Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка нуди можност за развој на професионалните компетенции и доколку сe стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате за работното место:
Финансиски аналитичар/моделар
Деловен сектор за финансиски пазари и средства
Улога во тимот на Службата за управување со биланси на Банката:
- Дневно следење и управување со ликвидноста на Банката;
- Управување со ликвидните резерви за постигнување на нивна оптимална структура од аспект на профитабилност и капитални барања;
- Изработка на статички и динамични проекции на парични текови на Банката за управување со ликвидноста;
- Анализа на макроекономските случувања и движења на меѓународните финансиските пазари и домашниот пазар;
- Креирање на инвестициона стратегија за вложувања во хартии од вредност за потреби на Банкарската книга;
- Месечно одредување и имплементирање на интерни трансферни цени и креирање на каматната политика на Банката;
- Развој на модели во доменот на АЛМ подрачјето и имплементација и прилагодување на групациски финансиски модели;
- Редовна соработка на групациски и локални задачи, проекти и модели;
- Изработка на интерни акти по локална регулатива или Групациски стандарди.
Вашиот профил:
- Универзитетско образование;
- Минимум 2 години искуство во сегмент на управување со ликвидност и биланси, финансиско планирање, контролинг или управување со ризици;
- Предност би имале кандидатите со компетенции и знаења од доменот на статистика, економетрија, математика, финансиско планирање, некредитни ризици;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 10.03.2023 (петок).
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласите за работа во Експозитура Неготино, Експозитура Пробиштип и Експозитура Штип во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следната работна позиција:
Банкарски комерцијалист – благајник
(Експозитури: Неготино, Пробиштип и Штип)
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
- Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
- Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
- Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврдете го вашиот интерес со испраќање на кратка биографија (CV) најдоцна до 08.12.2024 година на: [email protected] со назнака „Банкарски комерцијалист – благајник (Со назнака за соодветниот град)“.
Вработување
Оглас за вработување банкарски службеник во Силк Роуд Банка
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, Служба за мрежа на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома;
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење ;
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Одлично познавање на англиски јазик – Добро познавање на локалниот пазар;
- Добро познавање на банкарските производи;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Можност за самостојна работа;
- Флексибилност;
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.
Дел од работните задачи на банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури се следните:
- Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење;
- Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;
- Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
- Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
- Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото;
- Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања;
- Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата;
- Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи;
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во Скопје во Служба за мрежа на експозитури”, најдоцна до 28.11.2024 година.
Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот. Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [email protected]
Вработување
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Експозитура Битола.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Раководител на
Експозитура Битола
Улога во тимот:
- Обезбедување континуирано оперативно функционирање на експозитурата;
- Раководење со процесите на благајничко и картично работење, платен промет, кредитирање, девизно работење, лично банкарство;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Управување со динамични процеси за обезбедување насоченост кон клиентите;
- Континуирано унапредување на процесите, учество во креирање и следење на деловната стратегија на Банката;
- Организирање и следење на работата, мотивирање и професионален развој на вработените;
- Одржување на тимска синергија и високо ниво на комуникација со колегите и раководството на Банката;
- Познавањето на работењето и работните процеси во Банката, како и изразените комерцијални предиспозиции ќе бидат твојата предност која се надеваме дека ќе можеш да ја искористиш на наведеното работно место.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на менаџерска позиција за работа со клиенти;
- Развиени лидерски, менаџерски и продажни вештини;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до 25.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Раководител на Експозитура Битола.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година