Банки
НЛБ Банка со најмасовно учество на Виз Ер Скопскиот маратон меѓу финансиските институции

Викендов се одржа јубилејниот 20-ти Скопски Виз Ер маратон, на кој учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји кои ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица.
НЛБ Банка АД Скопје со рекордни 190 учесници го одбележаа јубилејниот 20-ти Скопски маратон и беа најмасовни меѓу финансиските институции. Банката е горда на својот тим кој не само што учествуваше во дисциплините – штефетна трка, полумаратон и тим билдинг трка на 5 километри, туку постигнаа одлични резултати.
На штафетната трка тимот на НЛБ Банка Штафета 1 го освои одличното петто место благодарение на Миланчо Гинов, Маја Ѓорѓевска, Радмила Јованова и Иван Јовановски, додека НЛБ Штафета 2 го освоија 18-то место благодарение Тамара Ѓорѓиева, Сандра Укајдари, Игор Кузевски и Владимир Дојчинов што е личен успех на НЛБ Банка бидејќи беа за 3 места побрзи од минатата година.
Покрај штафетните трки вработените во НЛБ Банка успеаа да освојат солиден пласман и на полумаратонот и трката на 5 километри.










Банки
КРИЗА ВО ГЕРМАНСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ – Дојче банк ќе отпушта две илјади вработени и ќе ја намалува мрежата на филијали!?

Германскиот банкарски гигант „Дојче банк“ планира да намали околу 2.000 работни места во текот на оваа година, во рамки на стратегијата за оптимизација на трошоците, пренесува „ДПА“.
Во согласност со долгорочниот тренд на реструктурирање, банката дополнително ќе ја намали својата мрежа на филијали. Овој потег е дел од тековните процеси на прилагодување кон новите пазарни услови и зголемениот фокус на дигиталните финансиски услуги.
Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Севинг, на конференцијата организирана од „Морган Стенли“ истакна дека во наредниот период ќе се реализира значителен број затворања на филијали. Тој нагласи дека трошоците поврзани со овие мерки се веќе пресметани во тековните финансиски планови на банката.
Портпаролот на „Дојче банк“ потврди дека процесот на затворање на филијали е дел од претходно најавените мерки за оптимизација, додавајќи дека банката не воведува нова програма за намалување на трошоците.
Во согласност со новата деловна стратегија, „Дојче банк“ го префрла фокусот кон дигиталното банкарство, при што се планира значително зголемување на видео и телефонските консултации за приватни клиенти, се вели во извештајот на „ДПА“.
Банки
ХАЛКБАНК УШТЕ ЕДНАШ НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА – донираше 50.000 евра како поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Со длабоко сочувство и емпатија, Халкбанк АД Скопје стои во поддршка на сите погодени од трагедијата во Кочани. Во знак на солидарност, Банката донираше 50.000 евра на наменскиот фонд на Црвениот крст на Македонија, со цел да им помогне на семејствата на загинатите и повредените.
„Со голема тага ја примивме веста за оваа трагедија и изразуваме најискрено сочувство до семејствата настраданите. Нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување и сила за надминување на овие тешки моменти“, велат од Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје и понатаму ќе остане посветена на поддршката на заедницата, особено во моменти кога е најпотребна.
Банки
НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза.
Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.
Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.
Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 2 месеци
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 2 месеци
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје