Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, стабилност, ефикасност и иновативност, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Соработник за администрирање фондови
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 21.12.2025 година
Работни цели и задачи:
- Вреднување на имотот на инвестициски и пензиски фондови – клиенти на Банката;
- Следење на усогласеност со законската регулатива при чување на средствата на пензиски и инвестициски фонд, континуирано следење и контрола на структурата на вложувањата, почитување на лимитите за изложеност, оценување на квалитетот на инвестициите и мониторинг на процентуалната изложеност во секоја поединечна инвестиција;
- Порамнување на купопродажни трансакции со хартии од вредност на Македонската берза за хартии од вредност и во странство;
- Следење и известување за корпоративни активности за хартии од вредност купени на домашен и на странски пазар, како и континуирана комуникација со суб-чувар на имот;
- Креирање налози во денарски и во девизен платен промет;
- Следење и усогласување со регулативата која го третира пазарот на капитал.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Напредно познавање на Microsoft Excel;
- Способност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување;
- Најмалку 2 години работно искуство во финансиска институција ќе се смета за предност;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим;
- Способност за брзо одлучување.
Придобивки за вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, преку е-пошта [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Соработник за администрирање фондови”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 2 месеци
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка АД Скопје: Исплатата на пензиите почнува од 1 јуни
-
Колумнипред 2 месеци
Најважни менаџерски вештини во дигиталното деловно опкружување
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Тортевски: Само половина од овластените ревизори во Македонија работат во ревизија
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување



