Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје!
Ако твојата желба е работа во динамична атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот.
Можеби токму ТИ, си потребен во успешниот тим на УНИБанка!…
Референт во Дирекција Управување со ризици
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 1 години во финансиски институции;
- Напредно познавање на Microsoft Office;
- Напредно познавање на англиски јазик;
- Афинитети за тимска работа.
Основни работни активности:
- Напредно познавање на прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на Дирекцијата;
- Изработка на дневни, месечни, квартални, полугодишни законски и интерни извештаи;
- Изработка и измена на постоечки: Политики, Процедури, Методологии, Работни Инструкции и Упатства;
- Изработка на нови извештаи, нивно тестирање, како и тековно тестирање на посточки извештаи;
- Изработува извештаи за потребите на одборите на Банката;
- Изработува дописи за надворешни извештаи;
- Имплементација на Одлуки од НБРСМ.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 03.03.2023 година.
Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]
Вработување
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа (Оддел за работа со население) и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Експозитура Прилеп
(1 извршител)
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:
Банкарски комерцијалист –благајник
Експозитура Штип
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 20.10.2024 година на: [email protected] со назнака за Банкарски комерцијалист за Штип.
Вработување
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Раководител на експозитура Скопје
- Банкипред 2 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 2 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 4 дена
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Банкипред 2 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 6 дена
АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина