Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

Објавено

на

НЛБ Групацијата ги објави трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, кој четврта година по ред се спроведува на сите пазари каде е присутна Групацијата. За проектите одлучуваше интернационално жири составено од експерти со богато искуство во областа на претприемништвото и одржливоста, пришто беа избрани оние проекти за кои жирито сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци. За поддршка на најдобрите идеи, НЛБ Групацијата обезбеди вкупен фонд од 100.000 евра.

Регионален победник во проектот „Рамка за помош“ за оваа година е Krožnik app – иновативно софтверско решение кое помага да се намалат ефектите од два големи проблеми во општеството: гладта и фрлањето на храна. Станува збор за апликација која ги поврзува корисниците со рестораните, кафетериите, пекарите и останатите локали на кои им останува вишок храна на крајот од денот. Апликацијата покажува листа на расположливи состојки и оброци од компании близу корисникот, по намалени цени, групирани во посебни пакети. Корисниците можат да ги истражат овие листи и да одберат продуктна група базирана на нивните преференци. Победничката идеја доби парична награда од 50.000 евра.

Второто место ѝ припадна на српската компанија Inclusio, која разви апликација што им помага на луѓето со разни инвалидитети и доби финансиска поддршка од 30.000 евра. Апликацијата има две компоненти, едната за лицата со попреченост, а другата за вработени кај даватели на услуги, на пример банки, супермаркети и сл. Откако лицето со попреченост ќе влезе во просториите, апликацијата го известува давателот на услугата, а нивниот персонал веќе знае каков вид на помош е потребна.

Решението Zuno Gomes на црногорската компанијa Alicorn, апликација за гејмификација на наставниот метод во образовниот процес, го освои третото место и доби парична награда од 20.000 евра.

Изборот на проекти за оваа година беше спроведен преку отворен конкурс од 29 јануари до 10 март, на кој организации од регионот имаа можност да пријават сопствен проект насочен кон решавање на социјално-општествените проблеми во заедницата и поттикнување на одржливоста. На конкурсот се пријавија 272 организации од сите земји каде е присутна НЛБ Групацијата, а само во Македонија пристигнаа 70 апликации, од кои локална комисија ги одбра најдобрите 10 одржливи идеи во земјава.

Десетте финалисти НЛБ Банка Скопје ги наградува со парична поддршка во износ од 60.000 денари и бесплатната Visa картичка, а истите добија и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на Банката и медиумските партнери на проектот. Овие 10 решенија беа и дел од 60-те регионални финалисти кои влегоа во завршната селекција.

Инаку годинава, учеството во проектот „Рамка за помош“ беше отворено за компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност, кои даваат можности за одржливи идеи и проекти со социјална нота, без разлика на индустријата. 

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Популарно

no baners