Connect with us

Банки

Се одржа 46. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Во Народната банка се одржа 46. сесија на Клубот на истражувачите. На неа беа презентирани два научни труда, „Преговарај за својот удел: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на економиите во транзиција“, од авторите Марјан Петрески и Стефан Таневски и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ од авторите Борче Треновски и Дашмир Саити.

Сесијата ја отвори вицегувернерката Ана Митреска, која нагласи дека Народната банка постојано ја охрабрува научно-истражувачката дејност, меѓу другото и со поддршка на промоцијата на трудови и автори. Посочи и дека двата труда, презентирани на оваа сесија, се осврнуваат на теми коишто се релевантни за домашната економија. На сесијата присуствуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Tрудот „Преговарај за својот удел: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на економиите во транзиција“, го обработува влијанието на преговарачката моќ на работниците врз трудовиот удел. Авторите прават поширока анализа којашто опфаќа 23 индустриски гранки во 69 земји, од кои 28 се земји во транзиција, притоа покрај квантитативни, користат и конструирани квалитативни показатели. Тие утврдуваат дека со поголема преговарачка моќ се остварува поголем трудов удел, што не е случај и со економиите во транзиција, кај кои поголемата преговарачка моќ на работниците не доведува и до поголем трудов удел.

Во трудот „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ се утврдуваат големината и насоката на поврзаност на кредитната активност и економскиот раст во нашата економија. За таа цел, авторите избираат два пристапа ‒ првиот пристап го анализира влијанието на кредитите на приватниот сектор врз економскиот раст (по глава на жител), додека вториот пристап го анализира влијанието на кредитите на домаќинствата и претпријатијата врз инвестициите и потрошувачката и следствено врз БДП. Резултатите од анализата покажуваат дека врската помеѓу растот на банкарските кредити на приватниот сектор и стапката на економски раст е позитивна и значајна.

По презентацијата, на сесијата се водеше дискусија меѓу учесниците, поттикната од презентациите на трудовите и од изнесените заклучоци. Со одржувањето на 46. сесија успешно започнаа активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година.

Банки

Народната банка ‒ домаќин на работилница за зајакнување на капацитетите на ЕСГ, основа на одржливото работење и општествената одговорност

Објавено

на

Народната банка презема одлучни чекори кон градењето поодржлив систем и оттука, централната банка беше домаќин на работилница за унапредување на капацитетите поврзани со еколошките, социјалните и управувачките остварувања (ЕСГ). Настанот којшто беше организиран под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со експерти од „Ернст и Јанг“, имаше за цел да ги зајакне капацитетите на централната банка со знаење и алатки за одржливи практики, во согласност со меѓународните стандарди и регулативи.

На работилницата беа разработени теми поврзани со Политиките за одржливост на централните банки, како и одредени оперативни аспекти поврзани со управувањето со емисиите на стакленички гасови. Во рамките на овие теми беше разгледана Предлог-политиката за одржливост на Народната банка, вклучувајќи ги и активностите за оперативна ефикасност, клучните показатели за успешноста (КПИ), како и целите за одржливост со акцент на транспарентноста. Исто така, беа обработени и стандардите и методологиите за пресметка на емисиите на стакленичките гасови, стратегиите за декарбонизација и техниките за поставување цели.

Преку оваа работилница, Народната банка цели кон зајакнување на принципите на одржливост, коишто ги опфаќаат еколошкиот интегритет, социјалната еднаквост и економскиот напредок, осигурувајќи се дека одржливите практики се спроведуваат и стратегиски, и оперативно. Со носењето на Среднорочниот план на активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 – 2025 година се дефинираа активностите на Народната банка за активно управување со ризиците од климатските промени и институционално профилирање како одржлива и општествено одговорна институција, додека една од активностите предвидени за спроведување на Среднорочниот план е изработката на Политиката за одржливост  на Народната банка заради преземање активности за одржливо работење и градење на капацитетите на вработените во Народната банка во однос на овие прашања.

„Инвестицискиот фонд за зелен раст“ е влијателен инвестициски фонд којшто ги ублажува климатските промени и промовира одржлив економски раст, пред сè преку инвестирање во мерки со коишто се намалуваат потрошувачката на енергија, употребата на ресурси и емисиите на CO2. Фондот го насочува ова наменето финансирање кон деловните претпријатија и домаќинствата преку локални финансиски институции и преку директни инвестиции кон подобни проекти и компании. Наменскиот фонд за техничка помош обезбедува знаења и техничка експертиза за да се осигура дека овие инвестиции се успешно спроведени и со високи меѓународни стандарди. Фондот работи на 19 пазари низ Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Турција, Европскиот источен соседски регион и Блискиот Исток и Северна Африка.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ од Организацијата на потрошувачи на Македонија

Објавено

на

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ од Организацијата на потрошувачи на Македонија, што претставува значајно признание за банката во поглед на нејзината посветеност на правата и задоволството на потрошувачите.

Овој сертификат се доделува на институции кои се истакнуваат во обезбедувањето точни и транспарентни информации за своите производи и услуги, како и во примена на чесни пазарни практики.

Со овој сертификат, Халкбанк се препознава како институција која се грижи за своите клиенти и активно учествува во нивната финансиска едукација, што е од големо значење за подобрување на финансиската свест и заштита на правата на потрошувачите.

Продолжи со читање

Банки

„Одиме нагоре“ со ПроКредит Банка – Стартап пакет со 2 години бесплатни банкарски услуги за новоосновани компании

Објавено

на

Со Стартап пакетот на ПроКредит Банка новоотворените бизниси отсега имаат дополнителна поддршка што ќе им овозможи сеопфатно решение за да напредуваат и да го градат својот бизнис на следно ниво. Пакетот содржи сет финансиски и нефинансиски услуги кои го прават вистински избор за сите нови претприемачи.

Уникатниот бенефит на стартап пакетот е 2 години бесплатно одржување на сметка и неограничени бесплатни трансакции во земјата. Пакетот вклучува целосно дигитален пристап до сите банкарски услуги, со што дава можност за брзо и ефикасно работење секаде и во секое време.

Препознавајќи ги потребите на новите претприемачи, клучна компонента на Стартап пакетот е персонализираната поддршка од финансиските советници во банката, кои ги анализираат потребите на секој нов бизнис и обезбедуваат приспособени решенија, вклучувајќи управување со готовинскиот тек и насоки за финансиската стратегија.

Дополнителна предност се автоматизираните приливи од странство кои во рамки на стартап пакетот банката ги обезбедува со 0 денари провизија за спуштање на прилив од странство. Покрај бенефит за приливи, новите бизниси ќе имаат можност да заштедат и со најниски и фиксни провизии за промет со странство.

За новите компании коишто имаат потреба од инвестиции во нивниот бизнис и се подготвени да одат на следното ниво, банката нуди и можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата.

„За нас, стартап не секогаш подразбира нова, неоткриена идеја. Стартап е секоја нова компанија која има храброст и визија како да излезе и да успее на пазарот, а ние таа храброст ја цениме и сакаме да ја поддржиме на секој начин што е во наш домен.  

Оттаму е и идејата за 2 години бесплатно банкарство, но и целосна поддршка со финансиски советник кој ќе биде покрај клиентите низ целиот процес на раст и стабилизирање на бизнисот.  

Целта на Стартап пакетот е новите бизниси да се уверат дека ПроКредит не е само финансиска институција, туку нивен партнер во растот и успехот, зајакнувајќи ја нивната витална улога во локалната економија“ – изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Како дополнување на финансиските услуги, банката оди чекор напред и овозможува пристап до едукативни настани за градење вештини за ефективно водење на бизнисот, како и B2B вмрежување со потенцијални соработници кои се дел од портфолиото на банката.

Во таа насока, новина што ја нуди стартап пакетот е и 3 месеци бесплатна претплата на платформата за бизнис планирање Моделикс, алатка која овозможува изработка на професионален бизнис и финансиски план, следење на резултатите од работењето во споредба со планот и носење правилни и навремени одлуки.

Сите детали за Стартап пакетот се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно