Connect with us

Останато

Прогласени националните прваци во Microsoft Office и Adobe Professional

Објавено

на

Ги добивме националните претставници кои ќе се натпреваруваат на светските Microsoft Office Specialist и на Adobe Certified Professional натпревари во јули во САД.

Успешната приказна која ни носи национални MOS и ACP шампиони, продолжува седма година по ред. Во просториите на Семос едукација, во организација на Certiadria, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на светските натпревари во Орландо, Флорида, САД:

  • Леонид Петковски од Куманово е Microsoft Office Specialist
  • Дамјан Димовски од Гимназијата “Јосип Броз – Тито“ од Скопје е Adobe Certified Professional шампион

Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот. Сите учесници кои успешно ги положија испистите се стекнаа со глобално признаени Microsoft и Adobe сертификати.

Стефан Пепоски, Директор на Сектор за картични производи и директно банкарство во Стопанска банка АД – Скопје при прогласувањето на националните шампиони изјави:

“Во име на Стопанска банка АД – Скопје ги поздравувам учесниците на денешниот натпревар и на сите подеднакво им честитам за успехот што го постигнале за да бидат денес дел од ова големо финале.

Посебни честитки за менторите и денешните победници кои се изборија да бидат дел од светското натпреварување закажано за месец дена отсега во Соеднитетите Американски Држави. За нас, претставува посебно задоволство да стоиме во поддршка на младите кои во овој, пред се дигитален свет, мора постојано да вложуваат во себеси, да се обидуваат да се афирмираат и да напредуваат за да создадат одржлива иднина за себе и за своето окружување. Се надеваме дека овие ученици присутни тука денес ќе продолжат да инвестираат во својата едукација и во иднина ќе бидат дел од локални решенија и успешни приказни со кои ќе ја движиме државата напред.

Би кажал тука и дека наѓите врати се отворени за такви кандидати за идно вработување бидејќи Стопанска банка АД – Скопје е компанија со амбициозни, вредни и креативни вработени со изразен тимски дух.“

Честитки на организаторите, Семос Едукација, Certiadria и поддршката која Град Скопје и Град Куманово ја обезбедува за што е можно поголем број ученици да имаат прилика да учествуваат во натпреварувањето кое продолжува веќе од следниот месец за циклусот национални MOS/ACA натпревари 2023/24.

Пријавувањето се врши на www.mosnatprevar.mk и www.acanatprevar.mk/#natprevar

Бизнис

Одржан Форум за интелектуална сопственост во организација на АЕТСМ и АмЧам

Објавено

на

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април, Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) и Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) организираа Форум за интелектуална сопственост, кој се одржа во петокот во едукативниот центар на Халкбанк.

Настанот ги обедини експертите и практичарите од областа на интелектуалната сопственост, членките и партнерите на двете организации, како и претставници од релевантни институции и граѓански организации – создавајќи простор за отворена и продуктивна јавна дискусија за вредноста, предизвиците и можностите поврзани со интелектуалната сопственост во дигиталната ера, како и за поттикнување конкретни чекори за унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост во земјата.

Форумот за интелектуална сопственост беше отворен со поздравни обраќања од Јелена Арсовска, Извршен директор на Американска стопанска комора во Северна Македонија и Виктор Стојкоски, Генерален секретар на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија, по што следуваше панел дискусија и работа во различни работни групи.

Преку панел дискусијата насловена „Вредноста на интелектуалната сопственост“ и работните групи, беа отворени прашања за правната рамка за заштита на правата за интелектуална сопственост, актуелните и потенцијални механизми на соработка за заштита на правата на интелектуална сопственост, емитувањето на авторски содржини во дигиталниот простор, сивата економија во е-трговијата и правата за интелектуална сопственост при онлајн купување, како и улогата на интелектуалната сопственост во одржливиот развој на бизнисите.

Дискусијата во секоја работна група се однесуваше на актуелната состојба, предизвиците и можните решенија во избраните области, а преку истите се заклучи дека е потребно да се иницираат законски измени и подобрувања на регулативата, да се унапреди соработката и координацијата помеѓу институциите, да се работи на понатамошно развивање на институционалните капацитети, да се спроведува континуирана едукација на граѓаните, бизнисите и институциите, како и да се подигне јавната свест за штетноста од повредите на правата од интелектуална сопственост. Притоа, учесниците нагласија дека интелектуалната сопственост е тема на која треба да се работи континуирано и заеднички и изразија отвореност за соработка на идни иницијативи на овие теми.

Врз основа на искуствата и препораките споделени на овој форум, АЕТСМ и АмЧам, во координација со релевантните институции и организации, во периодот што следи ќе спроведуваат активности насочени кон надминување на предизвиците со кои се соочуваат различните чинители во системот за заштита на интелектуалната сопственост и во делот на намалувањето на сивата економија во делот на е-трговија иницирана од нарушената интелектуална сопственост.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонски Политиколошки Форум објавува ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ

Објавено

на

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата.

Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум.

Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот повик.

Сите заинтересирани имаат можност да испратат свој труд (индивидуално или група автори) најдоцна до 15 ти Мај 2025 година.

Трудовите треба да ги исполнуваат условите наведени во повикот.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ЛЕБ ДА СИ “СЕМКАР“ – Продавач на јаткасти плодови обвинет за затајување на данок од 200.000 евра!?

Објавено

на

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.А., сопственик и управител на правниот субјект „АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје“, поради сериозни злоупотреби во врска со даночни обврски во периодот од 2020 до крајот на 2024 година.

Според наодите од истрагата, А.А. свесно и со однапред утврдена намера, со цел да обезбеди противправна имотна корист за себе и компанијата, не ја евидентирал набавената трговска стока – јаткасти производи во вредност од 53.257.786 денари, ниту во сметководствената евиденција ниту како кусок.

Со тоа, избегнал да пресмета, пријави и уплати:

  • ДДВ по стапка од 5% во износ од 2.662.889 денари,
  • Данок на добивка од 10% во износ од 5.325.778 денари.

Дополнително, пријавениот не ги прикажал како приход застарените обврски кон добавувачи во вредност од 40.903.524 денари, што потекнуваат од 2020 година, со што избегнал обврска за дополнителен данок на добивка од 4.090.352 денари.

Најзагрижувачки е фактот што пријавениот не изготвил и не поднел завршни сметки за 2021, 2022 и 2023 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар, со што, според Управата, се избегнала уплата на вкупни даночни обврски во износ од 12.079.019 денари по разни основи.

Вкупната затаена даночна обврска што ја утврди Управата за финансиска полиција изнесува околу 200.000 евра.

Овој случај ја истакнува важноста на засилениот надзор и контролата над корпоративното работење, особено кај микро и мали компании кои често оперираат со значителен обем на сива економија. Финансиските институции и регулаторите остануваат фокусирани на почитување на даночната регулатива и правичниот третман на сите пазарни учесници.

Продолжи со читање

Популарно