите во Сирија и Турција, признание за најпосакуван работодавач меѓу финансиските институции во земјава од Вработување.ком, а реномираниот финансиски магазин EMEA Finance по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“, што е уште една потврда за успешното работење на Банката. Воедно, НЛБ Банка е избрана и за компанија со најдобри практики во стратешката корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД – Партнерство за давање (P4G), Американската стопанска комора во Македонија и организацијата „Конект“.

НЛБ Банка продолжува да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners