Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Објавено

на

ПроКредит Банка успешно го заврши вториот настан од серијата „Дигитална еволуција – Одговорност на бизнисите кон иднината “. Станува збор за бизнис конференција посветена на унапредување на дигитализацијата во македонскиот бизнис сектор со посебен фокус на малите и средни претпријатија. 

По успешниот настан минатата година кој на едно место собра претставници на домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање, овој пат на конференцијата се приклучија над 120 учесници од локалниот бизнис сектор.    

Претставници на 7 истакнати компании ги запознаа присутните со нивните нови и иновативни дигитални решенија прилагодени за малите и средните претпријатија. Маријана Андриќ од компанијата Маранд, Анастасија Милковска од Телеком, Лазар Грубор од Фоксит, Димитар Јаневски од Инбокс, Благоја Хамамџиев од Моделикс, Елена Димовска од Семос едукација и Проф. Др. Никица Мојсоска Блажевски од Го Дигитал со своите презентации илустрираа како овие технологии можат да ги автоматизираат процесите, да го подобрат планирањето и одлучувањето, да ги оптимизираат трошоците и да ги задоволат барањата на конкурентниот пазар.

По презентациите се одржа панел дискусијата „Дигитална трансформација – предизвици и можности“, модерирана од Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, на којашто Дритан Шујаиби од Маратодент, Љубиша Веселиноски од Тим Електро Плус и Станислава Шаровиќ Павковиќ од Шизик на Ризик ги споделија своите искуства со дигиталната трансформација. 

Покрај споделените лични предизвици и можности, панелистите посочија и вредни стратегии за бизнисите кои започнуваат со нивните дигитални патувања.

Најголемиот новитет на настанот оваа година беше саемот за дигитални решенија и вмрежување, каде што компаниите кои презентираа беа домаќини на штандови, нудејќи им на присутните шанса подетално да ги истражат дигиталните решенија и да се поврзат со потенцијални соработници.

Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, во своето обраќање на настанот ја нагласи важноста на дигитализацијата за малите и средните претпријатија.

“Дигиталната трансформација е култура на компанијата, начин на размислување на вработените и дефинирање на бизнис модел, исто колку и интеграција на новите технологии. Дигитализацијата повеќе не е револуција, таа е процес на еволуција низ кој неминовно поминува секоја компанија. 

Праксата покажува дека тоа што е неопходно за имплементација на дигитални решенија во пракса е линк помеѓу бизнис секторот и компаниите кои нудат дигитални услуги, па токму затоа ПроКредит како партнер на бизнисите повеќе од 20 години покрај воведување нови технолошки промени и иновации во своите процеси, оди чекор понапред и нуди платформа за едукација и вмрежување на клиентите, со што наметнува забрзано темпо на дигитализација во бизнис секторот. Сметаме дека ова е неопходен чекор за компаниите да го забрзаат својот развој, да ја зголемат конкурентноста, а со тоа  да ги подобрат финансиските резулатати. – изјави Емилија Спировска.

Како лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор, ПроКредит Банка преку серијата настани „Дигитална еволуција– Одговорност на бизнисите кон иднината“ ќе продолжи да гради мост помеѓу деловниот сектор, давателите на дигитални решенија и финансиските институции, промовирајќи практични решенија за потребите на компаниите кои се на патот кон успехот.

Банки

Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка

Објавено

на

НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.

Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.

Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.

Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.

НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.

Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.

Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.

Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.

Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.

Продолжи со читање

Банки

Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член

Објавено

на

Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.

Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.

Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.

Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со промотивна понуда за штедење со камата до 3,30 проценти

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување.

Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти.

Рокот на орочување изнесува 25 месеци, а промотивната понуда ќе важи до 31 мај 2026 година.

Од банката информираат дека повеќе детали за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange