Connect with us
no baners

Останато

ШПАРКАСЕ ОТКРИВА ШП-АРТ-УМЕТНОСТ: 10 одбрани финалисти се подготвуваат за овогодинешното издание на „Вевчански видувања“

Објавено

на

Афинитетот кон уметноста, талентот на младите, како и моќта и слободата да се креираат нови идеи, дефинитивно беа главен фокус на сите учесници на Конкурсот за млади сликари 2023, што беше објавен од страна на Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Конкурсот, како дел од „Шп-Арт-Клуб“ на Шпаркасе Банка, привлече голем интерес, а најдобрите 10 финалисти со најкреативни уметнички дела во акрилна техника, организаторот и стручното жири ги избраа заслужено да бидат дел од овогодинешното издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ во Вевчани.

Финалистите, поделени во две групи, од 24.6.2023 до почетокот на јули, ќе имаат можност 5 дена да уживаат во природните убавини на Општина Вевчани и да се инспирираат, со обезбеден сликарски материјал и престој. Првата група ќе твори од 24-28.6.2023, а втората група од 28.6.-2.7.2023 година.

Што сѐ може да се наслика на тема „Перспективите на уметноста“? Талентираните млади сликари од земјата дефинитивно го имаат одговорот.

Во Група 1 се пет финалисти — Евгенија Кузманоска од Тетово (уметничко дело „Скулптурата на Лонгин во Ватикан“), Благица Трајкоска од Скопје (уметничко дело „Розов, розов свет, акрил на платно“), Никола Тренов од Скопје (уметничко дело „Омаж на боемот“), Ристе Мицевски од Штип (уметничко дело „Tempus“) и Елена Петковска од Неготино (уметничко дело „Unattainable“). 

Во Група 2 се другите пет финалисти — Андреј Антевски од Куманово (уметничко дело „Богородица и Исус“), Арта Лимани од Куманово (уметничко дело „Необузданата душа“), Елена Попоска од Скопје (уметничко дело „Бура на идеи“), Никола Станковски од Крива Паланка (уметничко дело „Здрава храна“) и Тамара Трајковска од Скопје (уметничко дело „Walking The Wrong Path“).

Крајот на Колонијата, не e крај и на приказната на овогодинешното издание на талентот на 10-те финалисти. По завршувањето на Колонијата во Општина Вевчани, организаторот во склоп на „Шп-Арт-Клуб“ и во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност, најавува и завршен хуманитарен настан. На настанот сите слики на младите сликари ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат наменети за донирање во хуманитарни цели. Дополнително, одбрани тројца сликари, со здобиена највисока вредност на самата аукција, ќе добијат дополнителна поддршка од Шпаркасе Банка во форма на откуп на по три други нивни дела во вредност од 1.200 евра за првиот, 1.000 евра за вториот и 800 евра за третиот млад сликар.

„Шп-Арт-Клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“ на Шпаркасе Банка АД Скопје, како дополнителна поддршка за развојот на уметноста и поттикнување на можностите и талентот на младите сликари во државата.

Криптовалути

Ричард Тенг, извршен директор на Binance: Вештачката интелигенција не го заменува човекот, туку го зајакнува

Објавено

на

Осум години по своето основање, Binance останува глобален лидер во светот на криптовалутите – со речиси 280 милиони корисници и присуство во над 100 земји. Со стабилен раст и константна адаптација на нови технологии, платформата го одбележа овој јубилеј преку директна AMA (Ask Me Anything) сесија со извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, каде што беа истакнати најважните достигнувања, но и планови за иднината.

„Сè што правиме, го правиме за нашата заедница“, изјави Тенг, додавајќи: „Таа доверба не ја земаме здраво за готово. Заедницата е срцето на Binance“.

Транспарентност и безбедност како приоритет

Тенг вели дека во време на голема нестабилност и пад на довербата во крипто-светот, Binance останала доследна на транспарентноста, секој месец објавувајќи докази за резерви со користење на напредна zk-SNARK технологија, овозможувајќи секој корисник самостојно да ги верификува средствата на платформата.

„Ние не само што зборуваме за доверба, ние ја градиме. Нашата Proof-of-Reserves иницијатива е пример за тоа што значи вистинска транспарентност“, истакна Тенг.

Во 2024 година, Binance го редизајнираше својот Pro режим за тргување, овозможувајќи персонализирано корисничко искуство, поддржано од вештачка интелигенција. Целта е јасна – поедноставување на тргувањето и подобрување на пристапноста за сите профили на корисници.

„Сакаме Binance да биде интуитивен и корисен за секого – од почетници до институционални инвеститори“, вели Тенг.

Дополнително, растот на Binance не застанува само кај индивидуалните корисници. Во минатата година, бројот на институционални клиенти пораснал за речиси 100%, со силна побарувачка за решенија како fund accounts и Binance Wealth, наменети за професионално управување со крипто средства.

„Институционалниот интерес е поголем од кога било досега – и ние сме подготвени да го поддржиме“, изјави Тенг.

Со создавањето на Secure Asset Fund вреден 1 милијарда долари, Binance испрати силна порака – безбедноста на средствата не е дискутабилна.

Платформата воведе и деветстепена анти-scam одбрана, како и интензивна соработка со надлежните институции ширум светот.

„Сакаме нашите корисници да чувствуваат дека Binance е нивниот безбеден простор“, вели Тенг и додава: „Но сакаме и да ги едуцираме, за и самите бидат отпорни на измами.“

Поглед кон иднината

Зборувајќи за иднината, Тенг потенцираше дека вештачката интелигенција ќе игра клучна улога во поддршката на трговците, како и во внатрешната оператива, но човекот ќе остане во центарот на одлучувањето.

„Вештачката интелигенција е моќен сојузник, но не и замена за човечката проценка. Ние ја користиме технологијата за да го зајакнеме корисникот, не да го замениме“, вели Тенг.

Во својата завршна порака, тој упати благодарност до сите кои ја поддржуваат
Binance во изминатите осум години:

„Ова патување не е наше, туку заедничко. Благодарност до секој од речиси 280 милиони корисници – вашата поддршка ни е двигател за секој следен чекор“.

Продолжи со читање

Останато

Заедно за нови успеси на машката кошаркарска репрезентација – Комерцијална банка Генерален спонзор на МКФ

Објавено

на

Комерцијална банка стана Генерален спонзор на Македонската Кошаркарска Федерација и обезбеди значајна поддршка за нови успеси на сениорската машка кошаркарска репрезентација.   

Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите за Светското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите. 

На официјалната средба помеѓу Хари Костов, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Томе Главчев, Претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, партнерството беше официјализирано со заедничка посветеност и ентузијазам. 

Поддршката на спортот е поддршка на вредности кои се темел на секое здраво општество – дисциплина, тимска работа, истрајност и почит. Горди сме што стануваме дел од кошаркарската приказна и веруваме дека заедно ќе инспирираме нови генерации да сонуваат и да победуваат. Веќе седум децении Комерцијална банка како општествено одговорна компанија континуирано вложува во развој на заедницата со цел заедно да постигнеме уште поголем напредок и успеси на кои сите ќе се радуваме“, изјави Костов во име на Комерцијална банка.

Претседателот Главчев изрази благодарност за поддршката.

На мое големо задоволство, како и на целата Кошаркарска Федерација, се потпиша договор за Генерално спонзорство помеѓу Македонската Кошаркарска Федерација и Комерцијална банка. За поздравување е настанот од повеќе аспекти, но морам да забележам дека по подолго време на челната спонзорска позиција застанува една македонска компанија. Би сакал да им се заблагодарам на првите луѓе од Комерцијална банка и на директорот Костов за поддршката и разбирањето кое го искажуваат со овој чин. Ние како Федерација ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме довербата и, секако, во иднина да имаме основа за продолжување доколку има интерес“, истакна Главчев.

Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка останува посветена на создавање вистински вредности и охрабрување на младите генерации спортисти.

Со гордост обезбедуваме уште една значајна поддршка за македонскиот спорт, токму во годината кога со уште поголема гордост го одбележуваме големиот јубилеј: 70 години Комерцијална банка. Овој јубилеј го славиме со дела што оставаат трага – со инвестиции во иднината, во младите, во спортот и во вредностите што нè водат седум децении наназад, и ќе нè водат и понатаму.

Продолжи со читање

Останато

Готовината повеќе не е крал во земјата на полноќното сонце

Објавено

на

Дали знаевте дека готовината сè помалку се користи во Шведска, која е една од најдигитализираните земји во светот?

Шведска одамна е позната како пионер во безготовинските плаќања. Ако планирате да ја посетите ова лето, важно е да знаете дека многу продавници, ресторани и кафулиња веќе не прифаќаат готовина.

Заборавете на кешот и секогаш имајте го телефонот наполнет, или барем платежна картичка при рака.

Според податоците за 2024 година, само една од десет трансакции во Шведска е направена со готовина. Најчесто се користат платежните картички, а веднаш зад нив се мобилните апликации за плаќање.

Швеѓаните се навикнати да ги користат своите телефони буквално за сè, од банкарство и дигитална идентификација, до јавен превоз и поднесување на даночни пријави.

Нов закон што ќе стапи на сила во јуни 2025 година има за цел да го направи банкарството и платните услуги подостапни за сите.

Продолжи со читање

Популарно

no baners