Connect with us

Останато

Поскапени поштенските и курирските услуги

Објавено

на

Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

 Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво.

Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации.

Останато

Објава на Нобеловата награда за економија 2024: Најпрестижната награда во областа на економските науки

Објавено

на

Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија (официјално позната како “Наградата за економски науки во спомен на Алфред Нобел”), што  традиционално се прогласува последна, според програмата на организаторите за 2024 година.

Таа награда е единствената што не била вклучена во тестаментот на шведскиот индустријалец и филантроп Алфред Нобел. Востановена е во негово сеќавање речиси 70 години по другите престижни награди во негово име дури во 1969 година од страна на Шведската централна банка.

Како и останатите Нобелови награди, наградата за економија или поточно наградата за економски науки се доделува од Кралската шведска академија на науките и е најпрестижна награда во областа на економските науки. Секој победник се избира врз основа на нивните извонредни придонеси во теоријата, истражувањата или применетите економски практики.

Продолжи со читање

Останато

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, а се очекува да бидат достапни до Нова година

Објавено

на

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите.

Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.  

„Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година.

Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

„Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година“, рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани.

Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

„Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат“, истакна Димитриеска-Кочовска.

Продолжи со читање

Останато

Девизните резерви на крајот на септември изнесувале 4,4 милијарди евра

Објавено

на

Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,2%) и монетарното злато (11,9%).

Продолжи со читање

Популарно