Банки
Членовите на Надзорниот одбор на УНИБанка ќе земаат месечен паушал од 520 евра?
Собранието на акционери на УНИБанка АД Скопје на следната седница која ќе се одржи на ден 16.01.2024 година на дневен ред ќе ја разгледува предлог Одлуката за изменување на Одлуката со бр. 02/31-8-1 од 28.04.2017 година за определување на месечниот надоместок кој им следува на членовите на Надзорниот одбор.
Со Одлуката која е важечка, а донесена на 28.04.2017 година на членовите на Надзорниот одбор на УНИБанка им се определува месечен надоместок во износ од 400 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на денот на плаќањето.
Во образложението кон предлог Одлуката се вели дека поради обврските и одговорностите на членовите на Надзорниот одбор, се предлага корекција на износот од 400 евра, на 520 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на денот на плаќањето.
Иницијатор на барањето за зголемување на месечниот надоместок на членовите на Надзорниот одбор е акционерот Цеко Минев, кој поседува над 5% од вкупниот број на акции со право на глас.
Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје го сочинуваат:
- Светозар Попов – Претседател (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
- Ралица Богоева – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
- Јанко Караколев – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
- Константин Арнаудов – Член (Прва Инвестициона Банка, Софија, Бугарија),
- Николај Драгомирецки – Член (Екобултекс АД Софија),
- Дејан Кнезовиќ – Член (Адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници, Скопје).
Официјалната објава можете да ја погледнете на веб страницата на Македонска берза, достапна на линк.
Банки
Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.
Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.
Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.
Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.
Банки
Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите
Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.
Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.
Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.
Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.
Банки
Златници од Комерцијална банка за паметна и сигурна инвестиција и подарок што станува наследство
Подарокот златник носи многу повеќе од материјална вредност – тој претставува симбол на грижа, стабилност и долгорочна инвестиција. Токму со оваа идеја, Комерцијална банка во својата понуда ги вклучи јубилејните златници, наменети како внимателно избран подарок за најблиските, но и како сигурно вложување во иднината.
Во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, златото традиционално останува еден од најстабилните облици на заштита на вредноста. Јубилејните златници нудат можност за промислено вложување, комбинирајќи финансиска сигурност, емоционална вредност и долгорочна стабилност.
Без разлика дали станува збор за инвестициска одлука, подарок за значаен животен настан или создавање наследство за идните генерации, златниците претставуваат избор што носи трајна вредност и јасна порака за одговорно планирање.
Јубилејните златници може да се купат во експозитурата во Централата на Комерцијална банка, додека целосната понуда и дополнителните информации се достапни на официјалната веб-страница на Банката.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања



