Банки
Уникатната филијала на Стопанска банка во Охрид доби награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21
Филијалата на Стопанска банка АД-Скопје во Охрид, вклопена во автентичниот амбиент на старата охридска архитектура, доби награда за најдобар ентериер на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС 20-21).
Наградата му беше доделена на архитектонското студио БМА, кое го реализираше внатрешното уредување на филијалата, на затворањето на БИМАС 20-21 што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје. Уникатната филијала на Стопанска банка е лоцирана во најубавиот дел на градот Охрид, во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на банката и силното присуство во градот и регионот.
„Горди сме што стручната јавност ги препознава нашите заложби на клиентите да им го понудиме најдоброто во секој сегмент од работењето. Изразуваме голема благодарност до архитектонскиот тим и колегите од Секторот за административна поддршка вклучени во развојот на проектот. Оваа филијала е бисер во нашата голема мрежа филијали и пример за симбиоза помеѓу традиционалното и модерното” – истакнаа од Стопанска банка.
Банки
Посета на гувернерката Ангеловска-Бежоска на Банката на Грција за зајакнување на регионалната соработка
Делегација на Народната банка, во состав од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и генералната директорка на Секторот за супервизија, Викторија Глигорова, е во работна посета на Банката на Грција, во рамките на заложбите за унапредување на регионалната соработка со централните банки и утврдување на заедничките економски и финансиски приоритети. За време на посетата, гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари средба со својот колега, Јанис Стурнарас, гувернер на централната банка на Грција, а делегацијата се сретна и со заменик-гувернерката, Кристина Папаконстантину и генералниот директор за супервизија и решавање банки, Јоанис Цикрипис.
За време на средбата беа разработени повеќе теми од заеднички интерес на двете централни банки. Притоа акцентот беше ставен на одржувањето на финансиската стабилност како предуслов за економски раст. Беше заклучено дека во услови на неизвесност во светски рамки, од големо значење е да се гради отпорноста на банкарските системи, вклучително и преку обезбедување заштитни слоеви на капиталот. Исто така, беа разгледани теми поврзани со модернизацијата на финансиските системи и дигитализацијата.
На средбата беше нагласена заложбата на двете централни банки за продлабочување на соработката преку иницијативи за размена на знаења и искуства и зајакнување на билатералните односи.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска го истакна значењето на регионалната соработка за утврдување на сложените предизвици: „Во денешната, интегрирана светска економија, соработката помеѓу централните банки е од суштинско значење за обезбедување нa финансиската стабилност, поттикнување одржлив раст и регионален напредок. Со продлабочувањето на соработката со Банката на Грција можеме заеднички да делуваме во корист на финансиската стабилност и економскиот развој на нашите земји и регионот“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Гувернерот Јанис Стурнарас ги прими на работна средба гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и генералната директорка на Секторот за супервизија, Викторија Глигорова. „Разговаравме за макроекономските и финансиските случувања во нашите земји, како и за начините за подобрување на соработката во однос на банкарскиот сектор и за заштита на финансиската стабилност во регионот“, рече Јанис Стурнарас.
Оваа работна посета е уште еден доказ за посветеноста на Народната банка на градењето регионални партнерства, придонесувајќи кон стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.
Банки
ТТК Банка: Известување за исплата на пензиите од 2 декември 2024
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти-пензионери дека започна со исплата на пензијата за месец ноември од денеска, 2 декември 2024 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка можат да располагаат со пензијата од денес – 02.12.2024 година и можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 02.12.2024 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Банки
Кампања за млади од Шпаркасе Банка – Те честиме за твојата прва плата со БОНУС од 6.000 денари
Шпаркасе Банка продолжува да нуди иновативни решенија за младите! Со новата кампања „Те честиме за прва плата“, сите млади на возраст од 18 до 25 години што ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка, ќе добијат еднократен бонус од 6.000 денари на својата Vibe On сметка.
Квалификувани за учество во кампањата се сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои ќе ги исполнат следните услови:
- Ќе отворат сметка во Шпаркасе Банка и ќе активираат Vibe On пакет за млади со Visa дебитна картичка;
- Ќе примат две последователни плати на Vibe On сметката, а бонусот од 6.000 денари ќе им биде исплатен на нивната сметка по примањето на втората плата.
„Продуктот „Те честиме за прва плата“ е создаден со цел да обезбеди поддршка за младите што го започнуваат својот професионален пат, нудејќи им финансиска помош и пристап до уникатните придобивки на Vibe On пакетот. Со платформата Vibe On, Шпаркасе Банка е посветена на обезбедување најдобри банкарски решенија за младите, сметајќи ги за свои најголеми партнери. Преку иновации и посветеност, Шпаркасе Банка работи заедно со младите во креирањето стабилни финансиски основи, кои ќе им овозможат успех во иднината и ќе ја зајакнат нивната финансиска благосостојба“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Кампањата „Те честиме за прва плата“ трае сè до 30.6.2025 година или до искористување на средствата предвидени за исплата.
Отворете ја вашата Vibe On сметка денес и префрлете ја платата во Шпаркасе Банка за да уживате во многубројните поволности. Побрзајте и искористете го периодот на кампањата за да бидете дел од банка што верува во младите и во нивниот потенцијал.
За повеќе информации, посетете ја најблиската подружница на Шпаркасе Банка или веб- страницата www.sparkasse.mk.
- Банкипред 2 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 1 месец
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година