Connect with us

Берза

ТТК Банка ја исплати годишната камата за корпоративната обврзница

Објавено

на

Сопствениците на корпоративна обврзница од првата емисија издадена од ТТК Банка добија камата пресметана врз основа на годишна стапка од 3,5 проценти. Исплатата на каматата се изврши денес, четврток (18 септември).

ТТК Банка АД Скопје на 18.9.2024 година ја исплати каматата за петата година на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO1. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од  3,5% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2024 година.” – се вели во објавата на банката на Македонска берза.

Во септември 2019 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде првата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво.  

Обврзниците се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје кадешто се овозможува секундарно тргување со истите.

Берза

Јавна опомена за котиранoтo друштвo Пелистерка АД Скопје поради непочитување на берзанските правила

Објавено

на

Друштвото Пелистерка АД Скопје заработи јавна опомена за непочитување на берзанските правила, бидејќи компанијата не ги објавила во определениот рок одлуките од акционерското собрание.

На друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата, поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација.“ – се вели во известувањето.

Продолжи со читање

Берза

Обезбедување генерациски континуитет на бизнисот – тема на најновиот состанок со членките на БУМ Клубот

Објавено

на

На 19.09.2024 година, во просториите на Македонска берза, во коорганизација на Берзата и PwC Македонија, се одржа нов редовен состанок со компаниите, членки на Клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија). Покрај постојните членки во БУМ Клубот, на настанот беа поканети и присуствуваа основачи и/или наследници на основачите од редот на најуспешните семејни компании во Република Северна Македонија.

Пред присутните, специјална презентација имаше г-ѓа Ewelina Grzelak од PwC Полска, докажан експерт со над 15 години искуство во развивањето на семејни претпријатија, водечки авторитет во изработката на иновативни решенија за наследување на семејни бизниси и ко-основач на клубот Sukcesora на PwC. Г-ѓа Grzelak навлезе во клучни теми како што се планирање на сукцесијата кај семејните бизниси, усогласување на меѓугенерациските визии за иднината на бизнисот и вклучување на пошироки семејни групи во одлучувањето.

Во рамките на дисусијата Иван Мишев и Васко Соткароски од  PwC Македонија се фокусираа на правните механизми за планирање и имплементација на сукцесија на семејните бизниси во македонскиот правен систем. Илчо Лазарески од Македонска берза подетално говореше за тоа како излегувањето на берза би можело да ги реши прашањата на сукцесија во компаниите. Интересните дискусии и споделените искуства обезбедија корисни насоки за сите учесници во насока на градење на одржливи мултигенерациски семејни бизниси.

Во БУМ Клубот членуваат дваесетина домашни компании од различни сектори. Клубот официјално започна со работа минатата година. Целта на неговото формирање е стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување на специфичен know-how и комуникација со останати компании, организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот примарно настојува да помогне во поврзувањето на инвеститорите и компаниите – членки на Клубот, со акцент на финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.

Состаноците на клубот се организираат квартално.

Компаниите кои сакаат да станат членки на овој Клуб може да поднесат апликација за членство во Клубот. Апликацијата е достапна на следниот линк: https://bum.mse.mk/

Продолжи со читање

Берза

МАПАС учествуваше на 23-та годишна конференција на Македонска Берза

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување учествуваше на 23-та годишна конференција на Македонска Берза. Еден од панелите на конференцијата беше за “Домашните институционални инвеститори и Берзата” на која од Агенцијата учествуваше Дарко Саздов, член на Советот на експерти на Агенцијата. На панелот се дискутираше за состојбите во пензискиот систем во Република Северна Македонија во споредба со регионот и пошироко во земјите од ОЕЦД.

Дарко Саздов, како позначајни информации наведе дека пензиските фондови со крајот на 2023 година во сите земји забележаа позитивен раст  на средствата на пензиските фондови со капитално финансирано пензиско осигурување.

Исто така, Саздов наведе дека, инвестициските стапки на принос со крајот на 2023 година ги надминаа стапките на инфлација во повеќето земји и се остварија позитивни номинални стапки на принос кај сите земји од ОЕЦД и регионот што најмногу ги одразуваат инвестициските добивки од вложувањата во обврзници и акции, при што цените на пазарите на капитал се зголемија поради намалувањето на каматните стапки или очекувањата за такви намалувања во пресрет на забавувањето на инфлацијата.

Продолжи со читање

Популарно