Connect with us

Домашни банки

Управниот одбор на ТТК Банка дополнително го зголеми својот акционерски капитал во банката

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 1.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје.

Едновремено, ТТК Банка АД Скопје известува дека Наталија Алексова, Член на Управниот одбор на Банката, се стекна со 1.500 обични акции, издадени од ТТК Банка АД Скопје.

Со оваа нова инвестиција, Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје дополнително го зголемува својот акционерски капитал во Банката.

Вкупниот број на акции издадени од ТТК Банка АД Скопје во моментов изнесува 25.809 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 1.400,00 денари.

Домашни банки

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

Објавено

на

Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com.

Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси.

Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во Банката, како и врз база на анкетите спроведени на веб-страницата на Vrabotuvanje.com за испитување на јавното мислење.

Д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, во име на целиот менаџмент на Банката изрази голема благодарност за доделената награда.

„Огромна благодарност и до сите вработени за нивниот придонес, посветеност и професионализам, со кои секојдневно излегуваат во пресрет на потребите на клиентите. Комерцијална банка е горда на КБ тимот и продолжуваме заедно понатаму кон нови успеси затоа што дефинитивно така е полесно“, истакна д-р Стевкова Штериева.

Признанијата за најдобрите работодавачи во земјава во 8 категории беа доделени вчера вечер на свечениот настан „Работодавач на годината”, организиран од страна на Vrabotuvanje.com.

Продолжи со читање

Домашни банки

Општина Центар започна со изградба нов плоштад во соработка со Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје 80 години создава трајни вредности за нашата заедница. Преку општествено одговорните активности Банката неуморно донира, спонзорира, но и активно делува за подобра животна средина, поголема инклузивност и мобилност.

Денес, во соработка со Општина Центар  го најавува почетокот на изведба на ново урбано катче, нов плоштад, за чии потреби веќе е ограден просторот на аголот од ул. „Михаил Цоков“ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Модерната конструкција наречена „Урбан атрактор“ опфаќа површина од 56m2 за релаксација и одмор на граѓаните и ќе го збогати јавниот простор со платформа со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди.

Продолжи со читање

Домашни банки

КБ пакети – сѐ во едно за пониска цена и уште поголеми поволности

Објавено

на

Плати помалку, а добиј повеќе со КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус и уживај во современото банкарство на Комерцијална банка.

Избери КБ пакет каков што најмногу ти одговара и добиј ефикасни, брзи и поевтини банкарски производи и услуги.

КБ пакетот го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно и тоа во симболичен износ.

КБ пакетите се вистинскиот избор за секој што има платежна сметка во денари и во девизи, користи мБанка и Интернет банка, поседува дебитни и кредитни картички, сака да плаќа со Google Pay и Garmin Pay или на рати без камата со дебитните картички, има потреба од дозволено пречекорување и, најважно од сѐ, сака да има целосна контрола на личните финансии.

Секој КБ пакет може да го активираш со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка.

Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

Дознај повеќе и избери го твојот омилен КБ пакет на следниот ЛИНК.

Продолжи со читање

Популарно