Connect with us
no baners

Кариера

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот.

Твоите работни цели:

  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги;
  • Советување и подршка на клиентите при користење на услугите на Банката;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво.

Твој мотив да се придружиш на НЛБ тимот:

  • Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  • Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;
  • Mожност за практична работа на територијата на целата држава каде што Банката има експозитури.

Аплицирај со испраќање на CV на: [email protected], со назнака „Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 01.11.2023 година.

НЛБ Банка те очекува!

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.

Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.

Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Штип, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 10 јуни 2026 година.

Од кандидатите се очекува да работат на промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги, како и да обезбедуваат континуирана грижа за клиентите и да придонесуваат за унапредување на продажните процеси. Работните обврски вклучуваат и привлекување нови клиенти, спроведување платен промет, работа со картички и кредитирање.

За позицијата можат да конкурираат лица со завршено универзитетско образование, како и студенти на додипломски или постдипломски студии. Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во банкарскиот сектор.

Банката бара кандидати со развиени комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон работа со клиенти, организираност и способност за тимска работа. Потребно е и познавање на основни ИТ алатки и англиски јазик.

Како дел од понудата, НЛБ Банка истакнува можности за професионален развој и обуки, менторство од искусни банкарски експерти, конкурентна плата и дополнителни бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување и членство во трет пензиски фонд.

Во пакетот за вработените се вклучени и дополнителни слободни денови за различни пригоди, платено татковско отсуство, програми за наградување на успешноста и активности насочени кон подобрување на благосостојбата на вработените.

Продолжи со читање

Кариера

Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа

Објавено

на

Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.

Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.

Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.

Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.

Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.

Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange