Вработување
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката.
Работна позиција: Стручен соработник за превод во Одделение за SWIFT комуникација, Сектор за платежни услуги и надворешнотрговски инструменти во Скопје.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност на продолжување на неопределено време.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 43.023 денари.
Огласот важи до 18.10.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Писмен превод и кореспонденција согласно потребите на организaционите единици во Банката;
- Устен превод за потребите на Банката при посети од странство и при превод на седници на тела на Банката и за други потреби на Банката;
- Проверка на превод на документи преведени од страна на други вработени во Банката, како и за други потреби на Банката.
Потребни квалификации и способности:
- Универзитетска диплома – дипломиран/а на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филолошкиот факултет во Скопје на:
– Катедра за преведување и толкување,
– Катедра за англиски јазик и книжевност, преведувачко-толкувачка насока;
- Одлично познавање на македонскиот литературен јазик, македонскиот правопис и граматика;
- Најмалку 2 години искуство со преведување и толкување, пишано и вербално, односно паралелно преведување на пишани документи, како и работа со симултан/консекутивен превод на состаноци, семинари, настани;
- За предност ќе се смета доколку кандидатот во досегашното работно искуство работел/а директно со странски државјани, странски компании и бил/a изложен/а на мултикултурни средини;
- Овластување за судски преведувач за англиски јазик;
- Познавање на релевантна стручна терминологија од областа на банкарството и финансиите;
- Познавање втор странски јазик ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office алатки и Windows работна околина;
- Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx , преку e-mail: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за превод“.
Телефон за контакт (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Вработување
Германија ги намалува квотите за работници од Македонија и Балканот

Германија донесе одлука да го намали бројот на дозволени годишни работни визи за граѓаните од Македонија и останатите балкански земји, од досегашните 50.000 на 25.000. Оваа одлука доаѓа во време на економска нестабилност, рецесија и нови политики насочени кон ограничување на имиграцијата.
Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена. Многу сектори, особено градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно. Дополнителен фактор што влијаеше на оваа одлука е значителниот број Украинци кои поради војната добија право на престој и работа во Германија.
Од 2016 година, балканските држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора – добија можност за легален влез на нискоквалификувани работници во Германија. Сепак, со најновите измени, оваа бројка е значително намалена, што предизвика реакции од германските работодавачи.
Бизнис заедницата во Германија веќе ја изрази својата загриженост дека ова ограничување може да доведе до недостиг на работна сила во сектори како градежништвото, угостителството и негата. И покрај намалените квоти, сè уште постои можност за индивидуално вработување, доколку работодавач од Германија обезбеди потврда дека нема пријавени домашни или ЕУ работници за одредена позиција. Со оваа потврда, македонските граѓани можат да поднесат барање за работна дозвола во германското конзуларно одделение.
Синдикатите и деловните здруженија предупредуваат дека работниците од Балканот биле значаен дел од германската економија и дека оваа мерка може да создаде проблеми во некои индустрии. Од друга страна, зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата.
Како ќе се одразат овие промени врз македонските работници и дали ќе се отворат нови можности во други европски земји, останува да се види во наредниот период.
Вработување
Оглас за вработување на банкарски службеник во Силк Роуд Банка АД Скопје

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ГЕВГЕЛИЈА во Служба за мрежа на експозитури.
Потребни квалификации:
- Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на банкарските производи
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, доверливост и чесност во извршување на работните задачи
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Дел од работните задачи:
- Врши готовинско и безготовинско работење;
- Врши менувачко работење;
- Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;
- Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
- Ги советува клиентите за користење на конкретни производи на банката;
- Ги промовира производите и услугите на банката;
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи.

Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected], со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Гевгелија”, најдоцна до 18.03.2025 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Вработување
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование, по можност универзитетска диплома во банкарство/финансии или други сродни области;
- Најмалку 1 (една) година работно искуство ќе се цени како предност;
- Одлично познавање на MS Office;
- Добро познавање на англискиот јазик;
- Добри организациски вештини;
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Добри преговарачки вештини;
- Иницијативност;
- Флексибилност;
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.
Дел од работните задачи:
- Постапува по кредитните апликации и останатите барања што ги доставуваат клиентите, правни лица, ги оценува кредитните барања, подготвува; предлози до кредитната комисија и дава кредитни мислења / препораки;
- Учествува во спроведување на интерните процеси поврзни со управувањето со кредитниот ризик;
- Учествува во подготовката на редовните извештаи од својот делокруг на активности;
- Извршува задолженија зададени од одговорното лице во службата;
- Останати активности од доменот на управувањето со ризиците.

Бенефиции / Придобивки
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции;
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој;
- Динамична работна средина;
- Слободен ден за роденден.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици”, најдоцна до 17.03.2025 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 2 месеци
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 2 месеци
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје