Connect with us

Продукти

НЛБ haPPy, вистинска картичка за среќа – Загарантиран поврат на средства со секоја безготовинска трансакција

Објавено

на

Независно дали пазарувате од нужност или затоа што едноставно сте имале тежок ден, па ви е потребна „шопинг терапија“, НЛБ haPPy картичката е најдобрата опција за вашите потреби и единствената со која и кога пазарувате, заштедувате.

Сега можете да си го дозволите посакуваното парче од пролетната колекција во омилениот бутик, телефонот со супер камера, да ја обновите белата техника во домот, да го организирате долго планираниот ручек со пријателите, да ја изненадите саканата со романтичен викенд, да се почестите со мали задоволства во козметичкиот салон кои значат време само за вас без чувство на вина дека можеби непотребно го оптеретувате буџетот. Сега можете да се опуштите и да уживате во нештата што ве прават среќни. Сè што ви треба е НЛБ haPPy, кобрендираната револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност. Таа е вистинска картичка за среќа која може да се користи секојдневно, за подигнување на готовина и пазарувања.

НЛБ haPPy картичката на НЛБ Банка и Неп Лојалити е прва и единствена картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства (cashback) со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјата и странство. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место добивате поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности. Загарантиран cashback добивате и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.

Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј
продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е да ја имате кобрендираната НЛБ haPPy картичка во вашиот паричник.

Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.

Банки

Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.

Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.

Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со специјална понуда за 8 Март: до 8% дополнителен кешбек со НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка подготви специјална промотивна понуда по повод 8 Март, со која корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка ќе можат да добијат дополнителен кешбек при купување.

Во периодот од 6 до 8 март, клиентите кои ќе купуваат со НЛБ haPPy картичката во партнерската мрежа на haPPy ќе добијат дополнителен кешбек од 8 проценти за секоја трансакција, за износ на купување до 8.000 денари.

Од Банката информираат дека сите заинтересирани кои сè уште немаат НЛБ haPPy кредитна картичка можат едноставно да аплицираат директно од својот телефон преку мКлик мобилната апликација и да ја искористат промотивната викенд-акција.

НЛБ haPPy е кредитна картичка која им овозможува на корисниците поврат на средства (кешбек) при секое купување, со што секојдневните трансакции стануваат уште поисплатливи.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка со поволни услови за ЕКО ДРАЈВ кредит за набавка на возило

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди можност за финансирање на набавка на возило преку ЕКО ДРАЈВ кредит, наменет за сите кои сакаат поголема слобода во патувањата и нови дестинации со семејството или пријателите.

Со овој кредитен производ клиентите можат да обезбедат средства за купување возило со поволна фиксна каматна стапка и флексибилни услови за отплата. Каматната стапка изнесува 4,5 проценти фиксно, а рокот на отплата може да достигне до 84 месеци. Максималниот износ на кредитот е до 50.000 евра.

Од банката посочуваат дека ЕКО ДРАЈВ кредитот е наменет за сите кои сакаат своите патувања да ги претворат во нови искуства и спомени.

Повеќе информации граѓаните можат да добијат во најблиската експозитура на Капитал Банка или на телефонскиот број 02/3102-500. Информации се достапни и на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange