Банки
Стопанска банка а.д. Битола го прослави големиот јубилеј 75 години постоење
Стопанска банка а.д. Битола го прослави својот голем јубилеј 75 години постоење, момент кој не го означува само текот на времето, туку ја нагласува и должината на посветеноста, сигурноста и стабилноста на една од првите домашни банки во земјата.
Преку одговорно кредитирање, остроумни инвестиции и добри финансиски совети, Стопанска банка а.д. Битола во текот на изминатите 75 години придонесе во целост за стабилноста и растот на заедницата на која служи.
Заедно со своите вработени, клиенти, партнери и соработници, но и со голем број на гости од финансискиот и бизнис светот во земјата, Стопанска банка а.д. Битола го одбележа овој голем јубилеј со прослави во Битола и Скопје.
„Овој голем јубилеј е огромен успех за нас, но и признание за сите вас – наши ценети клиенти, посветени вработени и лојални партнери. Тоа е одраз на довербата што ни ја дадовте за да ги заштитиме вашите финансиски интереси и ветувања дека ќе продолжиме да ви служиме со истата посветеност и во годините што доаѓаат“ – изјави м-р Александра Радевска, член на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
Одбележувањето на јубилејот помина во фокусот на прославување на традицијата како најзначајна вредност создадена низ годините. Во насока на негување на истата, Стопанска банка а.д. Битола, информираше дека по повод 75 годишнината, во градот Битола ќе постави споменик на легендарниот македонски народен пејач Јонче Христовски, извонреден музички поединец чиј живот и музика имаат оставено неизбришлива трага во македонското културно наследство.
„Додека ги одбележуваме овие 75 години извонредност, возбудени сме за иднината која претстои, а во која како домашна банка остануваме посветени на нашите основни вредности на интегритет, трансарентност и фокусираност кон клиентите“ – додава г-ѓа Радевска.
Банки
НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3%
Пред нас е најубавиот период од годината – празнувањето на новогодишните празници, а со него и трошоците за празничните задоволства со кои ќе направиме новогодишната магија силно да блесне, како за нас, така и за нашите најсакани. НЛБ, како Банка која постојано се прилагодува на потребите и барањата на клиентите, воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, овозможувајќи им на своите клиенти да уживаат во претстојните празници.
Празничната понуда се однесува на сите оние кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит до 15 jануари, 2025 година. Аплицирањето за потрошувачките кредити во НЛБ Банка е брзо и едноставно, пришто клиентите можат да изберат дали сакаат да земат кредит директно преку мобилен телефон или во некоја од експозитурите на Банката.
Со само неколку клика на мобилниот телефон, клиентите можат да поднесат барање за мКлик кредит до 1.500.000 мкд, кој е без трошоци за одобрување, а конкурентата каматна стапка од 5,3% е фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Па така, ако сте примател на плата во НЛБ Банка, сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата НЛБ мКлик, која е достапна на Google Play и на App store и да го активирате НЛБ мКлик пакетот со право на плаќање. Потоа следете го процесот на аплицирање, внесете го бараниот износ на кредит и рок на отплата и пополнете ги сите потребни полиња. За само неколку минути по одобрувањето, средствата од кредитот ќе бидат исплатени веднаш, директно на вашата трансакциска сметка.
Дополнително, за потрошувачкиот кредит со истата каматна стапка, клиентите можат да аплицираат и во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, каде одобрувањето на кредитот е за помалку од 30 минути.
Повеќе детали за празничната понуда на НЛБ потрошувачки кредити се достапни на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку Контакт центарот на: 02/15 600.
Банки
Комерцијална банка со маркетинг работилница за студенти по психологија
Комерцијална банка ја зголеми поддршката за младите и нивната професионална ориентација ја дополни и со интересна маркетинг работилница за 50 студенти по психологија.
Банката организираше работилница за студентите од четврта година на Институтот по психологија со цел да им го приближи значењето на маркетингот во современото банкарско работење.
Студентите имаа можност да се запознаат со улогата на маркетингот во Комерцијална банка, начинот на функционирање на тимот и неговиот придонес во креирањето успешни стратегии за комуникација со клиентите и за развивање нови и современи производи и услуги. Учесниците дознаа како се планираат и реализираат маркетинг кампањи, како и кои психолошки принципи се применуваат за да се постигне ефективна комуникација со клиентите.
Оваа работилница имаше за цел да ги инспирира студентите да го препознаат потенцијалот на нивните вештини и знаења во различни области, вклучувајќи ги и корпоративните структури, како што е маркетинг секторот.
Комерцијална банка продолжува да ги поддржува младите во нивниот развој, обезбедувајќи платформи за учење, размена на идеи и инспирација за идните професионалци.
Банки
Посета на гувернерката Ангеловска-Бежоска на Банката на Грција за зајакнување на регионалната соработка
Делегација на Народната банка, во состав од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и генералната директорка на Секторот за супервизија, Викторија Глигорова, е во работна посета на Банката на Грција, во рамките на заложбите за унапредување на регионалната соработка со централните банки и утврдување на заедничките економски и финансиски приоритети. За време на посетата, гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари средба со својот колега, Јанис Стурнарас, гувернер на централната банка на Грција, а делегацијата се сретна и со заменик-гувернерката, Кристина Папаконстантину и генералниот директор за супервизија и решавање банки, Јоанис Цикрипис.
За време на средбата беа разработени повеќе теми од заеднички интерес на двете централни банки. Притоа акцентот беше ставен на одржувањето на финансиската стабилност како предуслов за економски раст. Беше заклучено дека во услови на неизвесност во светски рамки, од големо значење е да се гради отпорноста на банкарските системи, вклучително и преку обезбедување заштитни слоеви на капиталот. Исто така, беа разгледани теми поврзани со модернизацијата на финансиските системи и дигитализацијата.
На средбата беше нагласена заложбата на двете централни банки за продлабочување на соработката преку иницијативи за размена на знаења и искуства и зајакнување на билатералните односи.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска го истакна значењето на регионалната соработка за утврдување на сложените предизвици: „Во денешната, интегрирана светска економија, соработката помеѓу централните банки е од суштинско значење за обезбедување нa финансиската стабилност, поттикнување одржлив раст и регионален напредок. Со продлабочувањето на соработката со Банката на Грција можеме заеднички да делуваме во корист на финансиската стабилност и економскиот развој на нашите земји и регионот“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Гувернерот Јанис Стурнарас ги прими на работна средба гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и генералната директорка на Секторот за супервизија, Викторија Глигорова. „Разговаравме за макроекономските и финансиските случувања во нашите земји, како и за начините за подобрување на соработката во однос на банкарскиот сектор и за заштита на финансиската стабилност во регионот“, рече Јанис Стурнарас.
Оваа работна посета е уште еден доказ за посветеноста на Народната банка на градењето регионални партнерства, придонесувајќи кон стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година