Connect with us
no baners

Бизнис

Сто милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан од ЕБОР

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан.

На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години.

Во програмата „Младите во бизнисот“ до денеска достапни се 30 милиони евра кредитни линии и дополнителни 17 милиони евра финансирање, што ќе биде продолжено во следните неколку месеци.

Досега исплатени се над 1.700 кредити во вредност од 19,3 милиони евра.

Програмата „Младите во бизнисот“ нуди интегриран пакет финансиска поддршка и советување, а самата иницијатива работи директно со млади сопственици и менаџери на бизниси, обезбедувајќи обуки, советодавни услуги и можности за вмрежување во рамките на програмата на ЕБОР „Совети за мали бизниси“

Бизнис

Војната со Иран го погодува технолошкиот сектор: Растат трошоците за чипови и AI индустријата

Објавено

на

Технолошките инвеститори беа задоволни од последната сезона на финансиски извештаи, но војната меѓу Иран и САД создава сѐ поголем притисок врз компаниите кои стојат зад глобалниот бум на вештачката интелигенција.

Според анализата на CNBC, глобалниот сектор за производство на чипови се соочува со сериозни проблеми во синџирите на снабдување и раст на трошоците, предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток. Цените на енергенсите растат, а се очекуваат и недостиг на клучни материјали за производство на полупроводници, меѓу кои и хелиумот.

Компании како тајванскиот производител на чипови TSMC, кој произведува чипови за Nvidia, предупредија дека кризата може негативно да влијае врз профитабилноста поради раст на цените на хемикалиите и гасовите. Foxconn, најголемиот светски производител на електронски уреди по нарачка, исто така го посочи Блискиот Исток како еден од најголемите предизвици годинава. Германскиот Infineon предупреди на повисоки трошоци за благородни метали, енергија и транспорт.

Аналитичарите предупредуваат дека последиците може дополнително да се продлабочат доколку конфликтот продолжи. Франциско Херонимо од IDC изјави дека цените на гасот, енергијата и транспортот се на рекордно високо ниво и веројатно ќе останат високи уште неколку квартали, дури и ако дојде до смирување на ситуацијата.

Особено загрижувачка е состојбата со хелиумот, кој е неопходен за производство на чипови. Катар, вториот најголем светски снабдувач со хелиум, се соочува со проблеми во извозот поради иранските напади, што дополнително го нарушува глобалниот пазар.

И покрај ризиците, интересот на инвеститорите за секторот на вештачка интелигенција засега останува силен. Индексот PHLX Semiconductor Sector Index, кој ги следи најголемите компании за чипови во САД, пораснал за 41 процент во последните три месеци.

Продолжи со читање

Бизнис

Поскапуваат горивата: Дизелот достигна 92 денари за литар

Објавено

на

Од ноќеска возачите плаќаат повисоки цени за бензинот и дизелот, откако стапи во сила новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на горивата.

Со последната корекција, цената на Еуросупер БС-95 е зголемена за два денари по литар, додека Еуросупер БС-98 и дизелот поскапеа за 2,5 денари.

Според новиот ценовник, литар Еуросупер БС-95 се продава за 87 денари, Еуросупер БС-98 за 89 денари, а дизелот достигна 92 денари за литар.

Промени има и кај останатите нафтени деривати. Цената на мазутот е повисока за 0,846 денари по килограм, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтини за половина денар и сега чини 93,50 денари за литар.

Од Регулаторната комисија наведуваат дека просечното зголемување на цените на горивата изнесува 1,84 проценти во споредба со претходната одлука.

Продолжи со читање

Бизнис

SPAR International влезе во Македонија: Отворени првите две SPAR продавници во Скопје

Објавено

на

Холандскиот синџир супермаркети SPAR International официјално влезе на пазарот во Северна Македонија со отворање на првите две продавници под брендот SPAR во Скопје.

Информацијата ја објави компанијата, наведувајќи дека со отворањето на маркетите започнува присуството на брендот во земјава и проширувањето на мрежата во регионот на Југоисточна Европа.

SPAR е еден од најпознатите меѓународни синџири за малопродажба на храна и секојдневни производи, со илјадници продавници во повеќе европски и светски земји.

Засега не се објавени дополнителни детали за локациите, инвестицијата или плановите за понатамошно ширење на брендот во Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange