Connect with us

Банки

Претседателот на УО на Шпаркасе Банка – дел од самитот за сина економија

Објавено

на

Денеска (четврток, 21.9.2023 г.), во хотел „Панорамика“ во Скопје, се одржа Blue Economy Summit 2023, каде што учествуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица.

Шпаркасе Банка беше златен спонзор на ова второ издание на самитот за одржливост, организиран од Prime Blue Institute со фокус на слатководната сина економија во регионот на Балканот, каде што се дискутираше за глобалните прашања поврзани со зачувувањето на водата и валоризација на слатководните ресурси преку споделување на најдобрите практики и иницирање акции за соработка, а свое обраќање имаа и EУ-амбасадорот во Република Северна Македонија г. Дејвид Гир и министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова.

На самитот, г. Санел Кустурица истакна: „Нашата држава е една од 195-те држави што во 2015 година го потпишаа Парискиот климатски договор. Станува збор за глобален пакт за борба против климатските промени, чија цел е значајно да се намалат емисиите на штетни гасови и ограничување на глобалното затоплување. Сите држави што го потпишаа договорот, се обврзаа да создадат долгорочна стратегија како да ги остварат зададените цели. А целите се намалување на штетните гасови за 43% до 2030 година, додека, пак, некои држави беа поамбициозни и дефинираа цел за нулта-нето емисии до 2050 година. Македонија се обврза за првата цел и се направени одредени стратегии и законски решенија, а на некои сè уште се работи. Суштината на тоа што Македонија треба да го направи е да ја подобри енергетската ефикасност, но и да ги реструктурира изворите на производство на електрична енергија, бидејќи, како што знаете, ние сме доста зависни од јагленот. За остварување на овие стратегии, банките имаат клучна улога, бидејќи банките се институциите што треба финансиски да ги поддржат овие проекти. Станува збор за проекти на обновливи извори на енергија какви што се ветар, сонце, вода и биомаса. Шпаркасе Банка е пионер на македонскиот пазар, бидејќи прва финансираше изградба на мали хидроелектрани уште пред 12 години. Од тогаш до денес, Банката има инвестирано во проекти од повеќе од 90 милиони евра и помогна да се инсталира моќност од 150MW. Ќе продолжиме тоа да го правиме, а тоа е и една од причините зошто поддржуваме и сме дел од вакви конференции, бидејќи ова е идеално место каде што можат да се разменат искуства и знаења, кои ќе ни помогнат да ги забрзаме активностите на овој пат што е пред нас“.

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да ги следи актуелните трендови за инвестиции во обновлива енергија, како и заложбата за спроведување на стратегијата за одржливост, со што го следи својот пат на трансформирање во одржлива банка што ќе излезе во пресрет на предизвиците на денешното време, водејќи се од потребите на сегашните и на идните генерации, за подобра иднина.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange