Connect with us
no baners

Банки

По успешата деловна година, НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 36,6 милиони евра

Објавено

на

Според резултатите презентирани денеска на Годишното акционерско собрание, зад НЛБ Банка Скопје е уште една успешна година која ја одбележаа силната кредитна поддршка за бизнисот и населението и одржливото и одговорно делување, што резултираше со раст во сите сегменти од работењето и остварена нето-добивка од 52,3 милиони евра. На денешното Собрание на акционерите беше усвоена Одлука за определување износ на дивиденда за 2023 година во висина од 36,6 милиони евра.

„Во 2023 година, и покрај бројните предизвици, инфлаторни и ценовни, нарушени синџири на снабдување, воени конфликти и намалени инвестиции во бизнисот, прилагодувајќи ги оперативните активности и ценовната политика на економските и пазарните услови, согласно промените во законските одредби и деловната стратегија на Групацијата, НЛБ Банка оствари позитивни деловни резултати во сите сегменти од работењето, а годината ја заврши со нето-добивка од 52,3 милиони евра што преставува годишен пораст од 32,2%“ – истакна на почетокот на своето обраќање до акционерите Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ.

Вкупната актива на Банката достигна 1,9 милијарди евра што е за 3,3% повеќе во однос на претходната година, при раст на кредитната активност од 4,3%, што се должи на раст на кредитите кај домаќинствата во однос на претходната година. Во сегментот правни лица, Банката обезбеди значајна поддршка на проекти за унапредување на животната средина, инвестициони активности во областа на ЕСГ проекти со кои се овозможува зелена транзиција на клиентите, и во финансирање на бизнисот во севкупен износ од 273 милиони евра нови пласмани, додека уделот на нефункционалните пласмани се наоѓа на ниско ниво од 3,6% од вкупното кредитно портфолио. И вкупните депозити забележаа годишен раст од 2,6%.

НЛБ Банка ја заврши 2023 година со повисоки показатели за солвентност и капитализираност, во споредба со претходна година и го одржа високото пазарно учество и трендот на раст, што е уште еден показател за успешноста на Банката во поглед на обезбедувањето на континуитетот во работните процеси во услови на глобална економска неизвесност.

Со дигитализацијата на производите и услугите како една од стратешките определби, меѓудругото, Банката овозможи нови функционалности и подобрено корисничко искуство за клиентите, преку дигитализација на картичките и плаќање преку светски реномираниот Google Pay и воведувањето на Smart POS – мобилна апликација наменета за претприемачите за прифаќање на платежни трансакции засновани на платежна картичка, безконтактно на мобилни уреди.

Покрај одличните резултати, изминатата година ја одбележаа и низа општествени проекти на Банката со значаен импакт во заедницата во која делува, за што говорат бројните признанија и награди. Банката обезбеди донации за Асоцијација за цистична фиброза, како и за други граѓански организации и институции кои работат општествено корисни проекти, помош за ранливи категории, како и за погодените подрачја по поплавите во Словенија и силните земјотреси во Сирија и Турција. Истовремено НЛБ Банка поддржа и низа проекти во областа на музиката, културата, уметноста и спортот: бројни концерти, манифестациите Охридско Лето и Галичка Свадба, професионални спортски клубови, Специјалната Олимпијада, а особен фокус беше ставен на развојот на младинскиот спорт преку проектот „Растеме во шампиони“.

Во 2023, пазарната цена на акцијата на НЛБ Банка Скопје забележа годишен раст од 25% и истата е во топ три најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на македонската берза. Притоа НЛБ Банка е лидер меѓу котираните друштва од МБИ 10 индексот, со остварен дивиденден принос за 2023 година од 8,2%.

На денешното Собрание на акционерите беше усвоена и Одлука за определување износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар. Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка Скопје за 2023 година, на акционерите ќе им биде исплатена дивиденда за 2023 година во бруто-износ од 2.251.304.796 денари или околу 36,6 милиони евра. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.636 денари.

„Водена од своите вредности, НЛБ Банка ќе продолжи со унапредување на капацитетите, со посебен акцент на дигитализацијата и вештачката интелигенција, проширување на палетата на производи и услуги преку продажба на различни банкарски и небанкарски продукти, подобрување на корисничкото искуство и зголемување на задоволството на клиентите, со фокус на зелените и општествено одговорни проекти. Како системски значајна банка, НЛБ Банка и понатаму ќе делува во насока на подобрување на квалитетот на животот во заедницата, придонесувајќи кон одржлив економски, еколошки и социјален развој“ – заклучи во својот говор до акционерите Претседателот Грегановиќ.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners