Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Со цел проширување на својот тим, Стопанска Банка АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција Дилер на финансиски пазари, Сектор за средства и ликвидност.

Работното место опфаќа:

  • Купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар;
  • Одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ
  • Тргување на пазарот на пари (депозити)
  • Тргување со хартии од вредност (Државни записи и обврзници)
  • Тргување со ефективни парични средства
  • Формирање на курсните листи за СБ
  • Подготвување на интерни и екстерни извештаи и организирање на база на податоци

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • ВСП – Економски факултет / Бизнис администрација
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во финансиска институција ќе се сметаат како предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office

Лични карактеристики:

  • Динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Кандидатите кои имаат претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседуваат ACI Dealing Certificate ќе се смета дека имаат предност при вработувањето.

Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со почеток од 08 часот до 9 часот и крај на работното време од 16 часот до 17 часот во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7, Скопје.

Висината на основната плата ќе се дефинира врз основа на работното искуство и исполнувањето на критериумите од страна на кандидатот.

Пополнете ја апликацијата на веб – страницата на Банката www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/ со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.7.2023 година.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Вработување

Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

 Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје

 Одговорности и задачи:

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката 
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство 
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Капитал Банка ја проширува својата мрежа

Објавено

на

Капитал Банка ја проширува својата мрежа!

Капитал Банка има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати за следните позиции:

  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Охрид
  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Свети Николе

За да се приклучите на тимoт на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт во Сектор за проценка

Продолжи со читање

Популарно