Connect with us

Банки

БЕСПЛАТЕН Vibe on пакет за млади на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Младите се двигатели на општеството, креатори на општествената култура, лидери на утрешниот ден и економскиот мотор на денешницата. Шпаркасе Банка водена од нејзината корпоративна стратегија, силно се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет и финансиска стабилност.

Шпаркасе Банка како доверлив финансиски партнер креираше пакет за млади насловен како „Vibe on“ кој е целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години.

Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ и „Vibe on“ пакетот за млади, Шпаркасе банка ја потврдува заложбата за инвестирање во младите – на денешната младина и е потребна финансиска слобода и енергичен начин на живот за да ги постигнат своите цели. Оваа кампања е уште една потврда за младите кои знаат што сакаат и го трансформираат општеството на свој начин.

Бесплатниот „Vibe on“ пакет за млади е прилагоден да ги задоволи потребите на новите генерации и нивните уникатни аспирации. Пакетот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 25 години, вклучува бесплатно месечно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење на С-Банка мобилна апликација и сите услуги кои се достапни преку апликацијата, односно плаќање, користење на услугата Плати на пријател и Подели сметка, како и 2 бесплатни подигнувања на готовина на АТМ од било кој АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе Банка).

Со оваа кампања, Шпаркасе Банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Аплицирај уште денес за БЕСПЛАТЕН „Vibe on“ пакет, уживај во придобивките и движи во ритамот на твојата нова „Vibe on“ картичка.

За животен стил на свој начин.

#ШпаркасеБанка #ВерувајВоИднината

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange