Connect with us

Банки

Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!

Објавено

на

Комерцијална банка слави 30 години од првата издадена Mastercard картичка од банката со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро!

Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае до 15 јануари 2026 година.

„Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard од Комерцијална банка, извршена со картичка, телефон или смарт часовник и стани потенцијален добитник на вредни награди.

Покрај главната, Комерцијална банка доделува и:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB,
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце,
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7,
  • 100 подарок-картички во вредност од 3.000 ден. – 50 за Skopje City Mall и 50 за East Gate Mall.

Колку повеќе плаќања – толку повеќе шанси за награда. Со секоја трансакција со Mastercard од Комерцијална банка добиваш шанса за добивка (еден код). А, за корисниците на Zipp пакетот за млади, шансата за добивка е двојна! Со секоја извршена трансакција со Zipp Mastercard картичката добиваат две шанси, а тоа се два кода.

Добитниците ќе бидат извлечени на 22.01.2026 година.

Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк 

Среќно!

Банки

Халкбанк со пакет за поддршка на жените претприемачки

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди посебен пакет наменет за жени претприемачки, со поволности кои треба да им овозможат полесно започнување и развој на сопствен бизнис.

Во рамки на пакетот е предвидена можност за бизнис кредит до 500.000 евра, како и платежна сметка без трошоци за нејзино водење.

Корисничките на пакетот добиваат и електронско банкарство без надомест, како и дополнителни поволности наменети за поддршка на развојот на нивниот бизнис.

Од Халкбанк посочуваат дека целта на понудата е жените претприемачки да добијат поголема сигурност и повеќе можности за реализација на своите деловни идеи.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка го проширува Надзорниот одбор: Божиновска – Лазаревска именувана за независен член

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години.

Именувањето е донесено согласно одлуката на Собранието на акционери на Стопанска банка, по добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народната банка.

Со новото именување, Божиновска – Лазаревска ќе има улога во работата на Надзорниот одбор во својство на независен член, во согласност со регулаторната рамка и принципите на корпоративно управување во банкарскиот сектор.

Нејзиниот мандат е со времетраење од четири години.

Именувањето претставува дел од воспоставената структура на корпоративно управување на Стопанска банка, во која независните членови на Надзорниот одбор имаат значајна улога во обезбедувањето независен надзор и носењето одлуки во интерес на Банката и нејзините акционери.

Божиновска – Лазаревска е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при УКИМ. Со Катедрата, како и со вториот циклус студии на студиската програма сметководство и ревизија раководи од 2013 година.

Продолжи со читање

Банки

Хрисула Кутуди доби нов четиригодишен мандат на чело на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста преку соопштение на Македонската берза дека Хрисула Кутуди е реименувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка.

Кутуди ја извршува функцијата на чело на Стопанска банка од септември 2025 година, кога ја наследи функцијата од Диомидис Николетопулос, кој беше Генерален извршен директор од 2013 година.

Таа има над 30 години професионално искуство во банкарскиот сектор, најголемиот дел во рамките на НБГ Групацијата. Во досегашната кариера работела на развој на банкарски производи, дигитални услуги и канали, стратешки партнерства и концепти поврзани со вградено банкарство.

Пред доаѓањето во Стопанска банка, Кутуди беше помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, а има искуство и во корпоративно банкарство, кредитна анализа, наплата и проектно финансирање.

Нејзината работа е поврзана и со дигиталната трансформација и развојот на нови банкарски услуги, за што добила признанија за иновативност во 2022 и 2024 година.

Со новиот мандат, Хрисула Кутуди продолжува да ја предводи Стопанска банка АД – Скопје во наредните четири години.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange