Банки
Комерцијална банка: Внимавај на обиди за злоупотреба на картички со СМС и e-mail пораки од лажна веб страница

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања, зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС и e-mail пораки со цел злоупотреба на финансиски податоци.
Заштити ги твоите платежни картички од можна злоупотреба и не кликај на линк добиен преку СМС или e-mail порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. Со цел да се заштитиш од злоупотреба, воопшто не споделувај податоци од картичката на сомнителни страни.
Комерцијална банка обезбедува сигурни плаќања со безбедносниот процес 3DES, што го имаат сите Mastercard и Visa картички на банката.
Како да извршиш безбедно онлајн купување?
Провери дали називот на трговецот и износот во СМС пораката се совпаѓаат со називот содржан во адресата на страната каде се врши плаќањето (URL),
Ако податоците се идентични, внеси го кодот во прозорецот што се отвора на интернет-страницата и го содржи истото име на трговец како она во СМС пораката,
Кликни Испрати и почекај потврда за (не)успешно реализирана трансакција,
Доколку се сомневаш во можна злоупотреба на твојата картичка, веднаш треба да ја блокираш или да ги намалиш лимитите за нејзино користење преку м-Банка, Интернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.
Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx
Банки
НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза.
Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.
Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.
Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.
Банки
Информација за одложување на 54. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка ја информира јавноста дека се одложува 54. сесија на Клубот на истражувачите којашто требаше да се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.
За дополнителни информации и за новиот термин на одржувањето на сесијата на Клубот, јавноста ќе биде дополнително известена.
Банки
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност

Пензионирањето значи повеќе време за себе, за најблиските и за сето она што отсекогаш сте сакале да го правите. Без грижи за рокови и обврски, ова е периодот кога треба да уживате – во утринското кафе, прошетките, семејните собири и малите работи што носат радост. За да биде сè уште полесно, важно е и финансиските предизвици да бидат едноставни и без непотребни компликации.
Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата
на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да
располагате со вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која
можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и
бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши
трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за
секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без
провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства.

Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја
префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да
ги искористат овие поволности.
Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и
практични поволности, Пакетот за Пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.
ПР објава
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 2 месеци
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 2 месеци
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје