Останато
Дали се гледа крајот на пирамидалната шема MyWorld попозната како Lyoness или со намера се прави раздор, која е вистината!?

Во текот на вчерашниот ден одекна веста дека добропознатата компанија MyWorld, кај нас многу попозната како Lyoness оди во стечај, односно дека повеќе не е солвентна.
Оваа информација ја потврди новинарот Зоран Божиновски, кој на својот Facebook профил објави дека според него измамничката мрежа предводена од бизнисменот Зоран Витанов банкротирала.
На оваа објава се надоврза и новинарката за политички содржини Јорданка Ивановска – Јоци која исто како и Зоран Божиновски објави дека во стечај одат Лајонес Интернационал и Лајонес Европа, според информации од угледни австриски и европски медиуми.
Зоран Божиновски го обвини поранешниот премиер Зоран Заев како еден од партнерите на бизнисменот Зоран Витанов, додека пак Јорданка Ивановска смета дека негов партнер е исто така поранешен премиер на Македонија, а станува збор за Никола Груевски, но не ја исклучува можноста и двајцата поранешни премиери на државата да се вклучени во оваа т.н пирамидална шема.
За жал, најголема загриженост има кај бројните граѓани кои верувале дека преку оваа платформа ќе заработат паричен капитал, па голем дел од своите заштети ги вложувале во Lyoness односно MyWorld.
Од друга страна пак, со свој став се јави и предводникот на MyWorld во Македонија, Зоран Витанов кој ги демантираше овие гласини.
Дали граѓаните кои имаат вложено во оваа таканаречена пирамидална шема треба да бидат сериозно загрижени да не останат без својот вложен капитал или ова е само уште еден обид да се дестабилизира и урне оваа компанија останува да видиме во периодот кој следи. Која е вистината!?
Анализи
МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВА – Додека некои европски земји тонат во инфлација, ние растеме!

Според најновата проекција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), 2026 година ќе донесе различни инфлациски сценарија за европските земји, при што се очекува значајна дисперзија во движењата на цените меѓу економиите. Додека одредени држави успешно ја ставаат инфлацијата под контрола, други продолжуваат да се соочуваат со ценовни шокови и инфлаторни притисоци.
Швајцарија и Франција со најниски инфлациски стапки
Најниска проектирана инфлација за 2026 година ќе има Швајцарија, со стапка од само 0,5%, што ја позиционира како стабилен економски простор со ефективни монетарни механизми. Следат Франција со 1,6% и Ирска со 1,7%, кои исто така покажуваат солидна способност да одржат ценовна стабилност.
Во групата на најразвиените економии, Германија ќе има умерена инфлација од 1,9%, додека Хрватска ќе ја надмине просечната инфлација на ЕУ со 2,6%, што укажува на послабо амортизирање на внатрешните и надворешните притисоци врз цените.
Полска, Унгарија и Турција со повисоки стапки
Од земјите на Европската Унија, Полска и Унгарија ќе забележат највисоки инфлациски стапки, од 3,4% и 3,6% соодветно. Овие нивоа, иако далеку пониски од постпандемиските пикови, сепак покажуваат дека ценовната стабилизација сè уште не е целосно постигната.
Меѓу најзагрижувачките е случајот на Турција, која и покрај напорите на монетарните власти, ќе се соочи со екстремно висока инфлација од 22,8%, највисока на континентот. Ова е резултат на долгогодишна неортодоксна монетарна политика, девалвација на лирата и структурни економски слабости.
Русија и Украина со задржана ценовна нестабилност
Инфлацијата ќе остане релативно висока и во Русија (5,5%) и Украина (7,7%), што е очекувано со оглед на продолжените геополитички тензии, нестабилноста во снабдувачките ланци и ограничениот пристап до меѓународните финансиски пазари.
Македонија со позитивен сигнал и стабилизација
Во однос на Македонија, ММФ очекува економски раст од 3,2% и во 2025 и 2026 година, што претставува сигнал за постепено заздравување и стабилизирање на економските текови. Инфлацијата е проектирана на 3,4% во 2025 и се очекува да се намали на 2,2% во 2026, што укажува на успешни чекори кон нормализирање на ценовната динамика.
Со вакви проекции, Македонија се позиционира во групата на земји со контролирана инфлација, што е позитивен сигнал за инвеститорите, кредиторите, како и за општата макроекономска стабилност.
Бизнис
Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог ЕУ-партнери во Брисел

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес во Брисел зема учество на вообичаениот годишен Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и регионалните партнери. На овој настан присуствуваат претставници од државите членки на Унијата, како и од земјите од Западен Балкан, Грузија, Молдавија, Турција и Украина.
Економскиот и финансиски дијалог претставува секојгодишен собир на ЕУ и нејзините партнери, посветен на прашања од доменот на економската политика.
Овогодишниот, единаесетти по ред, Дијалог ќе се фокусира на зајакнување на конкурентноста на Европа во контекст на тековните геополитички случувања и потребата од олеснување на законската рамка за да се намали административниот товар врз компаниите.
Како што извести Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска ќе се задржи на реформите кои македонската Влада ги презема во насока на подобрување на конкурентноста на економијата, со крајна цел да се забрза економскиот раст.
Покрај министрите за финансии и гувернерите на централните банки на членките на ЕУ и на земјите партнери, на Економскиот и финансиски дијалог учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и на Европската инвестициска банка.
Предвидено е на состанокот да бидат усвоени заеднички заклучоци, кои во идниот период ќе бидат основа за креирање на политиките и спроведување на реформите на патот на земјата кон целосна евроинтеграција.
Дијалогот ќе се одржи пред седницата на Советот за економски и финансиски работи на ЕУ, на кој главни теми ќе бидат правилата за ДДВ за увезената стока, предлозите за измени на регулативата за финансиски услуги и нејзината имплементација, предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина и Механизмот за закрепнување и отпорност на Г20.
Дополнително, европските министри ќе разменат мислења за иницијативата за создавање на Унија за штедење и инвестиции, а ќе одржат и политичка дебата за програмата „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ).
Банки
Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите

Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи од мудроста на докажани бизнис лидери, уметници, професори, автори и визионери кои оставиле длабока трага со своето делување во земјата и светот.
На конференцијата говорниците ќе ги пренесат своите животни и професионални совети на младите, ќе зборуваат за почетоците, предизвиците и клучните моменти што ги обликувале како личности.
Дали постои рецепт за успех? Што ги мотивирало да не се откажат? Низ искрени и отворени разговори, „Чуварите на мудроста“ ќе ги споделат своите животни приказни, драгоцени искуства и искрени совети – не само со студентите, туку и со сите што сакаат да растат, учат и да се инспирираат.
Како и на претходните две изданија, конференцијата ќе биде во формат на форум што ги обединува сите кои веруваат во моќта на знаењето и животното искуство. Со отворени разговори, прашања и дискусии, сите присутни ќе можат да се вклучат и да споделат свое размислување или прашање.
Во текот на наредните неколку дена ќе бидат најавени говорниците на конференцијата, како и темите на панелите. Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Но, заради ограничениот капацитет, истите треба да го пријават своето присуство со пополнување онлајн формуларот за регистрација.
Дојдете и бидете дел од настанот којшто не само што инспирира, туку и обединува. Мудроста нема возраст – таа се создава и негува кога младоста и зрелоста ќе си подадат рака.
- Банкипред 1 недела
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Советипред 1 месец
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување на банкарски службеник во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје
- Бизниспред 2 месеци
Просечната нето плата во Македонија се зголемила за 8,9 проценти и во јануари изнесувала 43.050 денари
- Вработувањепред 2 месеци
Германија ги намалува квотите за работници од Македонија и Балканот