Банки
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
Насочени кон долгорочната визија за успешен раст и развој, Хакбанк АД Скопје донесе одлука за промена во својот менаџерски тим, со која ќе се овозможи континуитет на досегашното успешно работење на банката. Имено, од моментот на доаѓањето на македонскиот пазар, преку посветеноста, стабилниот раст, пазарната ориентираност и поддршката од матичната банка, Халкбанк успеа да стане дел од големата банкарска петорка и една од системски значајните банки во државата. А денес, Банката располага со актива од речиси 1,4 милијарди евра.
Согласно донесената одлука од Надзорниот Одбор на Банката, досегашните членови на управниот одбор, г-дин Турхан Адеми, г-ѓа Букет Геречџи и г-дин Томче Тасевски, ќе бидат наследени од нивните помлади колеги кои преку стекнатите искуства и ескпертиза, својата енергија ќе ја насочат во лидерските позиции на банката.
Со предложените нови членови на Управниот Одбор од редовите на вработените – г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухамед Хаџипази, се создава можност за кадровско поместување во раководните структури, за кариерно напредување и за развој на персоналот во компанијата –пракса за која Халкбанк постојано се залага.
Новите членови на УО се очекува да продолжат со успешната работа како и нивните претходници, што ќе овозможи натамошен раст и остварување на заедничката визија. За таа цел, Банката ја започнува редовната постапка за нивно лиценцирање од страна на Народната банка, согласно Законот за банките.
Халкбанк АД Скопје искажува огромна благодарност до г-дин Турхан Адеми, г-ѓа Букет Геречџи и г-дин Томче Тасевски за дадениот, исклучителен придонес во креирање на успехот на Банката.
Банки
УНИБанка со промотивни каматни стапки за штедење во евра
УНИБанка нуди промотивни каматни стапки за депозитниот производ „Депозит Фикс“ и штедење во евра, со пократки рочности од 3, 6 и 12 месеци.
Од банката информираат дека понудата е насочена кон клиенти кои бараат флексибилни и сигурни начини за штедење, со можност средствата да растат и на краток рок.
Новите услови овозможуваат избор на рочност според индивидуалните потреби, атрактивни каматни стапки и сигурност при штедењето во евра.
Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето штедење, без разлика дали станува збор за краткорочни планови или за постепено зголемување на средствата.
Банки
Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании
Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.
Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.
Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.
Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.
Банки
Цената на златото расте, но притисокот сè уште е присутен
Цената на златото забележа раст во текот на последното тргување, поддржана од задржувањето над нивото на поддршка од 54.700, кое беше очекувана цел во претходните анализи. Ова овозможи позитивен импулс и делумно закрепнување од претходните загуби, во услови кога индикаторите за релативна сила покажуваат подобрување по излегувањето од зоната на препродаденост.
Сепак, и покрај ова закрепнување, притисокот за пад останува. Цената го проби краткорочниот растечки корективен тренд, а воедно се движи и под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што го ограничува потенцијалот за посилен раст во блиска иднина.
Еврото со мешани сигнали во однос на доларот
Валутниот пар EUR/USD покажува нестабилност во последното тргување, со поддршка околу нивото од 1,1730. Ова ниво обезбеди одреден позитивен импулс, при што индикаторите за релативна сила сигнализираат почеток на нагорен пресек по излегувањето од зоната на препродаденост.
И покрај тоа, краткорочниот притисок за пад останува поради доминацијата на корективен надолен бран, а цената продолжува да се движи под EMA50. Сепак, ова не го поништува поширокиот нагорен тренд, бидејќи движењето и понатаму се одвива по поддржувачка тренд-линија, оставајќи можност за нов раст во наредниот период.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно


